Драга, зошто уште изменувањето на обични зборчиња во сосем некои сложени или странски изрази не се смета за сериозно психичко нарушување? Од кога печурките станаа фунги, доматниот сос
пелат ?

Од кога чистачката е хигиеничарка? Од кога куварот е ШЕФ? Од кога работењето на каса е продажен сектор? Има уште еден куп вакви зборови/професии што имаат грациозни имиња, а само 10 години пред тоа се сметале за нешто што е најдолно/најлошо/најмизерно? До кога овој клет македонски народ ќе се пали на нешто што е скапо, само поради тоа што чини многу пари? Зошто се преплаќаат ручеци во ресторани, што не вредат за таа цена, ни па се вкусни, а за количина да не правиме муабет. (Некој ќе рече, не е работата да се најадеш, ама не е па ни да платиш 290 денари порција тестенини, чијашто количина е иста со онаа кога ги имаш изедено макароните дур пробуваш дали се сварени). Зошто нешто што има поголема цена одма викаме дека е подобро, и се чувствуваме подобро? Имам еден куп луѓе, пријатели и познаници кои патат од овој синдром, и мислам дека треба да се третира како сериозно психичко пореметување, а не да се смета како добра особина. Луѓе што не знаат ни две чисти од телефони, одма знаат дека баш тој ајфон е најдобар (само пошо е 35000, нит му знаат перформанси нит ништо). Одма знаат кај треба да се јаде и да се сликаат тие квази јадења препорачани од ШЕФОТ, кои чинат по 350 денари? И до парите ми е, ама и не ми е до парите ако сметам дека вреди. Ќе рече некој, амбиентот,услуга,ова-она. Овој народ нема толку пари (и стварно не знам од кај ги наоѓа) за да јадат само у Барбакан, у Скај Бар, у Пелистер, у Воденица? До кога ќе трае ова?
*Ако некој се препознае во професиите од погоре, нека не се навредува, нема ништо лошо во тоа да си чистач,кувар и слично. Ме нервира само зошто ги менуваат изразите, демек се осеќаш пограндиозно?
Како за пример, мојата позиција во Мекдоналц летоска беше ХАУСМАЈСТОР. Сте виделе ли вие хаусмајстор без алати, без да лепи нешто, без да поправи, без да направи нешто? Јас бев чистач по сите параметри, ама не, официјално таа професија се викала ХАУСМАЈСТОР. Мрш пичкавиматер (Не се срамам од тоа, како 80% од македонската популација).