Од денешната епизода Македонци на интернет издвојуваме: Фамозна наградна игра на Лидл со благословувања
Гледам Лидл нешто споделуваат сите, си викам што им е на луѓето, да не случајно отвориле маркет па никој не чул, што ми беше крајно чудно со оглед на фактот дека масовно се оди до Лидл во Врање, да се отвореше би требало вест на денот да биде, слава за секоја македонска куќа. А и 2-ри јануари недела ми е неразумен датум за отварање на Лидл, па си реков ајде да видиме што е ова.

Си викам ова нема логика некој да поверува.
1. Странава Лидл фанс, сигурно нема фанови на Лидл да даваат подароци
2. Од кој Лидл ќе се дава подароци кога Лидл не е отворен
3. НАПРАВЕТЕ ГО ТОА СО САМОДОВЕРБА? Да пишеме месец на раѓање со самодоверба?
4. Кои лојални клиенти кога Лидл не постоел никогаш во Македонија
5. На кесата пишува lid.ch, сиурно нема Лидл од Швајцарија да дава подароци на Македончето
Цел облеан во прашалници отварам коментарите и очекувам сите да ги ругаат, нејаснотии да имаат луѓето. Ама никогаш не сум бил повеќе во заблуда. Коментарите се подобри од самата објава:
Дотичните Лидл фанс очигледно се и верници. Виделе Македонче си почнало да коментира месеци па ајде ако може и некој лајк и споделување да се добие на истата фора. Плус фановите родени во месец 'марс'.

Нормално да не се пропушти шансата да се искаже незадоволството од Таче, Зоки и компанија, нема пред Лидл фанс да се устручаваме.

И секако има и такви што мислат ако пишат и датум и година заедно со бараниот месец ќе имаат повеќе шанси во фејк наградната игра пред конкурентите.

Останатите коментари се 97% месеци коментирани. Веројатно би имало ист број коментари ако Лидл фанс побараа адреса на живеење наместо месец на раѓање. И смешно и тажно во исто време, сите оние статистики во кои не вбројуваат меѓу народите со најниско IQ ми изгледа дека биле точни

Последно уредено: