Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
“Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена , пред очите наши загледани уште тоа утро во иднината“


К.

На денешен ден(16.06.1943) во с.Ваташа,Кавадаречко се стрелани од страна на бугарскиот окупатор 12 ваташки младинци. Е сеа посебно важно е да се нагласи тоа БУГАРСКИОТ окупатор..Имено,за овие еве веќе 74 ниту една влада на источната ни земја не најде за сходно да испрати делегација,да се извини јавно за масакрот или не знам што...И тука Бугариве по историските теми ни ги подуваат јајцата со тоа дека Германците биле криви за тоа,тие ги присилиле,овие биле китки за мирисање..

Друга битна работа е шо баш на денешен ден сакам да ги поздрават ликовите од македонско-бугарската канцеларија за пријателство што егзистира во Кавадарци,а посебно ликовите со бугарски пасоши..Онака,баш те дупеле во здрав мозок,ви убивале предци итн,сега ќе вадиме нивни пасоши и ќе се пишиме Бугари...Браво,ама тоа е Македонче...сам ако не се цениш бе мајсторе никој нема да те цени.

Трета работа-неам појма зошто борците,загинатите и општо настаните од НОБ се ТОТАЛНО маргинализирани на сметка на разни Ќосиња,Тодори Александрови,Владо Черноземски итн итн итн. Од овие Македонски патриотски здруженија ниту едно не носи име на паднат борец од НОБ,ама затоа ги имаш Ќосињата и останатите...
Денес треба да се празнува овој ден,а нема ниту едно известување по локалните ТВ,радио и интернет страници за организираниот настан,каде ќе се празнува,во колку часот започнува манифестацијата за да можат и обичните граѓани да одат(на баба ми брат е загинат таму,секоја година идам таму,можеби и затоа токму во знак на револт го пишувам ова..). Штета навистина,лани не се појави никој од локалната политичка елита,ама затоа памтам 2006 година непосредно пред парламентарните избори беше половина врхушка на довчерашната владеачка партија,почнувајќи од Силвана Бонева,Ставревски итн. Иначе ко што спомнав погоре,имам член од фамилијата загинат таму,од кога памтам за мене секоја година идам на овој датум таму(освен 2014 кога полагав баш на 16-ти),секоја година е тотално исто(деца од локалното училиште во Ваташа ја пеат химната,следи историски час,доколку има некој политичар одржува говор,потоа повторно децата од локалното училиште во Ваташа пеат неколку песни и завршува),али пак секоја година е интересно,и покрај тоа што сите настани и говори ми се научени веќе напамет..

(подолу едни од најпознатите дела за настанот во Ваташа,извадок од песната Цветови од Славко Јаневски и песната Ми заплакало селото Ваташа од Никола Бадев)

Цветови - Славко Јаневски

В Тиквешко негде, в некое село
кај в слана тивко венеше цвете
убија дете.
Последна солза од око капна,
кога на ридот есента стапна,
в крви се изми утрото бело.
И кога в зраци челикот светна
последна мисла ко птица летна
"Мајка ми сама остана в село".


Вечна слава!!
 
Дојде во март далечната 1996 година и стана ѕвезда на новото Македонско демократско општество каде што беше носител на слободарската и либерална мисла.

Си замина на 14 јуни 2017 година како силуван и злоставуван владин и партиски памфлет со помала интелектуална вредност од тоалетна хартија.

Каков крај.
 
Драга Кајгана,
Асално се немам наспиено веќе еден месец и од истото тоа главата ме боли. Ама па од друга страна кога ќе ми текне, тоа неспиење за конечно да си ги завршам сите обврски кои ги имав заостанато преку целата година, сега ми прави да се чувствувам некако психички порелаксирано.

И незнам, летово некако ми е преубаво. Обожавам топло време. Посебно ми се свиѓа периодот помеѓу 5 - 7 саатот поручек кога сонцето тргнува на пат да зајде, а од ѕидовите почнува да испарува топлината која се собирала преку целиот ден. Плус на вакво време ми владеат позитивни мисли, мисли за подобра иднина, подобра посветеност на работите, за разлика од зимата/ладното време кое ме облева некако како со негативна енергија.
:)
 
Последно уредено:
Ми раскажаа една книга од драган таневски, јас се си мислев дека содржината му е иста како статусите на фејсбук. Еден куп фрази како: брат, кукле, лепотице итн. Батката всушност имал приказни и ликови во неговите книги. Сеуште се тешко срање ама имав подруго мислење за неговиве ујдурми.
 
Си барав нешто низ дома и во кутија од бонбони мислев има копчиња (кога веќе знаев дека нема бомбони) и кога гледам жетони. Јака носталгија ме пукна, уствари треба да сме среќни што сме биле последни генерации кои можеа најнормално да функционираат без компјутери, лаптопи, телефони, интернет, никој не е крив ама пак го нема тој шмек на зближување со децата, ги нема моментите кога ќе играте против другарче со жетониве и кој изгуби му го зима жетонот на другиот. Или пак кога собираш сликички и некој ќе му фали само една за да комплетира цел албум и вие целото опкружување кај и да одите и ја видите таа сликичка, кажувате дека еден другар ќе ви ги даде сите дупликати цело купче само за таа сликичка. Или пак ако има многу дупли, а вие ја немате баш таа, ќе замлите и ако немате за замена да ви биде дадена таа, дека многу пати ја има и ништо не би му сменила. Што имаше друго таму заборавив Покемон слагалици, Југио карти, Бејблејд вртимушки таквите знам после имаше. Сепак имаше шмек, сите овие се играа со двајца или повеќе луѓе, беа причина да се соберат на купче повеќе деца и да гледаат со главите надолу ако се случува нешто во средина на купчето, или пак за сликички да се кажува она “Имам имам немам“, и сите други да се мачат да ѕиркаат да видат да не случајно и на нив им фали некоја од купчето, да не им промакне нешто. Сега ете гледам 10 годишни деца веќе собираат лајкови на Фб, менуваат сликите секој ден за повеќе лајкови да зберат, имаат по 2000 пријатели, се тагнуваат таму на слики повеќе да ги видат. И од една страна е убаво што технологијата оди напред, ама од друга страна се губи шмекот, ќе немаат на што да се сетат вака после десетина и кусур години како мене кога ќе најдат нешто дома, ќе нема што да ги фати носталгија, да им врати убави спомени на дружба. И вака и така секој ден ќе пораснеме сите и ќе сме во гомна и ќе немаме време воопшто за ништо од секојдневни обврски, детството е едно и единствено слободно, среќен сум што не сум пораснал без детство, многу губат дел или сите од сегашните деца и тие што допрва доаѓаат, но тоа е не се ни они криви, дете ко дете што е актуелно и се врти околу другарите, тоа го интересира :)


19244153_1167697110043182_1509152956_n.jpg 19238652_1167707250042168_167827638_o.jpg
 
ДК,

Итно ми треба некој издувен вентил, мислам дека пак доаѓам во фаза кога ме нервира секој шум, исто и некоја поголема промена, или пак одмор далеку од луѓе со исклучен телефон.
Не знам како да го наречам ова моето, на некој му е досадно од што нема што да прави, а мене ми е досадно од луѓе и од што не знам што побргу да правам, ваљда ова би било прединамична монотоност :confused:
 
I'm not sad. I'm angry.
I hate everyone.

Anyone... laughing or smiling or...
being alive is fucking offensive to me
and they should all just fucking die.

And eventually, I'm just
gonna burn up from rage
and then I'll just be dust.

And I don't know how to make it stop.
 
Мразиш она чуство,коа си прешол пола Скопје на дистанца,си фукнал 100 евра за делови,за кои ти пука глава од наговарање и убедување од страна на продавачот,дека ќе ти одговара,па пак да се враќаш и пак исти проблем се соочуваш .
 
Драга,

Чекаш да излезе дечко ти за да го украдеш последниот сладолед и да не мора да има расправии на таа тема. Три саати ми се врти ова во глава. :( Штом не те виделе, не си виновен. :coffee:
Се здебелив пред лето. Кога баба ми ќе ми каже дека сум таман, тогаш ќе знам дека сум отишла над дозволеното, дотогаш не се замарам многу, гурман си е гурман. :kruna:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom