Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера последна година и пол на форумов, успеав да се скарам со некого тука. Ни помалце ни повеќе, со тип на луѓе кои сум ги гледал на public freakout/retarded people на редит и сум мислел види какви карактери постојат и која му е целта во општествово. Антизаконари еј, АНТИЗАКОНАРИ, не почитувале закони, кои го држат ебаново општество во мир. Обично сите сме имале такви некои идеи за анархија, општество на еднорози и розеви прдежи, али со полнење на 15 години созреваме и повеќе не размислуваме така. Сепак, не ми е толку чудно на непочитување на нешта, сепак во Мкд живеам, али сепак овие доктрини се многу кревки за послушно, културно дете од скандинавија, ќе треба максимално да го изолираат родителите од секакви изроди на нет.
 
Кој ја излажа Дена да стави фотка, женско дело е ова.
И не е само преку стомак едини пат, сакаме и галење и мазење, тотално искрено и непретпазливо со паднати маски и круни:D
 
Пред 2 години најновиот модел Mercedes C class со основна опрема беше нов околу 40 000 евра. Денес новиот модел на Mercedes C class со исто ниво опрема нов 60 000 евра. :eek:

Dafuq
 
Драга,

ми се прави една голема генералка. Таква што почнува од 7 наутро и завршува во 7 навечер. Таква, кога ги вадиш од долапчињата сите шолчиња, чаши и чинии па дури и кристалниот сервис што останал како подарок на твоите кога се вереле, да ги измиеш - да светнат! Не бидејќи некој ќе ги користи - оти нели, се чуваат за гости, туку онака, за кеиф. Сакам таква генералка, кога ги тргаш сите комоди, кревети, фотелји и шкафови и го бришеш грстот прашина што се собрал целана измината глупа година.

Добро ајде, не беше толку глупа..

Ми се прави таква генералка, скришум да ги исфрлам сите пластични кутии што ги чува мајка ми - оти нели, некогаш ќе затребаат, и да не ѝ кажам туку да чекам сама да дознае. После ќе се лути, ама со тек на време ќе увиди дека стварно 365 дена нема ни помислено на тие багабонти кои бесцелно го трошат местото во долапчињата на сите кујни. Но нема и во мојата!

Ми се прави генералка, таква кога ги вадиш сите алишта од плакарот. Оние кои не ги носам да ги дадам во Црвен Крст, да се најдат. А оние што ги носам уредно да си ги здиплам, потсвесно знаејќи дека таа уредност ќе трае - ако ми се посреќи - две, три недели.

Сега ми треба една таква генералка, кога се отепуваш од чистење толку многу да заборавиш на гладот, толку многу, да мислиш дека е само 15:00 часот, а е многу повеќе. Толку многу, едноставно да не мислиш на ништо.
Толку ми се прави генералка, што можам дури да го осетам ленорот на свежо перените пердиња.

Драга, ова што ти го пишав може ти е глупо, ама нејсе. Нека остане, да си го читам и да му се смеам после три години. Или утре.
 
Еј човече,у темана Ѓоковиќ против Австралија испишале цели 136 страни за 10 дена а живеат у држава каде што неписмени рамковни седат дома и земаат плата
 
Почнав да го засакувам вторник, иако не ми бил нешто посебен ден никад....уствари увек вторник сум го мислел дека е понеделник :LOL:
Последниве неколку месеци плескаме фудбал у вторник, имам дадено по некое екстра голче у вторник што ме направило среќен. У вторник обично јадам леќа, тоа е исто добра ствар. Втор да бидеш и не е нешто посебна ствар, затоа може вторник ми бил таков нихилистички ден. Иначе вчера бев утепан, и не искористив шанса со една згодна цура и цело отсабајле само се драпам ама ај, денеска ќе играм фудбал а утре ќе ја викнам да пиеме вино.
 
Драга,
Не е понеделникот депресивен, само ние си ги мразиме работните места. Изминатиот две години секој понеделник ми беше подепресивен од претходниот, се до понеделникот на 6 декември кога ми истекоа договорите за работа на двете работни места. Од тогаш секој следен понеделник ми е поубав и поубав. Најпаметна одлука ми беше to take a supstantial pay cut, а да добијам многу повеќе време за себе, како слободно така и за личен развој. Неколку месеци се мислев заради лагодноста која ја даваат парите, ама на крајот на денот тие пари не вредат ако немаш време да ги трошиш. New year new me, за мене почна на 6 декември, па ги охрабрувам сите што имаат можност да го преземат тој чекор или да работат на креирање на таа можност. Да не звучам ко препотентен ceo на линкдин, се уште не ги сакам понеделниците, ниту пак сакам да идам на работа ама не се депресивни.

Edit: blue monday e top pesna, mi naprai prostor za muabet koga zenska mi (togas simpatija) ja pusti na edna zurka.
 
Новиот поредок е од Манчестер.
Ја навивам за Обединет Манчестер, а мрзу ги Манчестер Град.
А и Едноставно Црвен(онј певач сс црвену/браун вртену косу) е од Манчестер.
Бубачке су од Ливерпул.Њима ги мрзу повише.
А Тркалачки Камења од кој град су?
Или они су од Обеднети Америковеспучефски државе?

А кој е овј бре Филип Тефлон?
Улична бичкија.

Тефлон е најлизгачки материјал.
Мува да застане ке се лизне ке искрши главу или ке ву испадне.
Од туј е муабет мува без главу.
 
Последно уредено:
Значи ме мачи едно прашање.
За викенд бев дупла шкорпија левел пијан, се пиеше два дена, се славеа родендени, веридби и што уште не.
Помина таа еуфорија и денес отварам инстаграм да проверам дали има некој контрабанд материјал што не е за пред луѓе и случајно отворив четот и гледам сум пишал на една девојка што одамна и се токмам ама и немам пишано ете од не знам која причина.

Дупла Шкорпија: имаш убава мачка.
Девојката: фала и ти имаш убаво куче.

И на ова се сведува мојот фамозен шарм кога сум пијан.
Дали и колку сум ја заебал работава. :coffee:

п.с постов не е за љубовни проблеми и совети пошто не барам, само размислувам пишано. хехе<3
 
Знам дека не е денеска прочка, ама кога ќе те разбудат сабајле да ти кажат дека човекот со кој си прошол голем дел од твојот живот му подлегнал на ова срањево што не држи затворени 2 години. И уште кога си бил скаран со него 7 години ти текнува на сите пропуштени прочки. И не знам како да му кажам за да ме чуе „Знам дека не е прочка пријателе, ама прости ми и нека ти биде простено“.

Нека почива во мир.
 
Драга

На другаров добра музика проблем му е кога ке му ставаат лути рекации, на мене мистерија ми е зашто тетка топол поздрав ми има ставено во онаа темана за говење тажна реакција. Дали не сака да ги меша тестенините со некои состојки или можеби и не сака тестенини воопшто?! o_O
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom