Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Од денешната епизода Македонци на интернет издвојуваме: Фамозна наградна игра на Лидл со благословувања

Гледам Лидл нешто споделуваат сите, си викам што им е на луѓето, да не случајно отвориле маркет па никој не чул, што ми беше крајно чудно со оглед на фактот дека масовно се оди до Лидл во Врање, да се отвореше би требало вест на денот да биде, слава за секоја македонска куќа. А и 2-ри јануари недела ми е неразумен датум за отварање на Лидл, па си реков ајде да видиме што е ова.

1672665646404.png
1672665684029.png


Си викам ова нема логика некој да поверува.
1. Странава Лидл фанс, сигурно нема фанови на Лидл да даваат подароци
2. Од кој Лидл ќе се дава подароци кога Лидл не е отворен
3. НАПРАВЕТЕ ГО ТОА СО САМОДОВЕРБА? Да пишеме месец на раѓање со самодоверба?
4. Кои лојални клиенти кога Лидл не постоел никогаш во Македонија
5. На кесата пишува lid.ch, сиурно нема Лидл од Швајцарија да дава подароци на Македончето

Цел облеан во прашалници отварам коментарите и очекувам сите да ги ругаат, нејаснотии да имаат луѓето. Ама никогаш не сум бил повеќе во заблуда. Коментарите се подобри од самата објава:

Дотичните Лидл фанс очигледно се и верници. Виделе Македонче си почнало да коментира месеци па ајде ако може и некој лајк и споделување да се добие на истата фора. Плус фановите родени во месец 'марс'.

1672665994111.png

Нормално да не се пропушти шансата да се искаже незадоволството од Таче, Зоки и компанија, нема пред Лидл фанс да се устручаваме.

1672666236568.png

И секако има и такви што мислат ако пишат и датум и година заедно со бараниот месец ќе имаат повеќе шанси во фејк наградната игра пред конкурентите.

1672666335445.png


Останатите коментари се 97% месеци коментирани. Веројатно би имало ист број коментари ако Лидл фанс побараа адреса на живеење наместо месец на раѓање. И смешно и тажно во исто време, сите оние статистики во кои не вбројуваат меѓу народите со најниско IQ ми изгледа дека биле точни :(
 
Последно уредено:
ДК,

новата 2023 ја почнав со отказ од работа.
2022 ја посветив на работата,го достигнав тоа што сакав да го достигнам,ама за малце ќе го изгубив семејството.
2023 ќе и ја посветам на сопругата,ќе бидам до нејзе,секогаш кога кога ќе и требам.Никогаш веќе нема да ја оставам сама,обеќам.За никаква работа за никакви пари,јер она ми е најскапа ствар во животов.
Нема да ја лутам,обеќам!
Нема да пушам и да пијам!
Нема да флертувам со други!
Нема да и ги тепам колегите од работа.


2023 ќе биде година на Јулија,ќе ја направам најсреќна жена у свет.
 
Кајг,
можеби мажот ќе ја направи својата сакана најсреќна жена на свет, ама себе си како најнесреќниот човек, зошто ќе се лиши од сето тоа што му се допаѓа и што е нормално за секој маж, тогаш која е смислата на таков живот?

dagk7jq-dd87e4ce-53c3-4cee-a1b8-fe65b4835949.gif

... затоа однапред ветување како исповест не е корисна, оти напротив ќе биде спротивно од што ветуваме, Марфиев закон сеуште е на сила и ќе биде полошо, затоа све што е нормално треба да биде присутно со почит не само кон спротивниот пол туку и кон самиот себе, едноставно треба да се почитуваат тие црвени линии до каде може да се иде и све ќе биде добро и сите ќе бидат среќни во Новата 2023 година!
 
scv20230102_235410.jpeg

Кајг,
морам да ја спомнам неправилната Новогодишна честитка среде плоштадот на наша метропола, да на 31ви се напише ,,Среќен Божиќ", а тој по стариот Јулијански календар е дури на 7 ми Јануари, нема смисла!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom