Кога ќе видам трубачи во 00:00 часот знам дека и оваа година ќе биде ромска(да не кажам циганска) и истиот репертоар го гледам во претходните три децении,башка што поомразен инструмент од труба немам..Како и да е среќна нова и од мене..
Нова година не ја сакам од причина што треба на 3727327742 луѓе да честитам, а секогаш некого заборавам, али ајде бар да видиш дека сите се живи и здрави. Теби и на сите твои членови посакувам се најдобро, здравје, среќа и успех и да не одминат лошите работи. Секако и ти да се вратиш посилна после надградбата.
Не сум по честитањето, не честитам нова година (освен на тие тројца што им се згрешило да ми честитаат), празници, родендени, свршувачки итн... Викајте ме темница, секако доаѓам од темната страна и со Темната Страна.
Srekjna nova 2025 moi forumski kolegi i koleski i mnogu ksmet vo istata, oti i prasenceto so go imavme na trpeza bese zdravo, srekjno i veselo ali za zal nemase ksmet .
Некому не му е нормално што Нова година ја поминав сам во стан правејќи секојдневни работи и чекајќи да заврши бомбардирањето во 12 па да си легнам, ама битно мене ми беше убаво.
Правете сѐ она што ве прави среќни колку и за другите да изгледа чудно и ненормално.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.