Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Државава не е поплавена од вода, поплавена е од шлајм луѓе.
Со вакви статии се чукаат во гради и се фалат, па добро бе, имате ли малку мозок во тоа шупелката ваша, 21ви век а нашите училишта, факултети, болници и други институции се без греење и без тоалети, не е дека сме мизерна земја па да чекаме донации од другите земји, да не сожалуваат...Па гордо објавуваме вакви статии и се фалиме, патетични сте, за грев сте, поради ваквите посакувам да немаме држава, шлајм од луѓе...
 
Последно уредено:
Драга, погоди го вистинскиот тајминг и остави ги коцките да се наредат. :cool:
 
Драга К,

Вчера каков ден сум поминал целиот бев ваков :ojeaa::pijanco: Фамилијарно со девојчето во Кафана до 02ч доста часови пројдовме и најдобар помин, битно многу македонски песни ми ги погодија. :ojeaa::jeeee::pijani:
Така тоа се прави за 8ми март, а не ко повеќето една ружа ќе и купат и тоа е тоа :icon_lol:

П.С Еден таксит во Струмица ми кажа, ако бидеш Струмички зет, ако не пиеш тие ќе те научат да пиеш, инаку нема да бидеш зет, нема примање без тоа. :pijani:
 
И кога си мислиш дека ваквите работи беа во минатото...Шок. Академски граѓани де. После ние со средно не чиниме :D
WXC3Y5Y.png


Мада, ај да побараме да ни ги отворат темите за фб статуси.

Изненаден сум од љубезноста на тетките во фондот за здравствено. Очекував да бидат мамурни од 8-ми март.
Сајонара.
 
Kako бе Јувентус мести а јас никако да погодам на спортска?

Пола трансфер на Барцаљи го имам платено.
 
Драга,
Кој ли ги пишува овие огласиве за работа, па дали се читаат шо пишуваат?
Работно место : Асистент на менаџер / одговорности : прием и складирање на стоките во магацин
Работно место: продажен персонал/ потребни квалификации: ВСС (пожелно Економски), работно искуство минимум 2 години
Работно место: Продавачка / потребни квалификации: исклучиво средно трговско образование и работно искуство минимум 3 години како продавач
Работно место: Бурекчија/ потребни квалификации: дополнителни обуки и сертификати од областа на угостителството ќе се сметаат за предност
Работно место: Собарка во мотел (или накратко кажано мотел за швалерај,ама си умислил мотел во Менхетен е)/потребни квалификации: одлично познавање на англиски јазик и уште еден друг странски јазик(германски ќе се смета за предност)

А, на работа класична експлоатација на труд и ебење во здрав мозок со бараниве профили.
Додека во сите нормално да се студира и да се работи најобична рутинска работа пола работно време, кај нас те оставаат минимум 10 саати, а за да се вработиш ако немаш врски уште малку ќе ти бараат докторат и работно искуство кое нема начин како да го стекниш.
Државава ненормална, работодавциве уште повеќе,а најтрагично од се е шо кутрите едвај осмо одделение дали имаат завршено.
 
Да имаш друштво е круцијално во тешки ситуации, кога ти треба поткрепа, кога ти е паднат карактерот. Еве на пример како ние денеска на @Red John кога велбек му стегна голче на јунајтед
Hehe :kuracc:
#du #pi #si#go :D
 
Ветувам дека нема да ги зезам фитнес инструкторките, нема да пишам Австралија пораки, нема да му носам бескофеинско кафе на колегава секој ден без да знае :kuracc: ќе правам муабет со комшиката што ме омажи 420 пати досега, само до утре да прекине гадењево :(
 
Мајка ми ја убедив дека виберот е без пари, а сега остана да ја убедам дека е срамота на пријателите на фб секој ден на профил да им става слики со цвеќиња. Да престане на сликите да ми коментира: како гулапчиња сте и лепотан на мама.

Да не споделува икони, семе синапово и други глупости.
Како што е тргнала и статусите на Лешоски ќе почне да ги споделува. :popce:
 
Знаеш ли Драгиња, дека ја ко сум била мала, сум гризела патики? :rolleyes:
Добро прочита. Ниту кондури, ниту штикли - исклучиво патики. :D
Убаво ме потсетија вечерва на фамилијарната прослава. Па земаа добар дел да раскажуваат како кога они иделе на гости кај нас, ги криеле патиките од мене да не им ги изедам :eek: и ред други трагикомични ситуации... :lolzz:

Кој фрик сум била бре :facepalm: :sramezliv:

#ispovesti
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom