ДК, нема да дозволам крисмас без Стар Ворс
New Dawn Fades: A Star Wars Saga
Episode зошто ја напуштам империјата
Пред да бидам рекрутиран оn
the Death Star, јас бев уште еден Sith apprentice во тренинг, манипулирајќи ја силата со едвај неколку илјадници мидиклоријанс во мене доволни за мавање неверојатни хедшатс на Кајгана ЦС 1.6 серверот, Кајгана, која тогаш не беше уште империја туку движење чие главно начело беше: секој има свој глас под капата на демократија. Од кога бев унапреден да го водам сам серверот, делегирав и одлично водев флета од администратори-стормтрупери да го пазат серверот додека јас влегов во поголемата политика, логиран тука како модератор, дел од сенатот, со одврзани раце да force choke-нувам секој еден кој прети на развојот на ѕвездава не знаејќи дека некогаш ќе биде разорен ласер кој подоцна многу џедаи ќе го осетат, како стотици гласови плачејќи од теророт на спамерите пред наеднаш да бидат замолкнати во тишина.
Нешто повеќе од декада одржував мир и послушност за империјата додека силата во мене се зголемуваше, имаше многу шверцери на егзотични минерали познати како уторенти кои беа славно пресретнати од мене, не дозволував офтопик-филибастеринг во теми кои беа со стриктно дефинирани точки дозволени за дискусија, уништував цели обиди за напад од бунтовниците срби кои сакаа да шират тајни планови и кодови преку андроиди за да можат на сите други земји луѓето да гледат без пари филмови и фудбал преку сателити, а понекогаш не мораше ни да ги давам бунтовниците со силата, во комфортот на мојот дом преку злобни постови им зборев во глава и многу или се бришеа или се одлогираа од постоење за навек. The menacing Darth Wot. Dealing only in absolutes, like a Sith.
Но, империјата стана преголема за да може сама да се одржува. Многу од философијата која беше движечка сила беше занемарена, многу членови кои и сами имаа работено на создавањето на Death Star, тогашна само ѕвезда, беа игнорирани по цена на финиширање на истата. Премногу шорткатс, за да добиеш повисок ранк твојата верба во силата требаше да е огромна, пример за да достигнеш ранк мод...улатор или пак супер, мораше низ твојот лајтсејбр да имаш поминато илијадници спамери, мораше да имаш авторитет и решителност. За подоцна ова да се замени со лесно качување ранг само со имање конкретен клима модел на својот спејсшип дестројер или купување мултинаменско швајцарско ножче од гифтшопот на самата ѕвезда уште од влезна врата, додека ние на почеток не знаевме ни телепатски со помош на силата да префрлиме една тема од подфорум во друг.
Attack of the clo(w)nes, сите топли поздрави & остало. Enter order 66. Јавно убивање клучен карактер. My lack of faith was already disturbing. Moeто место во сенатот беше пренесено како неотповикливо, апсолутнo, како Sith. Повеќе не ми причинуваше задоволство едитирање наслови во услови каде моралот беше исто низок како кога ни го убијаа Darth Maul. We no longer had the high ground над сите тие стормтрупери кои промашуваат шоља кога мочат по дома ама тука требаше да бидат третирани како Sith лордови само оти дома имат хостинг од вистинското место. Галаксијата засега е уште сплотена празнувајќи го поклопувањето на двете месечини над Алдераан, но теророт кој ќе го посеат кло(в)новите уште не е пресметан. 2020 завршува вака, со мрачен клифхенгер над галаксијата. Се надевам сиквелот ќе ги оправи работите освен ако студиото реши дека веќе серијалот не е доволно профитабилен. Но, секогаш е тука Jar Jar како safe bet, поздрав
@Нuкола
New Dawn Fades
THE END