Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
На коледарчиња што ми пеат Age appropriate песни како „коледе леде“ не отварам.
Се знае бе, „Јанко петел јаваше“ е магичната песна, и кучето не лае кога ја пеат децата.

За целосен избор и вовед во сексуално образование пуштете ги децата да си учат од тука
не да ми урлаат НВО после како децата не знаеле ништо.
 
Драга

Морам со Агда да се сложам за мојот бајо @Rosemberg, за физичкиот изглед ви го препуштам вас драги кајганџики да го коментирате, а вака е бескпрекорен со две мани. Навива за мртов клуб и склон е на лошиот битолски хумор.
 

-Сид Барет, во чија чест Роџер Вотерс и Дејвид Гилмур го напишаа и отсвиреа ова култно ремек дело. Основач и прва гитара на легендарните Пинк Флојд. Поради сериозни проблеми со дрога и психичко растројство е тргнат од бендот а на негово место е донесен господинот Гилмур, останатото е историја.

-Руан Аткинсон или во јавноста познат како Мистер Бин, англиски актер и милијардер. Слушај го Рики како ја поништи глупата 'игра' на колешка му.

-Малколм Јанг, заедно со брат му Ангес основач и до својата смрт член и гитарист на австралискиот хард рок бенд AC/DC.

-Алекс Тарнер, фронтмен на Арктик Манкис, основач и нивна прва гитара. Фраер.

-Ирина Шајк, прекрасната русинка, бивша девојка на педерчето К.Роналдо, мајка на децата на Бредли Купер.

-Еди Редмејн, актер, оскаровец, познат по улогата на Стивен Хокинг во филмот за Стивен Хокинг.

Изнапишав небитни информации и се надевам постот нема да ја изгуби поентата.

Сакав да ве прашам дали знаете што имаат заедничко Хемфри Богарт и татко ми?
Сеа ќе ви кажам.
На денешен ден во различен период од 20иот век, тие двајца го прославувале раѓањето на нивните синови.

Среќен роденден на ликот кој се крие под името Джонтра Вохохолта. Среќен роденден и на погоре споменатите ликови со една нумера од уште еден славеник, Енис Беслагиќ, босански актер и пејач најверојатно.


Среќен Бадник, имајте убаво попладне и пријатен ручек, напијте се вино и не замарајте каде се паднала паричката пошто секако не не интересира повеќето.

Среќен Божиќ,

ве сака Џонтра.
 
Дај им опција за дислајк на луѓето и види им паметот :D

Среќни празници на сите и останете во добро здравје. Жал ми е што оваа година сме спречени да нема поворки со деца каде ќе ја испеат веќе популарната песна "Вечниот Бог", нема да можеме да го прославиме и Водици како што доликува. Да се надеваме на подобри времиња. И намалете со дислајковите :icon_mrgr:
 
Изгледа само јас не ја разбирам потребата за злоупотреба на дислајк опцијата, не е поентата на секој пост дислајк намерно да се става на тој начин губи на објективност самата опција, мислењето (постот) треба да добие лајк или дислајк а не членот.
 
40ти, последен ден од постите, ни во еден момент не се посомневав дали ќе издржам.
Чувството е прекрасно, не знам како ми е внатре во организмот и кои се бенефитите, но во поглед на mindset и физичка енергија дефинитивно може да приметам подобрување.
А и денес малку трчање ми дојде супер :jeeee:IMG-20210106-155942-007
 
ДК,

Рик вика да им се обратам на Стеф и Џонтра. Им се обраќам. Сте му ибале детство на малиот. Во дубоко го држите. Плус последните 10тина страни од ФК Интер треба да влезат во архивите. Такво тролање немало со години.

Не смее да се тагира, а радо и јас би ги тагирал сите членови кои сакам да ги запознаам. Убави дискусии водевме што на форумов, што приватно и со одреден дел дури и воспоставивме пријателски однос. Искрено се надевам дека барем со дел од нив ќе воспоставам контакт и надвор од форумските води во наредниве години.

Сега се подготвувам за четири годишен мандат за умарање кон политиките на администрацијата на Хајден. Сите ретардирани политики извираат од таму (поточно од Калифорнија), па ќе бидат интересни четири години, секако ако Хајден поживее. Голем дел од членовите не знаат за неговите сослушувања за Борк каде ја урна неговата номинација. Тогашниот негов интелект со овој се неспоредливи. Еве сега ќе му дале мачка затоа што германскиот овчар го повредил! Навистина храбра одлука. Ама и мачката е опасно животно. Мојата ми ги има зариено ноктите во моите гениталии. Динамичното дуо е во одлична состојба, ама процесот на санација беше малку незгоден. Да седиш под ладна вода извесен период... :noze:

Нема да го тупам со семејни традиции и парички, тоа помина. Ама мило ми беше што конечно ми се собра семејството на едно место. :love:

Среќен Бадник и среќен Божиќ.
 
Како поблиску до Бога? Па еве пример речи им на луѓево што вртат паричка на Бадник дека немаат две чисти, и дека не знаат како да практикуваат вера. Бадниковиот оган да не го спомнуваме...

#Идиот

IMG_20210106_180619.jpg
 
↑ абе нека си слават халоувин
 
  • Хаха
Reactions: A__
И ја не се радују на празници, ама барем не мрчу зашто овој правив или оној. Кој што сака нек си слави и нек си прави. И тој од регион до регион е различно с'с паричку у лепче. У некои региони само за Василицу кршив лепче. Различни адети, различан регион у Македонију. А тој што на некога му смета што с'к некој тој га прави, искрено треба да иде и да си гу сними главу. :)
 
Драга,

Јас му се радувам на празниците. Без разлика дали ќе го поминам времето читајќи книга или во друштво на најблиските, секогаш се чувствувам убаво. Сè има смисла.

Инаку, секогаш кога читам некоја убава книга, крајот го одложувам. Цело слободно време го вложив во книгава и сега кога дојдов до последното поглавје, посакувам да не е крај. :)

Среќни празници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom