Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Ми пукна печката во соба. На -15 степени. Снег нема, али дува ко да нема утре. Три слоја облека иам на мене и пак ми се смрзнаа прстите додека го куцам ова. Како, како, какооооо може некој да сака зима?! Поладно во куќава никогаш не било. И сега најде да ми пукне печката. :place:
Среќни празници. Здравје само да се има. И ние што сакаме, да се изгубиме од мизеријава оваа година.
 
Најфасцинантна вест за 2017 goes to https://app.figure1.com/images/586a4cf0187d8296407b9a95

пред да кликнете да ве предупредам дека ова е медицински сајт и има фотографии со крв, па да нема пријави после што е ова гадно. Препорачувам да направите акаунт и да кликнете ако сте вљубеник во медицината и технологијата а ако сте закоравено ќосе некое, игнорирајте го постов.

Дваесет и двегодишен дечко развива Јуингова саркома, најпросто, малигни клетки се шират во коските и кај него се раширени кај фемурот (бутната коска). Се што останува е ампутација на цела нога но девојката која е ортопед во клиниката, со помош на 3Д принтањето, преку неговите CT скен слики и рентген снимките, формира бутна коска иста како заболената на пациентот. Ја изведува операцијата, ја менува заболената коска со вештачката преку еден куп прикачувања за мускулот, пациентот еден месец се движи со помош на штаки, а понатака без никакви проблеми.

Стискаш Х на табот откако ќе прочиташ за подвигот, си викаш браво и за 3 секунди некаде ти надоаѓаат солзи. А зошто солзи? Зошто живееш во земја лидер во регионот во здравство каде што умираат родилки и новороденчиња, а не во некоја ваква затуцана земја каде што докторите имаат ресурси и пристап до технологија за вакви зафати кои ја менуваат цела наука и даваат нови правци на медицината.
 
У ПАЗАРЧЕТО У ПАЗАРЧЕТО ОДИ МУ ...
Оди му нема муниција бе еејј пази заднаа
па 10 пати ти кажах бе 10 пати цццц нели гледаш?
Ајде ајде В**** сега имаме пари за пушки барем , ќе израмнаме. :LOL:

Јуни месец 2006 игравме последен пат кога се распуштивме последна година од основното. Еве вечерва 7ми спрема 8ми Јануари 2017 се потсетивме пак како се изгледаше , и ништо не е сменето бе , како вчера да беше. Познато место , познати 20тина лица пукат кантер и се карат меѓу себе како цел живот да биле заедно , ако 11 години муабет скоро си немавме направено. Оддамна ми се немат насолзено очите на тој начин. :)

И да , ако по некоја луда случајност станам милијардер у животот ќе ја изградам цела автентична баш како што е на CS 1.6.:pipi:

itali.jpg
 
Ванковска уште од сабајле колку го поти Qурот :yid:
 
Драга..последнава година а еве и на почетокот од оваа, имам навика да гледам односно слушам доста Тед говори.И според еден од нив, најголемиот проблем заради кој не го постигнуваме тоа што го сакаме е тоа што сме убедени или барем се убедуваме дека сме прилично добро и без да го постигнаме.I'm fine...знаеш...:pos:
Се смеам затоа што тоа е позитивен став, а сега испаѓа дека така всушност си правиме саботажа. А замисли дека еве на пример почнеш да се убедуваш во спротивното, но во секој случај и после одредено време не го постигнуваш тоа што сакаш - како ќе продолжиш да функционираш секојдневно со тоа убедување дека тебе не ти е добро без тоа нешто што го имаш зацртано...?
Не знам...не велам дека би немало воопшто резултати.Напротив, најверојатно ќе се трудиш многу повеќе за да го постигнеш тоа што го сакаш (тоа е поентата), за разлика од порано кога си сметал дека тебе ти е и онака добро...но да зависи мојата благосостојба од тоа нешто? :unsure:
 
Кајгано, вчера бев на именден. И имаше пријатели на тие што славеа со настинато бебе. И еден куп други луѓе. Бебето почна да плаче и станаа си заминаа. Уште прагот го немаа поминато, домаќинката почна да збори. Аууу, видовте како кашла бебето? Па и таа кашлаше. Абе и тој како да поткашлуваше. Сите тројца настинати а одат по куќи. Не знам луѓето како немаат срам, јас да сум настината не им одам дома на луѓето да ги носам на душа.

И јас си викам оваа летната ептен, пред луѓево што збори. Гарант сега незгодно ќе се осети некој ако е поднастинат или па некој што воопшто дошол. И никој нема прв да замине да не се распее ова отпосле. И гледам посматрам по фациве на луѓето, никој рецка не мавна на тоа, како сосема нормална ствар да е за муабет, некои дури и се согласија со тоа и да се вратеа назад настинатите, мислам дека и ќе ги каменуваа. Ок си викам ај може во право е, не знам јас многу не одам по куќи и многу дома не ми доаѓаат, може така треба. После заминаа други. И за нив така. Види ја префигана една, тешко на маж и со неа, кутриот до збор не може да дојде, да ви кажам една случка со неа ќе речете не е оваа што седеше на маса нема шанса.

И викам дај стави ми уште една чаша вино и си мислам во себеси сега ќе ти станам сите кога ќе си заминат. Дошле луѓето чест да и направат, не и чинеле настинати биле, префигани, дебели, никакви... И мажот до неа си ќути и си подголтнува. Е на тој маж тешко него со неа.


Сеа се сетив и на една од работа. :lolzz:
Една колешка имаше проблеми нешто дома со мажот и ни кажуваше и другиов ден доаѓа оваа другава и и вика леле мори душо цела ноќ те зборевме со маж ми, колку се засекирав :lolzz:
 
Не верувам јас во тоа. Немаше facebook livestream.
Бевме редовно ажурирани во текот на бременоста, најмалку што очекував беше facebook livestream за пораѓај.
 
Драга,
На 31 декември се родија моите две дечиња колачиња, машко и женско, најубави на целиот свет <3
Нека ти се здрави и живи, само среќа и радост да ги прати.
 
Паричка у мене, нека ми е среќа и берикетна.
Него, мрзу снег ама оној искрено. На што личи бе овој -20 да ми замрзне клима и да остану без компјутер како неандрталац неколко дна, стра ме ќе умру од досаду а у сред испитну сесију сам. :D
 
Dikej mnoguuuu mrdnati luge ima kaj mene da dade gorniot cel zivot mene da me zborat i da nee se nasitat nenormalen narod
 
Колку сте само депресивни.
Една недела во 2017, секој трет пост е за тоа како ние сме за никаде, како западот е подобар, не не бива.
Затоа умре форумов.
Може малку позитива? Како не ви е досадно се те едни исти постови ги повторувате одново и одново...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom