Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Планирам да отворам нова тема за Мариово ќеј, знам дека има една насловена Мариово и Прилеп, но јас сакам посебна која ќе се фокусира на културата во главно. Ама сега за сега, дур да најдам време ќе ги оставам сликите да трептат овде во Ди Кеј како најчитана.
Во време на негација, ние не требе да се фокусираме на тие кој не негираат. Туку само на себе. Пошто имаме на што да сме ебано горди. Плеснете им култура в лице. Како јас што ќе го направам тоа со постов.


1000057637.jpg1000057639.jpg1000057647.jpg1000057649.jpg1000057659.jpg1000057653.jpg1000057655.jpg1000057645.jpg

Мариовците се едни од најстарите племиња во Македонија. Се смета дека влечиме потекло од Мирмидонците, еден стар македонски сој, поврзан со Александар.


МАРИОВЦИ

1000057663.png

Мариовци за Митровден
1000057664.jpg

Мариовци на трпеза. Како лично Пејо Мариоецо да седи на чело, хаха срцки мои.
1000057665.jpg
^ Оваа слика ми носи толку спомени од детството. Мариовците уште се собираат вака за слави. Има толку многу лукавост и итрина и кроткост и доброта во нив. Двајцата родители ми се по потекло од таму, од две различни мариовски села.
Мариовски обичај на канење на мртвите на свадба.
1000057666.jpg

За Мирмидонците се смета дека му предочат дури и на Александар Македонски. Односно, тие се борат на страната од Ахил во Илијадата. Години подоцна Александар и Хефест биле да се тркаат на истото место каде трчале Ахил и Патрокло, за да им оддадат почит на мртвите. Незнам која е врската меѓу Мариовците и Мирмидонците, со оглед на тоа што вторите живееле појужно од нас, во Тесалија, но знам дека култот на Свети Илија е преголем кај Мариовците.


Баба ми Петра знаеше да пее како Танја Царовска во песнава. Истиот стил со кој биле оплакувани сопружници по смртта. Така го оплака и дедо ми кога почина.
Чуваше и мариовска носија, тешка добри 10 кила, со бронза со се.


^ Само што баба ми кога викна, звучеше повеќе ко Танја во другава песна, од 01:00 минута па натаму. Се смрзнаја сите на погребот. Мајка ми ја прекори за ова. И рече дека не треба да претерува со трагедијата. Култура. Солзи ми се ронат со самата помисла за сите нив.
Имаше светло зелени очи, а родија типични црнокоси Македонци од по 2 метра.


Многу Прилепчани кој влечат потекло од Мариово децата сеуште ги крштеваат со името Ахил.
#МАКЕДОНЦИ
 

Attachments

  • 1000057643.jpg
    1000057643.jpg
    395,6 KB · Прегледи: 46
Последно уредено од модератор:
Драга, искачам сам у град на 31ви без план со 700 денари у џеб, на 01.01 носам пиче сабајлето дома. На 03.01 ми праи доручек и ми носи у кревет. :eek::LOL:

Добро бе 100 пати кажа ебате Дон Жуанот. Сеа на 6ти кажи у кој паднала паричката и да си легнуваме.
 
А пичето :icon_lol:

monikka.jpg
 
Кеј
Никош нема да ја заборам Шенка Колозова како глумеше еѓупка од фараоните кој Теодус ги нејчеше. Куме!! Хахах која легенда.
На такви книги, ние Македонците снимаме само мрачни арт трагедии, сето уметност, црнила, несватливост, дип дип тхотс. Катастрофа.
 
1) Без цитирање, тагирање и надополнување нечие мислење
Затоа што е Драга Кајгана е форумџиски дневник, а не турска серија од 1000 епизоди.
Не би сакале 2, 5 или 10 члена да влезат во беспотребна дискусија без крај.
Кој ќе го чита тоа? Ако сакате да му одговорите на некој член, користете ги персоналните пораки.
@Византиецот, @Khabib, @Ghost Recon

3 дена одмор од темава. Истово важи за сите кои ќе цитираат или се надоврзуваат. Почитувајте ги правилата за да не дојде до перманенто отстранување од тема.
 
Драа

Па има ли нешто погнасно и понекултурно да жвакаш жвакаќу сс поуотфорени уста.Па да си мљацкаш, да се глеа како ти центрифугира како лото топче. Још па балонче кд ке напраиф и да пукне.
И плус тој на јавни места.Глеа ме у очи и ми се лигави како порно стар на кур.
Па дома на само ако сакаш и пластелин жвакај, праи фигуре сс уста хаха.
А и жвакаќа како жвакаќа, кој гу измисли.
Ке искривиш вилицу како некое дете што цуца цуцлу до фторо одделение.
А па цуцлу кој гу измисли?
Срење.

Као демек па и поубави зуби ке имаш ако жвакаш жвакаќу.Не.
Ми ги редовно, иди на зубара и ете ти.
А тија што корнеф на лук или кромид нека лижеф бонбоне. Јебала ве жвакаќа.


И да, жвакаќа е.
Не е мастика.
Мастика се пие, жвакаќа се жвака.
 
Да ја искористиме темата едукативно :

Последниве години дома сум за "новата" и ми стана стандард после 00:00 да си честитам прво со лабрадорчето бидејќи во соседството стоките пукаат со петарди и тој многу се плаши.

Оваа година се надминаа со себе на кровот ми фрлаа петарди исто и кај соседот , прво им реков не фрлајте во мојот двор ама оти беа дупка пијани (нова годинаааа идееее неее еее заебанција)најкултурно им реков " Да ви ебам болесниците !" и излезе некоја жена нормално "мажите" свиткаа опашка престанаа.

Оти беше ладно утредента го пуштам соларното и не ми се дополнува а вода ми тече во олуците од кровот.
Празници, вчера доаѓа мајсторот и ми ја покажува цевката, зацрнета, скршено стакленце и затоа тече, ми вели од петарда ти е.
Јас тоа да го направев дотичната стока ќе ми дојдеше дома, ќе ми бараше пари за оштетата.
Јас баталив, к'смет нека живеат.
Фала и приватно т.е пријатно.
 
Малце доцнам, но да напраам една кратка рекапитулација од минатата година.
Година на боледувања, мали здравствени крахови, досадни болести но и психички заздравувања од изминатите две.
Зимски сон и монотонија, како и преебување на кичмениот столб ради форсирана физичка работа во почетокот на првото тромесечје. Од април до август светла точка, неколку патувања во странство, дружби, прошетки. Септември-октомври посветување на физичкото здравје, прошетки низ планини и езера. Ноември - сега... монотонија што ради досаден вирус кој се повтара од време на време, што ради загазување у ќор сокак на работа. Но мислам дека му се гледа крајот за кратко време.
Цели за годинава - да ги дозавршам претходните од изминатата - сменам работно место, токсична средина, запознам нови попозитивни ликови. И повеќе прочитани книги од изминатава година. И секако патувања во странство. Земјава наша стана многу токсична во последниве неколку години.
So says Saladin
 
Пишав неколку постови тука за underground/герила обележја на Скопје каде што спомнав неколку објекти. Сега ќе спомнам личност. По социјалните мрежи се прошири вестта дека починал Зоки Панкер. Долгогодишен менаџер на ноќниот клуб Балет, Зоки беше воедно и неговата маскота и знак на препознавање, неговиот идентитет. Многумина имаат приказни за раскажување поврзани со него или Балет. Од пасионираните љубители на ноќниот живот во Скопје, до оние што излегуваа два пати во годината. Под покровителство на Зоки, Балет просведочи запознавања што воделе кон новостекнати другарства, бракови, разводи, швалераи, несреќници и осаменици во љубовта кои со one night stand-ови пробувале да ја пополнат макар на неколку денови или саати дупката што осаменичкиот живот им ја ископал, ВПШ лица, луѓе заборавени од времето, просторот и Бога, ливадари и ливадарки, пијанки, забави каде што во главно луѓето биле олабавени и се забавувале за разлика од други "поелитни" места каде што побитно е да те видат, луди ноќи што завршувале во 7, 8, 9+ сабајле со пецива од кај бабето или Ла Делишес. Во средиштето на сето тоа беше Зоки како централна фигура. R.I.P Зоки. Ради тебе многу луѓе имале ноќи за паметење, или за заборав, кои ќе им ги раскажуваат на децата, внуците и блиските или па, баш напротив, по секоја цена ќе сакаат да ги скријат да не го видат светлото на денот исто како и самиот Балет кој додека не излезеш од него не знаеш дали е ден или ноќ. Ама во кој и да е случај биле забавни, интересни и полни со животни искуства.

1767536823522.png
 
Dear K,

Не за џабе рекле дека среќата е во малите работи. Ова се моите Новогодишни поклончиња. Не ми требаат скапи дарови, дури имам и некаква аверзија кон нив.

На ваквите работи им се радувам како мало дете:

mali-raboti.jpeg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom