Ќерката многу плачела по мајмунот, па мајка и решила да го украде.
http://press24.mk/kjerka-mi-plaches...-majkata-raskazha-za-krazhbata-na-majmunot-vo
Еве како повторно спинуваат македонските медиуми!!!
Срамна е оваа употреба на граѓани од Кавадарци, со цел прикривање на вистинскиот идентитет на крадците. Пресс25 ексклузивно дознава дека мајката, ќерката и пријателот се всушност британски државјани. Ќерката е воедно и селебрити личност, па заради тоа од Иво било побарано да не се открие нејзиниот идентитет.
Ексклузивно дознаваме дека се работи за популарната
Sophie Turner, или попозната како
Санса Старк. На сите нас ни е добро познато дека во зоолошката градина во Скопје се наоѓа еден од нејзините (вториот сум јас) најголеми фанови, прилепчанецот (!!!)
@Red John. Популарната актерка не се заљубила во мајмунот нормално, но ја проценила неговата вредност затоа што увидела дека е уникатен. Имено, додека му давала банани тој истиот ги фрлал и врескал „помфрит, помфрит“. Веднаш на својот телефон Софија Тарнер изглуглала за тоа и дознала дека во светот има само 73 мајмуни кои преферираат помфрит пред банани и дека истите можат скапо да се препродадат на трговци од Југозападна Африка и Папуа Нова Гвинеја. Типичен пример на таков мајмун е тој на Росс од познатата серија ПРИЈАТЕЛИ.
Со оглед на тоа што Софија се фрли од Винтерфел во последната сезона, пари сега и се многу потребни па ја молела мајка и заедно со пријателот да го украдат горенаведениот мајмун, за понатаму да го продадат за добра сума пари.
Но нивниот план не успеал заради банална причина. Последната порција помфрит била намачкана со недиетален маргарнин од кој мајмунот почнал да кашла и ќива. Тогаш биле слушнати од чуварите и фатени, но како што погоре пишавме, нивниот идентитет бил веднаш сокриен од јавноста!
ФОТО + ВИДЕО нема.
/end