Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Морам да признаам до "зошто си толку сериозен синко" мислев дека е вистинска приказна.. :)

Иначе никогаш не ми стана јасно кога некоја жена ќе рече за некоја позната личност што е секси и убав дека штета било што е геј , а па да не беше геј ќе носеше деца од него или незнам шо е работава стварно :) :)
 
Последно уредено:
go-home-lionel-your-drunk_o_2031467.jpg


:pivo2:
 
Драга Кајгана,
Денес се празнува Св. Никола (Николај) Чудотворец. Денес е голем празник за сите Христијани!
Нека ни е за многу години празникот! Нека ни дава светецот добро, а нека не штити од лошо.
Честито име на сите што се викаат Никола и среќна слава на сите оние кои денес прославуваат!
:)
 
Случајно погледав преѓеска малце од оние емисиите кај што се јавуваат гледачи и има еден кој имам приметено дека се јавува во сите, некаков лудак што се прозива Кавраков, речиси сум убеден дека тој човек се крие под никот на @Бачето, толку им е ист стилот на дискусија.
 
Кајги,

Добро сум друже. Жива - здрава , да не ме мислеш. Изгледа ко терористички напад и што е најстрашно , јас живеам една станица од таму каде што се случил нападот пред 2 саати во Берлин.


"We can confirm nine dead and many injured. Many colleagues are at the scene," police tweeted

http://www.nbcnews.com/news/world/t...rlin-injuring-killing-multiple-people-n697926
 
Случајно погледав преѓеска малце од оние емисиите кај што се јавуваат гледачи и има еден кој имам приметено дека се јавува во сите, некаков лудак што се прозива Кавраков, речиси сум убеден дека тој човек се крие под никот на @Бачето, толку им е ист стилот на дискусија.
Не се цитира овде ама морам.Кавраков е од штип и е стар човек ама закоравен вмровец.Препознатил е по својот говор на стар штипски дијалект.А за Бачето како член на форумов не знам гледам член е од 2005 еден од најстарите членови ама до сега не сум го видел нигде на форумов.
 
Кеј се неам уклучено одамна, а ногу поодамна па те неам разгледано или пак напишано нешто. И денеска те разгледуам, се по старо. Боби спамира у општи, како на некој да му е гајле каква му е елката или шо јадел денеска. Нови ботови ти дошле, како со клеточна делба да се множат. У спорт си мелат за тековните утакмици и лиги, делот за миграција си пораснал од мислења. Кај бугарски пасош не сум ни била, среќа го префрлија од општи, па не мора ни да го читам. Љубовта на форумов ко сите да а заборавиле, а атеисти против верници си терат стар филм.
И така Кеј, ти иста, со истите срања.
Ја демек нешто ново да ти кажам дојдов, ама изгубив желба.

Еве ти една песМа.

https://youtu.be/1iDTYnxCNXM
 
Драга,

во последно време не се препознавам себеси, се осеќам психички изморен пред се од внатрешен конфликт, а потоа и од обврските. Пробувам да покривам на сите страни што од една страна е добро, бидејќи стекнувам искуство и се соочувам со најразновидни проекти за кои губам многу време во читање и учење на нови области, но од друга страна се прашувам дали е таквиот пристап правилен. Веќе не сум сигурен дали е подобро да се посветам само на мојата област и целата енергија да ја насочам кон заминување надвор од држава каде што се надевам дека некој ќе го цени трудот кој го вложувам и знаењето кое го имам, или да си кратам на спиење и на приватниот живот и да рмбам од утро до мрак, за на крајот кога влезам во продавница да го земам најефтиниот производ, да се задолжам со станбен кредит кој би го исплаќал до пензија ако доживеам дотогаш, да слушам идиоти кои се препукаваат која партија победила за на крајот истата таа партија за која мрзнат и се пцујат и замразуваат еден со друг да ги вработи чистачи во комуналното за ебани 12 000ки, да се гушам во чадот и да умрам од канцер на 40години, бидејќи на некој идиот му било побитно да му се откуца некоја цифра повеќе на трансакциската, отколку да работи по стандарди со кои ќе ја чува околината.
Кофеинот ми е побратим, еве ќе се дружам со него до изутрина, па од тука директива на работа нормално пак заедно со побратимот во уште 5-6 дружби преку кафе или зелен чај и се така во круг, само прашање е до кога :unsure:
 
Денот ми почна со интервјуто на Џамбазов во еден на еден , после си го пуштив неговиот концерт за 50 годишнина , еве сега и ќе го завршам со негова песна ,и драга кажи му на универзумот да ме олабави малце, да ми се деси и мене нешто убаво ајт поздрав !
 
Драга. добро утро.Нели е редно покрај опцијата Ми се допаѓа под некој пост, да воведеш и други...како на фејсбук...Затоа што многу работи не ми се допаѓаат што ги читам тука, само се согласувам со мислењето, а за жал многу од нив дополнително ме растажуваат...
 
Драга,

Се прибрав дома. Ова долу е мојот статус на фб, по повод сите лудила што Истанбул ми ги приреди. Животот низ патувања е благослов.


Стамбол, убав лажго. Ој море што си ти!
По цел ден нишање низ еден дел од градот, носот уште ми меша секакви ноти, од кардамом и лута пиперка до какао, налепен шафран на локумот со ореви. И мирис на алги, пердуви и свежа риба кај пристаништето. Мравки луѓе итаат кон секаде и насекаде. Небото е чисто, облаците се од шеќер и ветерот врти шлаг форма по нивните врвови. Ми мрзне носот, ама дишам убаво. Низ Капали чаршија се џарам како новороденче во мигот кога го здогледува светот. Нацртани лалиња на сводовите. Порцелан со дамки од жолто, коров зелено и калеидоскопско прекршување цел спектар. Мириса на чај, јунешко и кожа од околните продавнички. Турците, трговци од Рајот. Еден момак ми тутнува во рака сребрена лажичка со издлабена Месечина на дршката и почнува да ми продава приказна. А бе веруваш, веднаш! Макар три секунди. Понатаму, цела алеа тезги со сапуни од козјо млеко, роза, ф'стак. Бои бои бои. Да ти штукне умот. Ништо не е спокојно, а сепак во воздухот струи мек, молитвен етер. Одиме кон слаткарските божества. Редици сон. Си бираш дали со чоколаден или месечев прав. Кај зачините постојав ко пред олтар и си ги повторив во себе: кари, оригано, темна сол, ванила, стапчиња цимет, сув портокал, зелен бибер, живот. Дланките ми се полни со допири. Кашмир, пашмина. Се' е вибрација низ нос, уши, очи. Ми се оди во тоалет. Нема тоалет. Оди кон џамијата, ме упатува келнерот. Женски тоалет. На портирницата чека жена. Едвај се разбравме. Ми бара неколку лири за да влезам. Се објаснуваме со раце, мимики. Мачките слободно си влегуваат и излегуваат внатре. Ним не им требаат лири. На покривот ги избројав: дури пет се сончаат на штрбавото сонце. Влегов конечно во тоалетот! Сто години назад.
И јас назад. Се изнасмеа жената и не ми побара ни лира повеќе. Олеснување. Се стокмувам за враќање во хотел. Еве ме. Се' понесов со себе. Ми фали само една ракавица. Ја нема. Црна, со апликации од бели срциња. Изгледа се поздравивме со Истанбул. Со галебите на кои им мафтав за да го поздрават светот. Дланка полна допири. Гола, без ракавици. Го собира градот и го скрива во срце.

М.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom