Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Dearly,

Цело утро мислам дека е петок и планирам петочни активности, а никако да ми текне да си ѕирнам во распоредот и да видам дека денес ќе сум сама во канцеларија, ќе си ја рокам Роисин Марфи и ќе си јадам лубеница. Четврток е. Уште еднаш. Четврток е.
Животов не само што е компот, ами и лош желиран џем. Моите и двајцата се хоспитализирани. Не знам дали треба да пишувам за ова, ама ми олеснува. Се надевам и верувам на лесен помин и многу храброст. Деновиве сум како мува или пчела. Расположение на гомно, а работа ко трудов амбициозен инспектор. Чистење, администрација, плачење во вц, пинџур, дијагнози и џиткање тон стара облека, пластики, хартија. Егзистенцијални контракции и контрадикции. Сфаќам дека на крајот на денот - сите ги боли кур за секој, а секој си го бере гајлето ем чарето. Така е. Нема посуштинска вистина од таа, и еве јас на прагот на 30тата, го сфатив тоа, а уште боли. Филантропија насадена накриво.
Ме загрижуваат тон работи, а кого не. Има еден стадиум во животот за кој се надевам ќе пишувам во иднина, а тоа е чувството на отпор кон се’, чистата бесмисленост и реконекции со луѓе, тотален пад со други, отуѓување и отужување. Разочарување од себе, сомнеж и слични ми ти работи. И нормално, терање све у три лепе материне и присобирање циркускиот шатор.
Вчера токму тоа што не сакав, го направив. И такви мали компромиси низ ерата сопствена. Само ми беше многу драго што се збравме луѓе кои некако напреднале во главата и мислата. Се’ другото ми е трач и губење енергија.

Во еден момент, бевме три жени на улица. Едната (јас) носев литро ракија во ранец (за момчето), другата туркаше точак, а третата е трудна шести месец.
Секоја си го туркаше животот, всушност. И ми падна фино. Живи сме и борбата продолжува. Си ветив - нема да бидам циник и гад. Ќе правам добро. Ќе плачам. Ама немам друг памет нит срце, ова е што е.

Четврток е, аман.
Еве ти ја Росин.
М.
 
На мажот треба да му се одземи машкоста теба кучка да биде, е тоа. Не можев да го догледам ова јас, понижување на ниво :icon_lol:.

 
http://press24.mk/izgotven-nov-pravilnik-se-voveduvaat-chetiri-kategorii-na-voda-za-kapenje
http://press24.mk/izgotven-nov-pravilnik-se-voveduvaat-chetiri-kategorii-na-voda-za-kapenje
И ете како заврши целата сага со загаденото Дојранско езеро, по сите пиења гомна, сликање, крштевање изјави на секој еден освен вистински стручни лица, на крај се заврши согласно Уставот и законите (и по новите правилници нормално).

И после некој ќе се пожалел дека државата не била ефикасна и не ги решавала проблемите.
 
shef.JPG

Ова го вика човекот шо се си правеше муабет со модемот дека немало интернет за да и` пише на најјаката пичка во градот...

Инаку конечно стикнаа наочарите од нарачани интернет, после еден месец и супер се, мислам дека најдобро ми стојат од сите што сум ги имал досега. :love: Инаку сите шо носат наочари знаат дека по оптиките цените се изгор, а мене ми треба нешто шо ќе ги држи стаклата за да можам да гледам, simple as that. Вака може фејк се, ама бар знам дека плаќам минимална цена. Е на вакви работи се радуваме ние со заебан вид, така да знаете. Ајде сега уште стакла со диоптер да му ставиме...

13711521_10204863862995222_65197632_o.jpg
 
Ајфон лаптоп
Ајфон Ајфон Ајфон :facepalm:

Уште ова го немав слушнато

X8Ufi_zps62cda975.gif
 
Драга Кајгана,

Уште играта со Покемоните им фалеше на сите... е тоа ќе е апокалипса, а не јас во комбинација со Гаро и Каталина.
 
Дури сега сфатив колку сме се поврзале со нетот. Ни станал најзначаен дел од животот и доколку моментално го исклучат поголем дел од луѓево ќе полудат. Немавме нет дома три дена, копале на улица скинале кабелот и им требаше три дена за санација. Не е битно ова, битно е што изгубивме осет како е да се биде без интернет. Не знаме што да правиме со себе, ако нема интернет.

Моите си легнуваа уште во девет поради тоа што неможеа турски серии да гледат. Јас кога бев дома полудував, не можев ни филм ни серија да гледам, не можев ни музика да слушам., ни игрица да изиграм. Па што сме правеле кога сме биле мали и не тераа да седиме дома на жешкото, а немавме интернет и компјтер? Јас искрено не памтам како ми поминувало времето дома пред осмо одделение кога го добив првиот компјутер.
 
Драга...

... ја сум слаб со social intelligence малце, а до негде и со општа култура. И има една ствар што ме мачи од мал, али никако да ја елаборирам и глупо ми е да прашувам, па тука ќе си ја кажам.

Сеа, идеш негде на гости, океј? И нормално, имаш обувки. Влагаш, домакинот ти вика „влези ајде, не мора да се соблакаш“. Никад не сум сфатил дали он со тоа сака да ти направи услуга или културно сака да ти каже „не се соблакај сељак еден, по чорапи ли ќе ми газиш дома“. Или дали он мисли дека мене ми е мака да ги соблекувам патиките, па затоа сака да ми излезе у пресрет? Пошто јас нејќам да седам со патики, многу покомотно би ми било да се соблечам и лабаво да си седам. Али дали тоа е пристојно? Дали е пристојно да бидеш тип по чорапи дур сите имаат патики. А зашто едноставно сите не се соблечеме? Што ќе се случи ако кога он ќе ми каже „не се соблакај“, јас на тоа му речам „ужиј брат, не ми е проблем“. Дали ќе си рече „епа топ чим не му е проблем“ или ќе биде као „кај го викнав сељаков, кај шо слуша турбофолк, па и нема грам култура да седи обуен“. Дали е добар гест сепак да ги соблечам патиките, и со тоа ем сам да си напраам услуга, или е некултурно? Пробав од моја гледна точка, али сфатив дека ја коа примам гости им викам „влагајте ајде“, не се замарам дали се соблакаат или не. И 99% од времето се соблакаат. Али пак не разбирам, дали тоа го прават пошто им е покомотно, или пошто тоа е културно?

Значи која од овие опции е точна:

а) Културно е да си по обувки, затоа и они културно ти викаат да не се соблечеш;
б) Сеедно е дали си обуен или не, ти викаат така од култура;
в) Гад им е да гледаат луѓе по чорапи, па глумат дека ти прават услуга, а уствари потајно те молат да седиш обуен и не би било културно на нивно инсистирање ти да се соблечеш;
г) Едноставно мислат дека за тебе е подобро да не се мачиш да се соблакаш, па по цена на тоа да им го прљаш станот со обувки со кои си газел надвор ти викаат да не ги соблакаш, покажувајќи домаќинство и култура (иако, ќе повторам, јас преферирам да ги соблечам обувките).

Неам благе везе кое од овие е тачно, and at this point I'm too afraid to ask. А, ако е последното, како да објаснам дека јас САКАМ да се соблечам?

Ама дали е последното... АМАН!
 
Се моли @DaniBMW да ја нашминка сликава. Шишето за 15 степени да легне на лево, и двата леери (шишето + лео) да се колоритно споени.

едит: Фала ДАНИ!

DOJRANKA.jpg


Нукола & Дани продакшн. Сите права се задржани! :anco:
 
Последно уредено:
Драга од многу си патиме ама посебно од овие што се занимаваат со многу важниот настан кој гласи
''Масовно ловење на покемони во Македонија'' ...


''Затоа што пре би да се соберете и организирате да собирате покемони, а не да си ги барате своите права, тогаш не 10 години, уште 110 год. ВМРО ни се малце''...enough
 
Завод за Вработување се дно дна.

Те викаат за интервју за работа,пишано барам за економист , они за да работиш на Бензиска или шофер.Не дојдеш,аут од евиденција.

Се пријавуваш за сертификат,ти се јавуваат веќе 3 месеца за група да оформат.

Се пријавуваш за познат работодавач или самовработување.Пак веќе 3 месеца се јавуваат.

Ем не работат добро и те присилуваат со бришење од евиденција.:sick:
 
Кајги,
не сум човек што сака многу промени, поебно не нагли промени...
Ама дури сега знам дека убаво ми дојде оваа промена...
Еве сум си, кулирам сама, музиче си ечи и си џускав до пред да пишам овде... Да ме гледаше некој ќе се изнасмееше, ама затоа сум си сама - нема кој да гледа :pos:
И решив да уживам, во сето она што ми се случува сега,да гледам од убавата страна малку... па што ќе биде нека биде :) дури е убаво ќе уживам, а кога ќе дојде лошото - ќе се борам :cool: на крајот на краиштата сама си одбрав вака да биде, па подобро да уживам во ова !
It's never too late ;) :D
 
"Еееј брат, ја да имав повеќе пари знаеш шо ќе напраев?"

Истото што го правиш и сега со таа разлика што тогаш ќе викаше "Браааат..да имав повеќе време знаеш шо ќе напраев?"
 
Драа

Ти сама знаеш дека мене ме бива сс деца мали, возраст градинка, абе легенде су еј,ботови они цаканки : D Хербариум е збирка на растенија,инсектариум наравно на инсекти,а легендариум е збирка на мали дечиња, градинка и сфе е могуќе.

Днска ми га разубависфа дн. Рано сабајле на работу дојдесфа тачно 13 деца од некоју градинку од Карпош сс 3 васпитачке, имаф наставу у природу(читај ланџ бар) за да видиф како се праи пица и да научиф нешто за пицу. Ја ги беше водич и оратор, како онј у Хералкеју у четфрто на екскурзију : D
Деца бесфа мноо интересни, позитиф невиден
Преедам ги ја за пицу и ајде добар апетит да гу пробамо нели и ја ги викам ајде да пофторимо
Овај пица се викаше м? М? М.....
Маргаритаааааа
Кој зачин најчесто се ставља на пицу одозгора? О? О? О......?
Ориз :vozbud:
Доро ајде да скрату, погодисфа од коју државу потекнуе пица, нели цело Скопје навива за Италију.
После ги кажува дека капричиоза е најпозната пица, она е маргарита плус шунка и пеќурке : D
И да пофторимо, која пица е најпозната, онај сс пеќурке и шунку
И едно лудо плаво ала скандинафче кд се избаци:
Шумска пица !!!:pos::cuc:

Браос бе златни дечиња, мејк мај деј позитиф еј : D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom