Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто шо ме вади од памет и како путка се виткам е змии и кога ќњ видам некоја страшна повреда(изместени раце, нозе)
Дефинитивно не отварам темата за серија А само од заради ова последново.
 
Витолиште е едно така фино село во Мариовскиот регион, со тмурен дух, и зацртани спомени од минатото кои освен 200-те напуштени, осамени куќи, и 10-тината живи жители, нема кој да ви ги раскаже.

Го кренавме тој просек за плус 11 колеги/студенти. Успешно бегство па макар и за 2 дена од секојдневната бучава, и останати атоми човечки допир.

20150308_163114.jpg
 
Драга Кајгана,
8ми март, недела. Скопје, тивко, студено и со мокри улици. И покрај што не сакав, сепак излегов да го прошетам кучето, не ради друго, туку немаше кој. Целиот така наоблечен, со шал, капа, гумени чизми, тренерки и јакна, ко од англиско село дојден излегов да го прошетам кучето низ моето Скопје, низ моето маало каде ми поминаа најубавите години, најубавиот дел од животот..... детството.

Целиот таков наоблечен, со 90% мамурлак и главоболка се шлаев со кучето и тоа исклучително по трева, за да не го измачкам со кал до колена. На едно место абе кога почна да тегне кучево, тоа натаму, јас наваму. Ама реков ај изгледа сака таму да се помоча. Како што ме потегна, право пред мене се најдоа двата коша, стариот направен од дрво уште кога татко ми бил дете и новиот направен од железо кој го направија кога јас бев дете, на кои игравме баскет, жмурка, граница, шуто дупе, пат околу светот и место каде безброј муабети си споделивме. Одеднаш ми помина целото детство како филм низ главата......, сите игри, сите муабети, сите заеднички моменти кои ги доживувавме од утрото до мракот.

Продолжив со одење. Главоболката почна да се губи, а и мамурлакот. Ги здогледав старите згради кои се спремаат за рушење. Се сетив на сите комшии со кои сум доживеал различни моменти..... комшиите кои не караа, комшиите на кои им го кревавме притисокот со нашето урлање, комшиите кои ни даваа пари за да се почастиме. Како одев чекор по чекор, така во мене се будеше спомен по спомен. На враќање со кучето се свртив кон ширинката на која игравме граница, на која колената си ги правевме крвави кога паѓавме, на која игравме фудбал на малите подвижни железни голчиња, на ширинката на која се залепив со фацата кога учев да давам/погодувам тројки за баскет, на ширинката од изронат бетон на која седевме во лето до касно навечер и го чувствувавме топлиот бетон.

Тргнав кон дома, се сетив како сум трчал навечер во лето кон дома од пусти страв некој да не ме киднапира. Сите стоевме во средината на ширинката и на три четири сите спринт кон дома, целите такви воздишани и преплашени.

Стигнав пред зграда, поточно пред влез. Веднаш ми текна што останало од тоа. Празна ширинка на која повеќе нема детски џагор, дури и во лето, празни згради, ги нема старите комшии зошто тие починаа, старо маало заградено со нови згради, кош со искината мрежа, а најлошо од се, не постои она старо најверно друштво, кое се распадна поради новодојдени низ населбата. Башка тоа што сите тргнавме по различен пат.

Осетив силна болка во душата и само продолжив по скалите.


Носталгии... :place:
 
Два часа правам комбинации и склопувам идеален план за исхрана и тренинг за целата следна недела и откако ги завршив пресметките и варијациите на оброците решив да пресметам колку ќе ме чини тоа задоволство. Чудесни 4000 денари неделно, што за мојата уште почудесна земја се доста пари на неделно ниво(n), за волја на вистината низ поголем дел од европските земји чистач ги вади за 8часа работно време :toe:, а храната горе долу е тука со пари, суплементите дури поефтини. Или екселов што го користам е фалш или нешто тука чкрипи, сега мора да се измислува топла вода и начин како да се измами телото :zloo:
 
Мислам дека треба да се тргни 8ми Март од календарот. Од 7ми на 9ти да се оди одма.. Феминистки, празници, ден на жена, дескриминација, рози, цвеќиња, честитки итн. Тргни го бе да не се замараме.
 
Не можат да ме е*ат колку што јас можам да издржам - рече македонецот и издржа турско, грчко, бугарско, српско, комунистичко, транзиционо, лоповско, сдсмовско, вмровско..........
 
Кеј,
Цел ФБ ми е полн со слики од жени во кафани. Епа мене дечко ми секој ден ме пушта да излезам, па денес не морав да излезам. Уместо да славам, учев. Има ли подобар начин за обележување на празникот?!:ojeaa:
 
Абе драгичка..

Се ќе разберам, ама кога баба ми и дедо ми со пензија 19.000ден. ќе ми речат "Абе сине не стигаат, нема пари"... :uzi::uzi::uzi:
 
Драга Кајгана (виртуелен дневнику)
ми требаа 4 години матење да сфатам дека глуп ник одбрав. In other news, ми се дипломира некако as in really really bad! :mad:
И Мадона.
 
Вчера кога се враќав од утакмица одев паралелно со една мајка која ги шеташе двете деца.
Синчето и раскажуваше како играло некоја игра со возење коли и фатило 9-ти левел, ама после тоа му паднал левелот и ја изгубил трката.
Ме потсети на времето кога бев 100% заразен со играта Дигимон 1, па сите на сите им давав имиња од играта. Мајка ми беше Мамемон :icon_mrgr: И така напален и раскажувам со сто на саат колку сум напредувал дента во играта, и додека и објаснував дека со руки дигимон не можеш да победиш некој што е ултимејт, она ми вика:
- Абе како можеш да викаш руки кога РАЦЕ е правилно... :tapp::kuracc:
Во превод, џабе збориш, те слушам од време на време колку да не те навредам :icon_mrgr:
Најтапа ми е така кога ќе видам возбудено детенце како раскажува што му се случило, а родителот само како труп оди и клима со главата демек слуша :icon_mrgr:
Додуша во мојов случај мајка ми немаше врска за што и зборам, така да пола и се простува (y)

После случкава, му ѕвонам на татко ми да го прашам до колку саат работи Веро за да и купам Најлепша жеља на мајка ми, затоа што цело време ме прашува дали сум видел да се продава некаде. Само што го прашувам, ми снемува батерија. Типот ме слушнал дека сум му рекол дека сум кај Симпо и да се симне да ме собере и наводно сум му звучел исплашено :pos:
Огромна паника кренале, ѕвонел, не можел да ме добие, мајка ми уште толку се стресла пошто сонувала мртовци, и кога влегов дома беа како попарени со висок притисок :icon_mrgr:
На крај сите го дегуситравме чоколадото и заклучокот е дека не е лошо :нинџ:
 
Јас сум Марко Тасевски од Скопје и се занимавам со цртање, повеќе цртежи на мојата страница
> > > > https://www.facebook.com/TasevskiART
10592732_319730591535715_6174617991054263845_n.jpg
 
Кајги...

Официјално влегов во џорданските води, наполнив 23 години. :) Се осеќам помладо за една година, а не постаро. :D Ова ми е прв роденден после сигурно едно 7-8 години кој го прославувам со поблиската фамилија и пријатели. Обично се пиеше кај мене и се искачаше во град после тоа, али сега поради колоквиумите и ред други обавези решив да направам вака. Колку е само прекрасно кога ќе се соберат на куп поблиските од фамилијата и кога ќе се тераат стандардните муабети, што за политика, што за факултет, што за општи работи од животот... :icon_mrgr:

Од сабајле стартува 10 дневен турбо ритам за мене, едноставно мора да изгазам на колоквиуми семестаров, за после да биде полесно. Stay strong Stef, stay strong. :popce: :D

Edit: Ќе заборавев... Добро бе, како може девојчиња од по 20 и кусур години да се сликаат и во исто време средни прсти да покажуваат? :facepalm: Срамота е бе, девојчиња сте, место да покажувате женственост, вие среден прст, акт на тежок сељачизам. Не дека ако машко го направи ова би било океј, далеку од тоа, ама па женско бе мајку му стара? :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom