Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пред скоро година дена мојот папагал си излезе од врата и не се врати :( пред два дена, онака роденденски, на тераса ми долета исто такво папагалче!!!! Радости невидени!!!! :) :) :)
 
Како бе денес баш на атеист му честитаат име(нден)?
Башка сабајлето го разбудија две млади убави дадички за да го поканат на некојси религиозни предавања за некакви си сведоци...
 
На 23 степени ми е жешко, на 22 ми е ладно. :confused: Ќе ја поебам климава уште малце.

Чаре некое? :cautious:
 
„Европската комисија нема да врши надворешната експертиза во содржината на која било поединечна кривична постапка. Во дописот е истакнато дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на јавните обвинители е судот од прва инстанца и во случај на жалба Апелациониот суд“

Никогаш европјаните не покажале толкава доверба во нашите институции. Треба да сме поласкани.
 
Здраво драга,
Ми дојде другарката од Германија без претходно да каже дека планира да доаѓа, сакала да нѐ изненади. Епа богами успеа, како потресена сум од среќа. [emoji2]
 
Едно време одбројуваа до некој си концерт, па после за бомбите, сега за некоја дилберница. Ај и јас да одбројувам.
ДРАГА, уште помалку од 40 години до пензија :vozbud:

Сонував дека сум имал 130 кг. То се две манИкенки и една вреќа цемент.
 
Официјално, нешто што повеќе замара од оние Платени Политички Програми што ја обземаат цела ТВ програма за време на предизборни кампање е.....платена политичка програма кога не се очекуваат избори во следните неколку години...и тоа од партијата на власт...
 
Драќе
ќе си остаам пораче овде фмп

Месиџ ту селф
не си играј курот со драјвери коа имаш колоквиумска зашо ќе завршиш со сјебан компјутер
поздрав
 
Конечно се смирив малку па ќе пробам да не употребувам пцости. Пред два саати бранев проектна задача за матура по информатика. Темата ми беше "Хаштаг и полесен пристап до е-содржини", си научив фино лепо, отидов таму без трема и слични глупости и си презентирав без проблем. Е сега кај нас во школото има тројца професори по информатика од кои двајца се млади и една постара професорка. Професорот шо ми предава мене е многу кул тип и знае колку можам и уште пред тоа како ментор ми ја пофали проектната. Другата млада професорка не коментираше многу, ама старата глупача шо секој ебан човек знае дека нема врска од информатика, а богами ни од животот докажа дека е најглупавото суштество во светот. 20 (значи дваесет) ебани минути практично и објаснував како се користе хаштаг на компјутерот и она не успеа да разбере каква му е намената племето да ѝ го ебам неандерталско. Дури на крајот ми речи ќе проверам дома јас како се користе и ќе те викнам утре пак да ми објасниш... Нека се гоне во три лепе и она и образованието во Македонија, цел живот со идиоти со IQ помало од бројот на страниците во проектната се расправам.

Изгледа не успеав да ги изоставам пцостите целосно и нив да ги ебам...
 
Драга,
денес осетив два тотално различни моменти поттикнати од брза вожња, првиот кога со 150 км летнав на тумбата што е преку сите 3 ленти (посебно на лентата за претекнување) кај велешко брдо или како и да се вика тој дел, цела среќа што не ја однесов целата предница, бидејќи лупна квалитетно и навлегов во соседна лента за да се стабилизирам (фала богу што ги плаќам тие 2910 денари за одржување на јавни патишта, се осеќам феноменално кога возам по „писти “:mad:).

Вториот момент кај големиот тунел пред Катланово, несвесно ппретекнувајќи 3 шлепери еден позади друг се влетав во тунелот со 160км, адреналин упм, на излегување кога ја видов слветлината ,се осетив како на Ентерпрајз кога влегуваа бродовите во warp speed и стварно е добро (уште да не е толку ризично би го испробал повторно, али не сум само јас на патиштата ).
Немав „летано“ одамна по патиштава наши, а немаше ниту денес, али јбг морав да стигнам на состанок :oops:
 
Драга, како ме изненадила мајка ми денес не си свесна.
Накратко, летото кога работев во Америка имав пробано едно јадење. Од кога дојдав го имав спомнато неколку пати дека е најубавото нешто што сум го пробал. Јас иначе сум тромав кога станува збор за готвење и затоа нејќев да пробам да го приготвам. И денес така доаѓам дома за време на ручек дома и уште кога ја отворив врата мирисаше на нешто убаво. Кога што ќе видам, мајка ми експеременитрала за ручек. Го зготвила јадењето дури и поубаво од ресторанот каде што го имав пробано.
Не знам што ме изненади повеќе, фактот што го направила овој ручек или па фактот што мајка ми експерементирала, оти она не е личност кога го прави тоа.​
Доколку те интересира драга јадењето се вика Chicken Parm полнето со сланина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom