Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драгаа..
1.Го гледав фрлањето на крстот на сител и констатирав само еден обичен перформанс,дел од театарска претстава,жонглерска точка од циркус...без вера без ништо...
2.Близу е денот кога ќе го парчосам мобилниот од некој sид и конечно да имам каков таков мир...
 
ДК

На ниво на град Скопје се наплаќале само кај 50% од физички лица и 35% правни лица.
 
ДК

Малку доцнам ама за нова година сакам сите онлајн продавници да престанат да продаваат нискоквалитетни mp3-ки и да се префрлам на било кој hifi формат. (FLAC или еквивалентно)
 
Вчера бев на слава во Србија и вечерта си се враќам во Македонија. Една гуска на Табановце, на пасошка ми вели вие сте господине на сликава? :lolzz:
Па јас сум, кој да биде и велам. Пасош од 2015та, да сум се изменил од тогаш, таму сликан со долга коса, сега кратка, години си прошле, тоа е тоа.
Ми бара гуската возачка за да се увери дека сум јас. :lolzz:

И велам дај да не должиме, имате на компјутер биометрија на лице, тоа не се мења па макар и 80 години сум наполнил. Имате скенер на отисок, дај скенерот ако не знаеш да користиш во софтверот биометрија за скенирање на лице преку предна камера. Тоа е кога неписмена ставиле да работи на ГП.

А приметив траката дека споро тече иако немаше гужва, јасно беше дека тупи нешто госпожата и со луѓето пред мене.
Кога и реков фингерпринт да ми даде, вика аааа не ми е исправен. Возачка. Ајде еве ти возачка таму од ноември сум сликан, ја искуца во компјутер и ми се извинува. И викам тој ли сум? Да господине извинете.
Ееее што ти работи во оваа наша вукојебина. Абре колку ли граници сум поминал со тој истиот пасош и сеуште ќе поминувам, но во нормални држави знаат да го користат, и го користат софтверот што го имаат, и нормално никаде нема проблем, но во нашава вукојебина ете и ова го има.
 
А дека постои човек низ земјава што може да каже "Се мававме со кајши на Кале со вицепремиерот на државава"? Колку е откачено и у исто време болно што ова е факт.
 
Кога сме веќе кај песните...


Едно друго време, кога Бог шеташе по Земјата. Време на ропаци рапери, сељаци со ролки, и голи женски стомачиња. Ме фаќа носталгија, и би го мењал ова што е сега за тоа што било, без разлика.
 
Драга,

Ти ги разлистав последниве 15 страници од темава.
Куп членови си имаат свој белег во постовите, можеш да ги познаеш и да не знаеш кои им се никовите, тоа е она што ми се допаѓа уствари овде, виртуелни ликови кои со текот на годините донекаде си ги познаваш. И нормално ги има оние безличните ко да читаш факинг буквар, ко текст препишан од википедија се, со точни дефиниции без мрдање од место. Такво е чувството кога ги читаш, што мене ме задремува.

Првиве 20 дена од годинава ко последните 20 од претходната.
Скроз сум исклучена и незаинтересирана. Се надевам дека е минлив период, или не знам што треба да правам за да се вратам на рутината. Дотолку си ги одложувам работите, што сношти го гледав Mean girls по којзнае кој пат. Иако лесен филм, би рекла доста реален за женскиот пол.
Уствари, таквото понашање меѓу девојките и жените не завршува во средно школо, трае цел ебан живот. Ваљда тоа е причината зашто цел живот сум се разбирала и ми биле поинтересни машки за муабет, почнувајќи од фамилијарни членови, другари, пријатели, колеги, итн, далеку попрактични и полесни за комуникација. Со женски, никогаш не си сигурен што смееш да кажуваш, зашто тоа ќе биде преувеличено и/или погрешно сфатено. Па љубомора, манипулација, оговарања, некои чудни динамики, хистерија, муабет за небитни теми. Затоа и уште не ми се јасни лезбејките да бидам искрена. :D

Нејќам некогаш муабетов да ми се врати ко бумеранг и да мора да работам во опкружување само со жени, сигурно има полоши работи, но сега не ми текнуваат.
 
Јордан се вика, затоа и падна притвор. Да се викаше Јетула немаше ни да преспие во станица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom