Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драгано. Заебан бил тоа аутокоректо. Шпијон тежок. Открива кои зборови ги користеш.
Среќа ја шо не пишам СМС пораки, па можам да ги поправам. :D
 
Знам дека има луѓе што ме сметаат за чудак... И веројатно имам направено доста чудни работи во животот...

Тоа што денес појадував две варени јајца и јогурт на седиште во колата паркиран на бензинска е сигурно во топ 10...
 
Драга посоветувај ги омладинците,да не го бираат „alprazolam",како анксиолитик,оти на промашена доза или „истенчена",можеш да го пратиш во некоја друга димензија ближниот за навидум ситници :)
(во превод летање секири,балтии,аксове).
Секако сите мои ближни до сега ги чувал Господ Бог или Санта Муерте,не сум сигурен кој? ;)
Посебно ако ми чепнат на професионален план.
(Сите се преживеани за чудо.)
 
Последно уредено:
Кајг,
времето не го мереше, ама таа направи 17 000 чекори што би значело 11 километри полу планинска патека, притисокот 125/75 и пулсот 75 и само 600 калории? нешто смарт степер watch-от да не е збунет, мислам во калориите :D

tumblr_molq7v8dm41qcy0o0o1_500.gif tenor23.gif

... инаку бијонс задоволна, иако воспалението на мускулите ја мачеа два дена, но направените попатни многу интересни фотографии посебна сатисфакција, па и видеото не беше лошо на скоро целото пешачење се додека не ја прекина едно момче што симпатично ја праша „what is your youtube name “, бијонс во моментот збунета, не го разбра, ама брзо се сети, изгледа gim ball стабилизаторот го фасцинираше, таа му се насмевна и му кимна, да не му го скрши филмот дека е домашна! :)
 
Еј каков баксуз сум. Многу се нервирам кога ќе сретнам некој што го немам со години видено, ниту имам муабет, или у случајов некој што не сум сакал да го видам. Прво не сакав од што ја мрзев таа личност, после кога сфатив каква глупост сум направил од срам бегав... до денес. Си ја сретнав професорката по германски од средно. И основно и средно бев многу немирен, багабонт. Ако некој највеќе идеше кај директорот и педагогот тоа бев јас. Имаше некои професори што многу ме сакаа, цело време ми викаа ај бубачки ти се ќе ти поминат, џабе си немирен коа на табла се знаеш. Ама германски цел живот имав 3ки, никако 4ка или 5ка. А, професорката во основно беше ок до одреден степен. Ама оваа од средно беше бог да чува. Органски не се поднесувавме.

Не сум малтретирал никого, ниту сум бил невоспитан ама водев инат, на табла искачав само по моја воља ако бев расположен. И оваа ми води инат сите часови ме испрашува. Не можеш ти да испрашуваш толку, колку што јас можам да не ти доаѓам на час. Ко за беља, памтам сите часови со неа беа или понеделник или среда и тоа меѓу последните. Тоа време ФК Вардар често имаше утакмици во среда, па често бегав од нејзин час за да одам на утакмица. Цела година влечев кецови и двојки за на крај некако да средам за 3ка да ми пише. Дојдовме до тој степен да слушнам да ми каже, "те молам не доаѓај на часови, ќе ти пишам 3ка." Инат ко инат, од тогаш секој час присуствував.
И така 4 години се малтретирав јас со неа, и она со мене. Завршив средно, да кажам дека малку созреав па ми падна криво за тоа однесување.

После некоја година во центар ја видов, се разминавме со поглед, ама свртив глава. Незгодно ми беше, со кое лице да ја поздравам. И тој период со другар од генерација паднавме на тема за професорката, за да дознаам уствари каква лоша судбина имала. Преживува рак, сестра и во сообраќајка загинува со мажот и оставаат 2 мали деца без родители. Професоркава бидејќи се мали и нема каде да одат, ги зима она. 50 и нешто години имаше, никогаш не била мажена и свои деца нема. И се ова се десило уште пред да бидам јас средно. Не ја сакав од причина што беше од оние мрзи што едвај збореше и беше флегма. Не трпам такви луѓе.

Од кога ја дознав информацијава се свестив малку дека прерано судам и реагирам лошо иако не ја знам приказната на човекот. И покрај сите овие проблеми, жената секој ден доаѓаше во школо и имаше сила да држи часови на секакви багабонти во денот. И симнувам капа.
Денес ја сретнав на место каде што никогаш не очекував дека ќе видам некој познат, а камоли неа. И пријдов со спуштена глава, црвен ко бабура у лице и ја поздравив. Ја прашав дали ме памти, ми врати со како не те памтам такво лице никогаш не се заборава, и се насмевна. Ја тонам од срам. Во недоумица дали да и кажам дека и ја знам приказната или само да се извинам. Веројатно примети дека не ми беше сеедно и ми вика ајде било што било како си ти сега. Си направивме супер муабет, и ми кажа некои пофални зборови. Ми дојде убаво пошто истата таа тогаш викаше дека од мене ништо нема да биде.

Редно време беше да се извинам, и бидна. Го прифати извинувањето и се разделивме со насмевка и ми кажа ете ниту ти ниту јас не сме биле лоши луѓе, само малку требало да се потрудиме. Многу тешко ми падна, ама до негде и убаво затоа што конечно добив прилика да си ги поправам грешките.

Лекцијата си ја научив и секогаш ми текнува на професоркава у некои ситуации. Скоро имав случај во друштво да се прави муабет што веројатно за многу е нормален и не очекуваш дека со тој муабет можеш да повредиш некој. Ама во друштвото имаше една девојка што и ја знаев ситуацијата и низ што поминала. Девојката пробуваше да сокрие емоции и се смешкаше со сите. Ама многу ми беше јасно дека во моментот сакаше да исчезне од таму. Секој си има некоја приказна и не знаеш што носи на грб, затоа треба со сите малку трпение пред да ги судиме.

Затоа од тогаш во друштво каде што има макар и 1 непознат што не ми е близок претпочитам да останам тивок и да слушам, без да зборам ако не морам.
 
Драга,

Начекав празни лулашки во парк викендов. Како што си се нишкав спокојно и си се потсеќав за нишалката што ја имав ко дете во дворот обесена на црешата, се зададе мало 2-3 годишно девојче од нигде некаде, со трчање накај мене.
Пред да успеам да станам, застана пред мене и само цвикна - Јас сакам да се нишам! - и притоа испушти еден таков крик кој веднаш на мојот нервен систем го натера инстиктивно да стане од лулашката, дури и да нејќев. Разбирам зашто на децава им купуваат се во маркет, оној крик да го слушаш на дневно ниво по неколкупати, се ќе им дадеш само да престанат со такво црекање.
Пробав да се поднасмевнам и на малава и кажав Чао, чисто да не биде тој крикот цела наша интеракција, али таа продолжи да ме гледа изнервирано и налутено, дури и не седна на лулашка дур не се одалечив. :D
Најверојатно не знае сеуште за среден прст, сигурна сум дека ќе ми го покажеше. :D
 
ДК
Сите знајме дека сега е LGBTQ прајд месец и не можиш в клозет да појдиш на интернет без да ти изрипа виножито од виртуелната шоља, па по тој повод ти го претставувам едно од мојте all time top 10 јутуб видеа. Се работи за култна сцена од појма немам кој филм шо никогаш нема да го гледам, феноменален камбек кој за жал ретко се користи во денешно време.
Уживај
 
Денес прв пат пробувам бадемово млеко и слободно може да кажам дека е најлошата храна/пијалок што го имам пробано во животот
Толку е лошо што попрво би се нафатил да испијам чаша оцет отколку вакво „млеко“
 
Не можам да сфатам која е потребата од организирање геј паради. Која е целта, што се постигнува? Да покажат оти сакаат лица од исти пол? Сфаќам, немам ништо против, секој со свој џоестик. Тогаш и ние хетеросексуалните да организираме паради оти сакаме жени? Да организираме паради оти имаме чудни фетиши?
Вака всадуваат омраза во луѓето, навистина се нападни. Задржи си ја сексуалната ориентација за себе, никој не те прашува дали сакаш да даваш или да примаш.
 
ДК
не сакам вести, одбегнувам да ги гледам, имам впечаток дека после нив губам процент на сиви ќелии... Дури и кога ќе начекам нешто воглавном е толку мизерно, дегутантно и најчесто многу непотребно како информација.
Една вест од денес која не е во категорија на непотребни:
Планира ли некој да ги тргне морониве тетовски од власт и институции?
Е мој Павле Кузмановски што доживеа...Неписмена толпа да те варосува...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom