Претходниот пат зборував за правопис на форумов, нормално ниту го применува некој што грешел до сега ни бутур, али нема везе битно е дека објаснив. Сега сакам само да кажам пар реченици за одредена група на кретени од граѓани, нема да генерализирам град/село/метропола/нива/ватева, него општо ко луѓе.
Еве за пример ќе ја земеме општина Карпош, општина каде паркингот е бесплатен со одредени исклучоци како Воена Болница и слични објекти. И сеа имаш 2 згради една до друга, 4 влезови, секако пред влезот и карши има паркинзи колку ти душа сака. Рака на срце ретко кога има слободни места после 4 часот попладне, па дури и за жителите на тие згради, но тоа веќе е друга тема на муабет. Што ми беше зборот, основна култура е да НЕ ПАРКИРАШ ТОЧНО ПРЕД ВЛЕЗ корен селски да ти ебам македонче глупо. Зошто? Можеби живее некој инвалид во зградата нели? Ќе ја прелета ли колата ако е со количка? Можеби ќе дојде некогаш брза помош, како ќе го изнесат болниот? Ќе го фрлат од тераса директ во комбе? Па мајката да ви ја ебам идиотска на сите до еден, јас ретардиран ли сум што вртам 15 минути и барам слободно паркинг место само за да не сметам пред одреден влез? Изгледа сум...

Абе основна култура да се немало, дошол еспресо у мала до горе да пие у Рузвелт и грагау колата пред влез директ, па уште косо ја оставил ни пешак да не може да помине, а не пак инвалидска количка или болнички кревет.
Нас ко народ ни треба factory reset, онака од корен рестартирање оти вакви работи не се искоренуваат очигледно е тоа. Од такт ме вадат вакви нечовечки работи, да можам би ги убивал тивко полека ваквите луѓе, да патат до максимум.
Друга работа што исто така од такт ме вади е фрлањето ѓубре. Еве конкретно во парк, за викенд. Во ред, сега е корона време кога избегаваме кафичи, кафани и останати такви објекти и гледаме што повеќе прошетки во природа да правиме. Но, тоа не значи дека кафето од Вело што си го испил треба да го фрлиш на земја, или уште полошо во канта која веќе е преполна и пола ѓубре паднало доле па ти само си ја фрлил во купот. Па ја искрено мислам дека празна пластична чаша нема да ти ги шине рацете ако ја поносиш до првата празна канта или контејнер, не знам можда и грешам ама ете тоа е само мое мислење. Секако, тука кривица имаат и од Комуна што не си ја вршат работата на време, не смее да оставаат полни канти по цел ден да седат оти животните разнесуваат ѓубре низ цел парк али тоа е веќе друг муабет, тука чисто спомнувам за свеста на нашиот глуп неписмен куртонски народ.