Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга заебана ситуација. Дрвата ги очекувам секој момент. Арно ама едните комшии ми се ВМРО другите СДСМ. Како да ги викнам напомош. СДСМ +ВМРО+СЕКИРИ не е добра комбинација во моментот. И сега кој да го барам, Бејли и оној со мачките. Све да им ебам, да неможи чоек нарајат неколку кубици дрва да си ги среди и да си мани по некое домакинско успут со првите комши, башка салатиче и по некоја љута бела.
 
Вчера вечер мојот прв братучед си замина за Америка...Заедно со неговата жена...Засекогаш...
Бевме кај нив дома собрани, на мала вечера и седенка, заедно...
После тоа ноќта касно ги однесовме на аеродром...
Реално мојот братучед немаше лош живот тука...Имаше работа по струка, која за овие стандарди утепани овде па и не му беше лошо платена..Имаше слободни викенди, своја канцеларија, добра кола, пријатели, дружења...
И сепак реши да замине...
Ќе памтам засекогаш како во еден момент не погледна и ни кажа на сите: овде иднината црна ќе биде, а вие кои ќе останете овде треба да сте многу јаки...
Од државава почнаа да си заминуваат не само заради финансиски причини, туку и општо заради гнасниот живот и срушениот државен систем кој не функционира веќе одамна...
Му ја посакувам целата среќа на светот да ја има таму...
Друго што ми падна во очи вечерта беа некои од гостите што решиле од прво до последно дете што нашле по дома да го донесат таму...Кај последна вечер на братучед ми тука, па се потрудиле вечера да ни спремаат, па уште и станот му го превртеа наопаку, невоспитани дечишта...Тоа е ваљда во македонскиот менталитет всадено така...
 
Го знајш оној момент кога ќе измешаш две срања и ќе добиеш уште поголемо срање на крајот?

Епа тој. Еве AC/DC го зеле Аксл Роуз oд GNR да им биде пејач.
 
Драга,
Види ја @MAJA 345 шо е уба.
Штета што глуми Кајгана селебрити и не можеш да и пратиш порака за да ја пофалиш ниту да и видиш/пишеш на профил.
Гарант на фејсбук ја има тргнато опцијата за бефрендање исто така.
Тоа е едно од поголемите дна, да ја бараш таа опција којзнае каде.
 
Мацо,

Шо се деси со светов бе ?
Коа ќе изглеам една добра комедија бе ?
Аман више од „комедиите“ шо имаат некое патетично клише у нив и само една максимум две смешни сцени. Дајте више една јака комедија, да му се плукнам...
 
Кајги ,

Еве го 2;15 часот по полноќ - само што се прибрав од Сингапур. Заеби тоа што;
1. не сум наспана ко што треба - пореметени врменски зони ,
2.се осеќам гладно пак- виде се оваа, ќе седнам да јадам у никое време,
3. згора на се ,цимеркава од Алжир лом напрафила дома, али лом у буквална смисла ....она како и по обичај излезена , оставена климата уклучена да дува , оставен шпоретот на 4-ка а ништо не се готви на него , оставена уклучена пеглата , влезната врата отклучена , алишта расфрлани

Еј значи жими се најмило , само нека се прибере дома , има кавга да падне . Оној пат арно ја научив онаа од Мароко да средува , сега е време и со оваа да поразговарам ШТОМ ОД ДОМА НЕ ЈА НАУЧИЛЕ НЕЈЗИНИТЕ . Па дали е свесна дека е крајно неодговорна личност ?

Ќе експлодирам од нервози , а утре во 19 часот имам лет за Индија и нели 2 саати пред лет треба да сум на аеродромот што значи некои 12 саати имам само да се одморам и што поправо да правам бре , како ке одам на работа нервозна и неодморена ? А не ми се криви патниците што јас за цимерка имам свиња , работа си е работа, али психички сум уморна.

Друже ода да се бањам и да јадам , а ако се прибере козава у меѓувреме , осеќам нема да има спиење вечерва. Искрено ќе се потрудам да одспијам барем 5 - 6 саати за да можам да го издржам летот утре.

Уфффффф бре :lut:
 
Драга Кајги,

Ептен ми се погоди денов бе. Ептен, како одамна што не било. Е ова е за мене недела. Да се видиш со куп пријатели, да си направиш муабет, да не мислиш на други проблеми, успат да те држи оптимизам цел ден. Само Барса што изгуби не ми е по ќеф, ама сега ќе си го пуштам новиот Star Wars (иако не сакајќи разбрав спојлери) и ќе си кулирам. Исполнет ден е секогаш супер ден. ;)
 
Пола фејс постира видеа/слики од Коачела, другата половина постира видеа/слики од концертот на Тропико Бенд #ДеликатенБаланс .. А јас се думам цел ден дека (ВЕРОЈАТНО, далеку од потврдено инфо) испуштив свирка на Силви Бенд во градов и шубе ме фаќа, кривици ме јадат, пошто никогаш го немам слушано ова мк евергрин дуо. Убаво си кажа Грејс на времето - I live my life with low expectations, so everything else is a surprise. Тоа е. #VecernjaDozaMudrosti
NO! fsaddsaasdasd.png
ПС - Дознав дека со ДОТКА:icon_lol: делиме иста пасија према Кара Делевин. The cousin bond just keeps on growin ..(y):backa: *ма да блузата може само да ја сања
 
Во многу забегано маало живеам. Овде петлите кукурикаат во 3, а славејчињата се распејуваат во 2. А хомосапиенсот-јас тек си легнува.
 
Драга...

13012888_10154630222241840_3078576549058438505_n.jpg


... ануални собири ни се секој вторник у 18:45. Секој кој се пронаоѓа е добредојден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom