Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга, 2020та и 2021ва (досега) во една сцена:

Татко: Синко, порано можевме да пушиме вкафана.
Син: Тато, што е кафана? Тато? Зошто плачеш тато?

Сеуште сум рамнодушен иако ќе ни скратат радиус на движење ама ќе биде една голема фешта ко ќе помине ова лудило. Ко од ќафез пуштени. Ќе има колатерални штети, поинакви малце од сега. Нека има. :pijani:
 
Никогаш не сакав да се борам во Вуковар,само се најдов во лоши околности,ЈНА беше закон.
И покрај тоа што бев артилерија,со добра обука,знаев дека не можам да ги одбијам наредбите.
Нека ми простат сите од спротивната страна.
Сепак не повредив ниту еден цивил.
Жал ми е за сите загинати :(
 
@Rosemberg е скромен човек и не знае да каже колку е најсекси и најшармантен на свет. Ако има некоја мома за мажење, нека застане на ред, делам бројчиња.
 
Последно уредено:
Пост инспириран од муабети на познаници...
Стално зборат дека државава не чини и дека ќе ја напуштат доколку им се пружи прилика.
Заборавиле дека животот во странство е поскап.Остај тоа,па има земји со вода полоша од нашата.
Некои земји нејќат Македонци да им заседат,ама овие упорни да им се тупнат. :tapp:
А,секогаш кружеле по 20-40 огласи на секој вебсајт за барање работа и неколку во весници.А,они упорно трубат дека немало работа во Севернава.Од 2020 навака и пандемијава им е изговор иако има по некој оглас навам-натам.
Е има,ама на нив не им се работат обични работи.
Сакаат директорски и менаџерски места.Сè помало испод ниво им било.Бреј,мајката... :pos:
Е,не може секој да биде на висока позиција.Не ни смее оти ради такви личности од Севернава ни „с“ нема да остане.
Море,битно е само работата да е чесна.Ниво-миво не треба да се гледа.
Кој е трудољубив,ќе се искачи и без интервенции на Јанка,снаата на Петранка,која пак е жена на Станко(имињава се лупнати за да се долови поента),кој е пак чичкото на господинот „Келнерството и Хигиеничарството ми се испод Ниво“,кој нејќе да го поти задникот,туку директно да го тури на фотелја.
Фотелјата била послатка,ауууу.....
Нејќат Кајги,нејќат.
Не се родиле сите светски познати богаташи со милионче/билионче во раце.Дел се труделе и ради тоа се со сите 4 во вис.
Ама,Македончињата се запнале за врски-трски.Бетер,дамбетер готовани од Црногорците.
Ех,Северна бе,што синови и ќерки имаш,те резилат на големо...
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::pos::pos:
 
Пaднaлa првaтa жртвa кaкo пoследицa нa нoвoтo oружје зa мaсoвнo уништувaње нaреченo Дислaјк.Нa крaјнo свиреп нaчин,нoќескa убиен член нa фoрумoт,и тoa у темите зa фудбaл.Oпкoлен,зaрoбен и жив зaтвoрен у фрижидер зa длaбoкo смрзнувaње,oлaден зaсекoгaш
 
Драга

Последниве две вечери у темите за фудбал се смеам како луд. Вака досега не сум се смеел. Кој ги следи тие теми знае за што зборам.
Цел форум му се нафрли со дислајк.
 
За прв пат од кога знам за себе, не ме разбудија коледарчиња ова утро. Тажно е без коледарчиња.
Вчера вечер фамилијарно подготвивме богата кошница за коледарчињата ова утро......залудно, кошничката стои непомрдната.
.....за многу години Бадник!
 
Кајгано!
Чудна година онаа 2020 УПМ, на толку чурук што и оваа новата почна со афтершокови од неа :(
Продолжуваат сите ограничувања кои беа на сила, излегува на видело сет јавашлук на политичкото миље во севернава, тоне нашето стопанство во мрак и долгови, а се надевавме како што е ред, штом е нова да е на подобро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom