Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајгана треба да има копче за испратени постови на овој ден во минатото.
Клик копче „Види што бурек си јадел лани“, за да можеш комотно да си викаш тууу ама сум бил глуп без да сфатиш дека уште си глуп :icon_lol:
 
Некој спомна за свои стари постови на темава, па си направив една ретроспектива.

Види го јаден, да знаел само што ќе го снајде... :pos:
Е, децо, дада Агда коа ви зборуе за моќта на пичкината магија, никој не веруе...

Прегледај го приврзокот 208452


А тука пак... Сум ги минела сите овие егзибиции и дрифтања, без да бидам свесна дека сум бремена. :eek: Бевме 5 жени во колата и секоја мораше да го помине тестот за дрифтање, т.е. губење контрола над возилото во случај на замрзнат пат, ова пута пет. Кој да ти знаел...
Денеска е вториот дел. Освен сликите и видеата, ќе се потрудат дополнително да ни ја расплакаат мајката со машинерија која ќе симулира кола што се превртува, додека си внатре, а потоа ќе возиме брзо на замрзнат пат и нагло ќе ја свртиме колата за да научиме какво е чувството кога губиш осет врз возилото додека се лизга. Два валеријана за појадок.
 
Се нервирам ко најглуп коњ за една девојка, те се туфкам зошто така сум кажал- демек испаднал љубоморен, де се силам да и кажам дека имам кохонес и таков, сељак сум у душа, ако сака нека си најде некој што се депилира. И дур сум во дилема што да и пишам, стига прилив на ТРС од нигде никаде, неочекувано. И одеднаш, кур не ме боли за мојот имагинарен проблем и пичките. Има вечер ко ѓавол да се рашњирам дур горчина ми се слива низ грло. Ќе пише или ќе се јави самата, ако сум во состојба да кренам, ама ќе биде сосема небитна.
 
Кајг,
јас навистина не знам како може да ја промовира Македонија како држава, споредувајќи ја со потсмев Тунгузија, па таму живеат исто луѓе зошто се потценува таа област и населението, оти има околу 18 000 жители, а територијата колкава е споредбено со Македонија? :facepalm:
...барем Тунгузија во светот сите ја знаат по паднатиот голем метеорит, а Македонија по што е позната во светот? :toe:
... да го праша некој каде е Тунгузија, ако знае ево нааа, се употребува ли вакви изрази и споредби за сериозна кампања, неутрален гласач и да сака да гласа ќе се одврати само вака да слуша! :(
 
Драга Кајгана...
Синоќа бевме на прејако место од каде што небото се гледаше феноменално, едноставно перверзии, а и месечината беше :ljubove:
Ова е можеби една од најдобрите фотки шо некогаш ми ги имаат направено.
Ми се допаѓа премногу, иако фотографот не се согласува со тоа...Вика дека е промашена и лоша, фокусот бил изместен :ROFLMAO: Не се сомневам дека е така...
ама само би го цитирал Stephen Hawking
One of the basic rules of the universe is that nothing is perfect. Perfection simply doesn't exist...Without imperfection, neither you nor I would exist.
IMG_20200626_202900_658.jpg
п.с screenshot e и ова прикачениот податок е многу иритирачко :mad:
 
Толку многу тролање за господинот Оливер Спасовски што кога го гледав овој линк:

Најочекуваното интервју на годината.

Очекував кога го доближува микрофонот до верверичката да се слушне: „Теовел еменге, буте бершенге, обиџуко, машкар џианенгоро ероменгоро офтото април јек јекеске.....“
 
Пред две години на една пијанка, случајно се најдов на софра со еден Швед кој се шета како паун низ град, дотеран во одело. Истиот е некој ситен капиталиста. Ме убедуваше дека е многу лесно да најдеш работа во Шведска како имигрант само со англиски јазик. Он, тукашен, спие на пари и никогаш не го искусил тоа, ме убедува мене... Падна кавга, не смирија некако, не разделија, тури му курот, пијана работа.
Две години подоцна, откако јас се соочувам со истиот проблем по стоти пат(не за мене лично), ми текна на пијаниот разговор со Шведото во пет сабајле. Не знам како, му се сетив на името дури и го најдов на фејсбук. Во пет сабајле му напишав еден реферат каде му се изнаебав матер, повторно со факти, затоа што мразам кога сум во право, а некој ме убедува на спротивното.
Во пет сабајле јас успеав да ги истурам сите фрустрации, анскиозности и бес на еден рандом странец кој тогаш го сретнав и никогаш повеќе, гарант ниту се сеќава на мене, ниту на разговорот.
Никогаш не ја потценувај способноста на една луда и хормонално дисбалансирана жена.
 
К, што ти е јако вака без друштвени (жими предников) мрежи. Ќе се замарам што се случува у државава. Уствари што велам ,,се случува" кога ништо не се случува. Како по обичај последни у се у Свет. Но важно Гејтс ќе не чипира и важно Киану Ривс ,,ќе вели" дека Холивуд е создаден од Илуминати и енглеската кралица :facepalm::facepalm::facepalm:.Што уште човек нема да чуе. Како што кажав еднаш на темава пак ќе речам ,,Таман мислиш се си видел од нивниов глупизам и ете ти одма ново чудо"
 
Кое убаво чуство ми е кога проверувам уље/антифриз на кола. Во момент ми асоцира на странство. Тоа обично го правам по навика редовно пред да патувам, дента пред пат. Последен пат проверував пред четри месеци.....значи четри месеци не сум мрднал од државава, којзнае кога ќе возам повторно надвор....пред да почне пандемијава редовно секој месец најмалку еднаш бев надвор од МК, претежно до Солун или Софија на прошетка....летно време скоро секој викенд на море во Грција, приколка имам таму.....или пак службено во Германија....таму претежно со авион...со кола само кога останував подолго, па ми беше потребна за таму. Сега факинг Германија.....се е преку конференција.
Денеска зошто неработен ден, ладен мотор....реков да се промувам малку околу кола....се е ОК.....како и секогаш. Само јас сум некако периодов истенчен со нервите....има денови кога ми доаѓа да избувнам без некоја посебна причина....што не е воопшто каректеристично за мене.
 
Последно уредено:
Кајг.

Излегувам од една тесна уличка со кола и влегувам во друга таква....на самиот почеток има пешачки премин, а на пешачкиот премин стои девојченце на околу 7-8 години. Буцкасто, со две прекрасно сплетени плетенки и лубеница во раце. И сега јас застанувам, пошто нели пешачки и чекам да помине девојчево, а ова ни едно ни две, ја остава лубеницата на земја и ми покажува со раката помини помини..... :ROFLMAO:

Кукла мала, ми го разубави денот.
 
Тогаш црвенкапа го прашала Зоран .. Зоране зошто имаш толку голема уста? А тој и рекол: За да можам да лапнам 2 виршли одеднаш. На тоа се налутил Вицето, кој рекол: Е нема, една ќе ми дадеш мене. А потоа дошла Рада и рекла, мммм виршлите се бомбона, дајте и за мене.

На Даме Груев постхумно му е дијагностициран канцер од мака кој се се нарекува ВМРО.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom