Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК

Денес не ебам жива сила...ма ич такво не ми чуе...:roker:..денес отерав се у курац..и затоа...
- ќе пијам..:pijanco:
- ќе лумпувам...Ииииииииииииии..ќе гледам мажи како играат:shok2::свиркам::vrtioci::icon_lol:....денес е мој ден...
ајмо....:oleee:


:Кезец:
 
Драга да ти кажам доктор сум станат и то не само за коронава.
Еве читам една прашала во групите за здравје на фејсбук:
Што може да биде болка позади во грбот на средина во висина на градите. Бев на доктор ми рекоа ништо немаш.

Одма знаев дијагноза, сестро имаш големи цицки треба некој да ти ги придржува. Потоа и ја потврдив дијагнозата со посета на нејзиниот профил :D
 
Изборите поминаа, сега му е мајката за рестрикции и други мерки против ширење на вирусов. После више иде Курбан Бајрам и не оди да се рестриктираат луѓето. Нели?
 
Последно уредено:
Немам мислење, ама мислењето за мене го кажа Русјаков во колумнава.

Посебно со овие реченици.
  1. За мене, СДСМ и ДУИ се победници. Дури и резултатот да беше 46:44 за ВМРО-ДПМНЕ, пак за мене СДСМ ќе беа победници. Ова е нивна историска победа. Не затоа што првпат победуваат по 18 години, туку победуваат како партија што ги укина Македонија и македонскиот идентитет, ја збриша македонската историја, го поништи АСНОМ, нè сведе на вештачка творба од 1945 година, а наскоро ќе го збрише и македонскиот јазик. СДСМ ги укина Македонците, а тие, преименувани во три коси црти, им дадоа победа.
  2. Но овие избори јас ги доживувам и како ослободување. Мое лично ослободување. Македонскиот народ ме ослободи од товарот да продолжам да се борам со неправдата во која живееме.
  3. Резултатите од избориве јас ги доживувам како апел до мене. Готово е Русјаков, гласи апелот, поразен си, сега врати си се на своите стихови и реченици и не го тупи веќе!
  4. Македонија веќе ја нема и јас не можам ништо да променам.
Отворено ги уценуваат, повторно им наметнуваат решенија, пак им ја виткаат кичмата, ама рака подавање нема, тоа е нашиот синдром на самоуништување. Еден член на кајганава во цитат стави реплика од филм еве го мислењето. Од збор до збор точно.

Толку и од мене. На избориве не излегоа најмалку 400.000 македонци. Следните избори, кога и да бидат ќе им се приклучам во седењето дома.
Тука нема веќе живот, има само живутарење од ден за ден, а нема ни надеж. Ако те проколнала судбината да си роден тука, бегај во странство, можеби ако се асимилираш доволно твоите деца ќе бидат добри германци, англичани, американци, а твоите внуци нема ни да спомнат од која дупка на самоуништување потекнувал нивниот дедо.
 
Македонија, земја во која секој проблем е решен, се живее човечки и достоинствено па на народот му останува еве 10-ти ден по ред да се расправа во една група на фб, која пастрмајлија е поубава.
 
Света НЕДЕЛА.......ден кога сакам да лежам, да дремам.....да одмарам.....ама нема!
Една будала на два ката испод мене, цел ден уште од 07 сабајле со чекан споро, споро крши плочки од купатило. За беља зградава е цела од бетон....се рефлектира звукот како мислиш во станот до мене е.
Сега од пред еден саат има појачање, другарче изгледа му дошло.....па ги слушам во дует.
Идиотов ручаше на брзинка 15 мин и продолжи.....каков куќен ред, какви бакрачи.....основна култура кај нас нема, за закон пак....не правам муабет.
 
Кајган4е,

Имам најдобар другар цел живот. Заедно од пелени, па градинка, па основно, па средно, за да на крај заедно запишеме студии. Сè и сешто си зборуваме еден на друг. Се случи тоа што се случи. Јас излегов од прилично долга врска (10 години) и тој излезе од долга (4 години) врска. И сега добивам прашања, дали причината за тоа е нашето другарство?!

Зошто би било во прашање нашето другарство? И зошто секогаш се наметнуваат такви муабети на речиси секое машко-женско другарство?
Луѓето се наоѓаат по преференции, начин на размислување, желби, интереси, начин на живеење. За вистинското пријателство, полот не е пресуден!!!!
 
Најдоброто од албанската нација, ladies and gents. Има милиони на сметка, живее на сред Лондон и пола свет ја знае, ама џабе - од генот не се бега.


1595192060432.png
 
Денес позитив на денот ми беше однесувањето и услужливоста на келнерот што ме служеше во еден штипски паб. Ептен младо дете беше, валјда некој средношколец кој работи за дневница, ама беше пример за љубезност и позитивност и се гледаше колку има желба добро да си ја работи работата. Со мерак му оставивме бакшиш на крај. Какви се’ ликови работат денес по кафичите, добро е за промена да се види некој што не изиграва стенд ап комичар или што не те гледа како да си му пцуел мајка...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom