Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Планирам да отворам нова тема за Мариово ќеј, знам дека има една насловена Мариово и Прилеп, но јас сакам посебна која ќе се фокусира на културата во главно. Ама сега за сега, дур да најдам време ќе ги оставам сликите да трептат овде во Ди Кеј како најчитана.
Во време на негација, ние не требе да се фокусираме на тие кој не негираат. Туку само на себе. Пошто имаме на што да сме ебано горди. Плеснете им култура в лице. Како јас што ќе го направам тоа со постов.


1000057637.jpg1000057639.jpg1000057647.jpg1000057649.jpg1000057659.jpg1000057653.jpg1000057655.jpg1000057645.jpg

Мариовците се едни од најстарите племиња во Македонија. Се смета дека влечиме потекло од Мирмидонците, еден стар македонски сој, поврзан со Александар.


МАРИОВЦИ

1000057663.png

Мариовци за Митровден
1000057664.jpg

Мариовци на трпеза. Како лично Пејо Мариоецо да седи на чело, хаха срцки мои.
1000057665.jpg
^ Оваа слика ми носи толку спомени од детството. Мариовците уште се собираат вака за слави. Има толку многу лукавост и итрина и кроткост и доброта во нив. Двајцата родители ми се по потекло од таму, од две различни мариовски села.
Мариовски обичај на канење на мртвите на свадба.
1000057666.jpg

За Мирмидонците се смета дека му предочат дури и на Александар Македонски. Односно, тие се борат на страната од Ахил во Илијадата. Години подоцна Александар и Хефест биле да се тркаат на истото место каде трчале Ахил и Патрокло, за да им оддадат почит на мртвите. Незнам која е врската меѓу Мариовците и Мирмидонците, со оглед на тоа што вторите живееле појужно од нас, во Тесалија, но знам дека култот на Свети Илија е преголем кај Мариовците.


Баба ми Петра знаеше да пее како Танја Царовска во песнава. Истиот стил со кој биле оплакувани сопружници по смртта. Така го оплака и дедо ми кога почина.
Чуваше и мариовска носија, тешка добри 10 кила, со бронза со се.


^ Само што баба ми кога викна, звучеше повеќе ко Танја во другава песна, од 01:00 минута па натаму. Се смрзнаја сите на погребот. Мајка ми ја прекори за ова. И рече дека не треба да претерува со трагедијата. Култура. Солзи ми се ронат со самата помисла за сите нив.
Имаше светло зелени очи, а родија типични црнокоси Македонци од по 2 метра.


Многу Прилепчани кој влечат потекло од Мариово децата сеуште ги крштеваат со името Ахил.
#МАКЕДОНЦИ
 

Attachments

  • 1000057643.jpg
    1000057643.jpg
    395,6 KB · Прегледи: 46
Последно уредено од модератор:
Драга, искачам сам у град на 31ви без план со 700 денари у џеб, на 01.01 носам пиче сабајлето дома. На 03.01 ми праи доручек и ми носи у кревет. :eek::LOL:

Добро бе 100 пати кажа ебате Дон Жуанот. Сеа на 6ти кажи у кој паднала паричката и да си легнуваме.
 
А пичето :icon_lol:

monikka.jpg
 
Кеј
Никош нема да ја заборам Шенка Колозова како глумеше еѓупка од фараоните кој Теодус ги нејчеше. Куме!! Хахах која легенда.
На такви книги, ние Македонците снимаме само мрачни арт трагедии, сето уметност, црнила, несватливост, дип дип тхотс. Катастрофа.
 
1) Без цитирање, тагирање и надополнување нечие мислење
Затоа што е Драга Кајгана е форумџиски дневник, а не турска серија од 1000 епизоди.
Не би сакале 2, 5 или 10 члена да влезат во беспотребна дискусија без крај.
Кој ќе го чита тоа? Ако сакате да му одговорите на некој член, користете ги персоналните пораки.
@Византиецот, @Khabib, @Ghost Recon

3 дена одмор од темава. Истово важи за сите кои ќе цитираат или се надоврзуваат. Почитувајте ги правилата за да не дојде до перманенто отстранување од тема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom