Некаде во некоја напуштена гаража во градот седат две индивидуи на кои што зачадената просторија воопшто не им смета.
-Брат...кога и да дојдам кај тебе имаш добро срање
-Ех зар сумњаш у мене бе..најдобра роба увек имам..
-Ова ганџава ти е..топојни бе брат...фала уште еднаш..
-Ма остај, не е проблем, кога и да дојдеш кај мене имам квалитетни ствари за конзумирање без разлика дали е тоа обични сокови или наркотични супстанци..
-Него брат...не ти е страв да не си ја заебеш работава ради ова?
-Ради дрога да си заебам работа? Ма не бе..под дејство на дрога ми текињаат најдобри идеи..
-Е како не бе...ај да те видам нека ти текне нешто сега што ќе го ставиш кај тебе на работа бе?
-Ма не бе, нема што да се докажувам...али толку верувам дека дрогава ти помага со кретивност...што тебе ќе ти дадам да ми дадеш идеја и одма ќе ја имплементирам?
-Моја идеја? хахахаа братче мене глупи идеи ми текињаат само..
-Ако бе..кажи си, ја одма уште утре го правам реалност...на што мислиш у моментов?
-Па....мислам на...човек!...стои до тебе!.....и пази ова......облечен е ко слон!
-...Зашто ко слон?
-Не е битно, онака ми текна, ти викам глупи иде......чекај....кај идеш бе?
-Да барам костим на слон...уште утре у емисија го ставам..
- Како му текнала идејата на Вучиќ зад слонов до него, најверојатно