К, не пишувам на темава, многу ретко тоа сум го практикувал, можеби еднаш до два пати али НЕЈСЕ

))
морам условно речено, една бесплатна реклама да удрам на темава од која верувам повеќето би имале и корист во иднина.
Вчера незнам што ми текна да проверам на нетов ,каде во земјава можам да најдам стрипови од марвел и диси универзумот, па гугл ме одведе на две локации од кои едната денес ја посетив, а тоа е Академска Книга. Уствари биг бенг глеав, сеа ми текна, па тоа ме инспирираше да проверам за стриповиве.
Местото се наоѓа едно 30 метри после полициската станица Беко, после пролазот каде што шиткаат бурек карши катната гаража, значи на тој дел од зградите што гледа накај катната гаража ... и што да кажам, влегов и за момент ко да не се наоѓав у земјава, местово е на 2 спрата, доле имаш книги од секакви области, наука, политика, компјутерски науки, музика, медицина и што уште не, не успеав доволно време да поминам на тој спрат зашто веднаш прашав каде се наоѓаат стриповите и се упатив на вториот спрат. Со други зборови, ко да влегов у некој друг универзум/
Можете да седнете, кафе да пиете, лап топ да земете, тетратка било што, зависно од вашите потреби и у опуштена атмосфера да читате што ви душа сака, од стрипови до книги, за тоа никој нема ни да ви наплати, дури и благо ке ви понудат, вработените се дури и претерано добри со муштериите, едноставно Све што начекав таму е нетипично за земјава и општо за балканов, се коси со сите стереотипи кои важат за нас.
На средина доле имаат пијано, можете и да си отсвирите некоја мелодија, имаше еден постар господин свиреше и пееше и беше одличен, бар за мој вкус, а подоцна му се придружи и една жена или девојка не приметив убаво, на виолина она свиреше.
Значи all in all имав денес едно крајно неочекувано преубаво искуство од секој можен аспект во Академска Книга, на крај го земав The Infinity Gauntlet стрипот за поклон, а у иднина ќе видиме, изборот е доста голем, имаат манги, стрипови од dc универзумот, марвел универзумот, изборот е многу голем, бар за наши стандарди, има книги за star wars, официјален мерч од играчки за стар ворс, гејм оф троунс, и нешто од диси и марвел ако добро приметив, книги кои се поврзани со комјутерскиве игри што исто така пријатно ме изненади, компјутерски игри и тн и тн и тн, премногу се сконцентрирав на марвел стриповиве па не обрнав многу време да разгледам повеќе али мислам дека ви доловив горе доле што би можеле да најдете тука, или да се обидете да најдете барем.
На каса вработената ме понуди кафенце и благо, и баш во краток муабет со неа, зашто прашав да не треба нешто да се зачлени човек тука и слично, ми рече нема врска тоа, не треба, нити пак бараат пари за да си седите кај нив колку што сакате, едноставно сакаат да се постават по оние западни стандарди типични и за американското општество и да форсираат некој таков стил, и Се што бараат е само да биде тишина и да не се крева галама внатре.
Дечки од АК, феноменални сте, незнам како до сеа не сум ни слушнал за вас ама во иднина ќе практикувам што е можно почесто да ве посетувам зашто имате (пре)многу да понудите, и се надевам ако ништо друго дека барем помладите генерации ќе ве посетуваат и ќе ја негуваат оваа условно речено култура, всушност денес и најголемиот дел од '' публиката '' таму беше помладата генерација.
keep it up, и кгн заедницо, не дека не е очигледно, али еве да си кажам, топла препорака од мене за посетување на ова место, зашто гледам еве со неколку луѓе со кои правев муабет никогаш не слушнале за местово а горе доле делиме исти предмети на интерес.