Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК
Ме фасцинираат духовити личности, тоа ми е посебен знак на интелигенција..
Сега прочитав на твитеров:
"Научивме дека водата испарува на 100°С а Мијалков на 40°С"
Генијално!
 
Мене ме занима на каква музика пијат другите народи надвор од балканот? Како воопшто се добива дијагноза "цироза" без Цеца, Аца Лукас, Дино Мерлин, Бане Бојаниќ??? Скоро невозможно.

За нас балканците е лесно, јас еднаш си го видов духот на ова ..

 
Колку многу ја сакам пролетта, не дека е календарски сега пролет....ама ја осеќам уште сега магијата. Истрчав некој километрар прееска, со мерак да седнеш да јадеш кога си извежбал, плус леќа :D
Може да кулирам со The Stone Roses сега, да се вратам назад 20 год....уште го осеќам тој дух :)
 
Кога ќе помислиш дека не може да им истекне поголема глупост, ќе се појави нешто како она baby gender reveal балони или конфети :facepalm: демек гинекологот не ви кажал што е или сте истрпеле радозналост да не дознаете што е, yeah right.

Што е најтрагично видов вакво видео на FB со конфети и таткото беше далтонист, па ретардиранава кога ги пушти конфетите овој сиротиов креваше рамења, во стил каква боја се??? Во пеколот се оди за ова.
 
Што би рекол Изет Фазлиновиќ - "Mozak mi se oznojio", така и мојот денес, буквално прегорев, 15 часови без престан хардкор мисловна работа, гратис и се укочив на стол, ајмо 6 часа спиење и пак арбајтен :sleep:
 
DK,

Или сум ја неупатен, или во нашето ни државиче нема ниту еден саглам Youtube влогер, да збори за теми кои би требало да го интересираат секој нормален човек? Семејство, здравје, финансии, бизнис?. Се се свело на ритко, лазаров, нина ред боже свашта, и остали дечишта што најголем успех е пробување на ајвар за прв пат во животот.
 
Драга,

животот на просечниот млад човек во Македонија. Се однесуват со тебе цело време како твојот живот да е нивна сопственост. Прво родителите ке те запишат во средно каде што они сакат и до завршување ке имаш притисок да бидеш добар со оценките, па факултет да завршиш обавезно инаку во спротивно биг фејл си за гордоста на семејството. После образование да те пикнат под секоја цена во државна администрација а не ти што сакаш да работиш по што нели ке се мачи детето ако работи во приватниот сектор, со милион тешкоти и лижење газови на неписмени конечно ке се вработиш во државна и ке си ќутиш без разлика колку си незадоволен од платата или од самата работа зошто нели има многу побетер а државна си е државна. После, од кога ке се вработиш во државна администрација обавезно да стапиш во брак а никој те прашува дали самиот сметаш дека е моментот за тебе да стапиш во брак или не, за на крај како последно барање обавезно да имаш дете што е можно побрзо за да се радуват на внуче/внука додека се они живи. Во случај да се спротиставуваш на сите овие барања од твоето семејстово ке испаднеш лошо дете според потесното семејството, комшите и населбата каде што живееш. Сите ке почнат да викат какви родители (демек прекрасни) а какво дете (биг фејл), а ти не се дрогираш, не крадеш, не си алкохоличар, не му правиш ништо лошо на никому. И доаѓа момент се прашуваш зошто воопшто си роден? Кога мене некој ме прашал што сакам јас во мојот живот?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom