Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кај се качив на вага кај се запустив,цело лето натаму наваму,пешачење,трчање,баскет секој ден,и на крај пак 85кг:facepalm:
 
Кајгиии,вечер одам Србија.
Не очекувам нешто многу многу али една недела ќе помине ...
 
Кај,

Ја отворив терасата да влезе тро воздух и да ми се чујат поубаво звуците од инсектите надвор,си ја најдов омилената фротирка што држи ладно,уклучив спрејче против комарци,се укуткав и слушам ДОООО-МА-КИ-НЕЕЕЕЕЕЕ, ДОБРИ ГОСТИ ТИ ДОЈДОАААААА...Ечат Кајги тапани од некаде.Па не е фер.Знаеш колку време не сум се кандисала да легнам пред 00:00?
Ама!!!Моје је село лепше од Париза :pijani:
 
Passed down to you...
Некни се договорив да тркнам до Битола да се запознам со една членка на форумов, но испадна мало одложување за следната сабота, така да да не ми пропадне викендов решив да го фатам пладневниот воз за Вел(е)с и да си ја потрошоам малку креативноста со неколку шкрапнувања. Во 5 до 12 ко што се вели ја зграбив оваа идеја и тргнав. Си ја читав книгата на оној Чехон дисидент, додека машината пробуваше брзоплето да ги соџвака преостанатите километри железничка пруга. Креативноста ми спласна веднаш штом излегов поради неподносливата жешкотија на постоењето на сонце, така да првите 2-3 часа гиљав буквално празниот град надевајќи се на некаква ладовина под сенка. Испадна дека градот и покрај тоа што главната улица има дрвја, недостасува од зелена површина, сем паркчето на почетокот каде ми остана единствена опција откако би ги завршил сите претходни замисли. Испланирав да поминам некои 4 часа во градот за да го фатам оној во 6 приквечер и дома да бидам кај 7ипол. По изедената вруќа пастрмајлија (јер све друго што нема пастрма го сметам само као пица) се упатив кон железничката, кога таму изненадувањето започна малку порано. Наводно возот од 6 не беше ни тргнат од јужниот град (изглеа ради размирициве со имигрантиве) , па морав да утепам уште 3 часа за да го дочекам оној члембарскион од 9. Немав воља да се враќам, а и атмосферата на станицата ми одговараше јер имаше доста млаќарија па останав таму до крај. Баш во тие 3 часа добив повеќе креативен допамин него ли во целиот претходен престој.
Интересни се патувањата кога си сам. Отворени ти се сите можности да си направиш муабет буквално со секој кој ќе го сретнеш по истиот пат по кој врвите заедно. И времето тече со вртоглава брзина... Еве ти еден мал поздрав од велешката топил... железница де.
IMG_2627.jpg
So says Saladin
 
Со оглед на тоа што на МСН пишувавте ,,Love is name, sex is game..." , не смеете да се пожалите од животот.
Затоа и не се жалам.
Додека јас се мислев дали треба да напишам ,,forget" или ,,forgot" the name, останатите мои врсници веќе ја играа ,,играта". Но добро, јас не бев толку талентиран за јазици. Додека другите деца одеа по разни курсеви по англиски, јас се запишав во музичко училиште, отсек/оргули. Феноменален инструмент. Особено за луѓе слаби со нерви.
Океј, океј. Никој не чита во ова време. Не беше музичко училиште, немаше никакви оргули. Балет беше. Ах тие проклети хеланки...
Сепак тесните црни хеланки и не беа некој проблем за 15 годишно момче како мене. Ниту пак проблем беа убавите жени со кои бев опкружен, убавите балетски фустани. Проблем беше тоа што морав редовно да сечам ножни нокти.
Туѓи.
 
ДК, ми дoјде другaрче нa прoзoр :pos:

11856313_1067273079951557_7794903352200853519_o.jpg

Кaкo се кaчи бе... a сaмo штo легнaв дa спијaм. Ќе ме oстaви без сoн oсеќaм. Ептен е дoсaднo. Oтoк! Пaрaзит! :D
 
Кајг
Излегов вечерва осеќајќи се по малку мизерно, нешто што сам си го направив за некаква поголема цел... газдата на кафиќот изиграва келнер:
-повели
-нешо за труење...
-не ми чиниш нешо, стандарден третман
-зошто воопшто прашвиш?
носи флаша џони и две чаши и седи до мене. Носи втора флаша... сега веќе џони не шета.

Носи неколку пива за ладење, тука паѓаат најтешките муабети. Си бегаш дома и моментално се трезниш од kill the messenger потег кој ама благе везе нема со тебе ама мислиш дека ти треба play along. Колку е се само погрешно, колку е се заслепено од минијатурни работи кои ништо не вредат во животот, а сите тие големите ќе ги фрлат во истиот момент.
Колку многу е погрешно да не му дадеш право на збор на дежурниот кривец...
Многу...

чао
 
На сите вмр-Офци а посебно џандари вмроФци мамицата в пичка ви еам!!! Ви еам тоа мозоците ретардирани. Свестете се! Еден ден че ви се случи Нирнберг на сите вас фашизодини кретени! И ме заболе ако раните фамилии, ич куро не ме заболе. има стопати појќе фамилии шо страдат заради вас и вашиот слеп умоболен конформизам бе идиоти! Зло штитите и самите го знаете тоа гадови едни со запечени муцки од чмаролижење. Ебете се пизда ви материна, чмаролижачка, гомнарска џандарска. Еден ден ќе наебете!
 
К,

Многу, ама ептен многу мразам кога некој ми премолчува ствари. Значи приметувам дека нешто не е во ред, безброј пати прашувам што е проблемот и наидувам на ист одговор: „Нема ништо, така ти се чини“. „Не си ми лут?“ - „Не бе што ти е“. И после денови и денови на „нема ништо“, одеднаш експлодира и ти става се на куп. Па нели немаше никаков проблем, да го ебам? :cautious:
И после часови муабет се доаѓа до заклучок дека целата лутина била причинета од ебано недоразбирање. Па иде „Извини“. „Ма нема проблем бе брат, следен пат кога ќе се налутиш прегази ме на пешачки па дојди извини ми се.“ :facepalm:
Не можам да не се нервирам бе, посебно кога се работи за блиска особа со која инаку скоро се споделувам. Едноставно, не сакам да ги пикам проблемите под тепих и не поднесувам пасивно агресивни срања. Кога имам проблем со некого, зборувам отворено и директно и пробувам да го решам. Кога имам нешто некому да кажам, го кажувам. И за возврат очекувам така и да се однесуваат со мене. Ама очигледно, не функционираат сите на тој начин. :toe:

Од другите вести од светот... Немам спиено како човек скоро 2 недели. Не ми се учи. Едвај чекам да помине четврток. Едвај чекам да помине август. Едвај чекам да помине септември. Едвај чекам да дојде понеделник. Се нешто си чекам, животот во чекање ми помина. :D
Шумеча ќе ми е колешка на факултет. Ветувам дека ќе и цртам мапи, за да не се губи низ зградите. :backa:

Се раздени. Заљубена сум. Светот е сепак убав.

Хагс енд кисес,
С.
 
Последно уредено од модератор:
Битолчанката од постот на саладин маме му еба на сите чкембарско-комитски закачки.
Не сотре мори имај ум малце. :D
 
Одкако почнав со диетава, еве скоро месец и пол станувам секое сабајле во 5:30 и додека е свежо трчам по саат време... Коска и кожа се направив, само салото остана на мене :LOL:. Немам вага, па така незнам колку сум ослабен. Памтам вагата ми ја скрши братучед ми, сакаше да се мери, и остана на бројот 65.... кутрата, изгледа се шлогирала кога видела дека некој слаб се качил да се мери на нејзе :angel:


П.С. Еве за носталгичарите едно линкче кај да си ја симнат Мустафа да ја играат, само 12 мегабајти е икончето

Ај одам да одморам од тренингов, Ќао :blablab:

 
Никогаш не сум имал концепт за пеколот, ама ако пеколот постои,јас сум во него.

ајде заминав да возам :backa:
 
Сто мајки ми еба Јоце ноќеска. Седеше кај мене у соба, чмаеше цела вечер у ќош, ни јадеше ни вода пиеше. Си легнав ја околу 12 саат и оно до мене, сум заспал и одеднаш ме разбуди мјаукање, се разбудив да видам кај е, гледам го нема низ соба а слушам мјаукање од позади шифоњерот и комодата тв-то кај што ми стои.
И викам ај нека седи таму ми е гајле, ќе искочи. Не можев да заспијам и пуштив на Алфа да глеам Битката на Сутјеска.

Дојде 6 саат и викам ај ќе спијам и ова пак почна да мјаука, морав да го вадам, тргај шифоњери, комоди сабајле у 6 саат како психопат некој, по црни гаќи. Го извадив некако со крајни маки и го стаив на кревет доека да пијам вода, глеам се измочало, све да му ебам. На куров ќе спијам сеа. Идам да го изнесам надвор, отварам врата, глеам старата мачка, тетка Риби ги донела нејзините 5 мачиња кои ги чувала во изолација некое време. Ене ги на тераса урлаат сеа а Јовица чмае у ќош.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom