...утро, како и секое утро, викендашко...јбг..

-овој мојов на кревет пред телевизор

-Јас со крпата врака и бришам прашина пред телевизор, екранот и го гледам овој мојов намргоџенко како криви врат ко ној и мрда лево десно да не пропушти некоја сцена..

- овој мојов...Е ај де, сега ли најде да ми пафташ пред нос..(фрчи низ нос)

- Јас..аууу, бре што че пропуштил, па како ги гледаш бе овие...лелеллееее. па овие се тепале ..аууу, крвишта се направиле...( гледа насилство на некој фајт клуб, појма немам кој канал) брррррррр..

- Овој мојов...Ти ма гледаш ли колку публика има, види ја арената само, види дека има и жени што навиваат...врска немаш од животот..да знаеш само дека има луѓе кои едвај ја чекаат оваа борба, знаеш ли колку е карта???

-Јас...де, де....ебате публиката ретардирана, дошле гладијатори да гледаат....и..(фрлам поглед кон борбата и што ќе видам)...уффффффф..па овие бе коски си кршат

...какви ли будали можат ова да го гледаат???

- Овој мојов....Будали гледаат, да, на тие што жената им дошла веќе преку глава....

И така ДК, нешто ме зачеша носот, па си велам оти сум таква неарна во мозокот, сега најдов во викенд да чистам наместо да си се одморам, па и јас сум си душичка нели...а и овој мојов нешто ми заличи на оние лавовине што ги пуштаа во арена да ги кркаат робовите....си се замислив мене таму....брррррррр...
што е сигурно, сигурно си, да си седам на форумов и да си пијам раат кафе, да малтретирам некој друг, оти бан коски не крши....кко беше она, седи си мадро да не носиш модро
