Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Годинава македонската жена има и што да слави Драга, само абортусот и го закачија. Од следната како што вели дедо Петар севишен треба да и забранат и да се образува оти тоа не е за нејзино добро.

Се прашувам оние мисирки кои го гласаа законот во Собрание дали денес ќе слават?
 
Ма каков 8ми март бре! Пет перални со алишта пуштив денес, како и секоја независна жена. Што, јас да не сум неспособна па тој да ми пере?

Вечер сите во кафана! Мора да се прослави затоа што таму некаде се сечат клиториси... Така, ами како! Не тука ми збеснале со блуд и сладострастие!
 
10986141_354537604755455_1995945615_n.jpg

“Ради реда“ :smirce:
 
И јас сакам полн фрижидер.:place:
 
Драга,
мислам дека дојде време и мажите да си ја побараме рамноправноста, на ладново пак ние ги цепиме дрвата, алиштата си ги пери пералната, а нели деца, јадење ова она подеднакво, во мојава струка само мажите на терен кисниме, жените канцелариска, па се осеќам угнетено и со скратени права. Време е и ние да се дигнеме на нозе да си бараме рамноправност, ако не друго може и ние поклони ќе добиваме :D
Мислам дека го достигнав рекордот со настинкава, ме уништи, шмркам како наркоман:sick:
 
Јас немам место во фрижидерот :(

Одамна ни треба поголем фрижидер.
 
Бејби,
Што убаво не те читав, незнам што ми текна денес.... Едноставно немам време да се замарам со политиката таму, премногу ми е убаво овде за идиотизам да ми ги расипува деновите. Што сакаат нека праат. Ако преживее Македонија убаво, ако не, ќе си ги земам моите тука. Ионака сите други кои ми се блиски или се веќе отидени, или ќе си одат во брзо време.
Вчера си купив корсет кога бев на Ренесансниот Фестивал. :D Најскапото парче облека што некогаш сум го купила. Сега се едуцирам :D Фестивалот беше закон! Не сакав да си идам :P
Конечно ги средив документите дома и фрлив еден тон хартија. И колку и да штиклирам paperless за се` и сешто, пак добиваме еден тон хартија :cautious:
 
Драга Кајгана,

слушам денес почнале маршови и почнала Шар Планина да распукува. И реков да видам што се случувало. Гледам снимка, микрофон фатил навидум маж. И покрај првичниот нагон, нешто од внатре ми вика „не биди конзерва сељачка, дослушај до крај, денес и онака половите не се толку строго дефинирани“. И догледав. Вредеше.

Тој човекот од недефиниран пол, иако малце хистеришеше, кажа една многу јака реченица: „Но, верувајте, и мој празник е.“ И сега ми остана една дилема да ми се мота во главата. Каква е таа состојба на дух, за однапред да си ја прифатиш улогата што и онака ќе ти ја доделат во институцијата во која ќе те сместат?
 
Последно уредено:
Кајги,
кога сме веќе кај жените,
1. Во Македонија постојат села во кои е забрането жените да излегуваат надвор од дворот, само поради тоа што се жени муслиманки;
2. Во Македонија сеуште е табу жена да биде на раководна позиција само поради тоа што е жена.
3. Во Македонија жените подлежат на верски и општествени правила кои за мажите не важат само поради тоа што се жени;
4. Во Македонија беше оспорено правото на абортус како право на избор на жената со закон;
5. Во светот сеуште постојат земји во кои жените немаат право на глас, на образование и на избор на брачен партнер.
Тоа треба да се стремиме да го менуваме секој ден, не само на 8ми Март!!!
 
DK bas me interesira dal Big_Kiss zivee vo USA? Ako e sakam da me zeme ke i cistam sekoj den :rolleyes:
 
Како одат работите Драга...
Најпрвин, има голем ентузијазам, големи очекувања, планови...
Па тргнуваат работите некако...
На крај не испаднало ништо...
Се завршува со големи разочарувања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom