Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кај,
не знам што е ова ново лудило, камиказа или руски рулет на автопат, да се вози во спротивен правец да се докаже што? мислам ејјј што е крив другиот што вози правилно во правец на движење да се залепи за неиздрк...? :mad:
 
Гледав голи дојки на сцена, уживав во магијата наречена полноќна претстава, за влакно ќе и изјавев љубов на Леди Макбет, Благој Веселинов ме трпеше поласаат додека го замарав, му наместив женска на Ланчо и се прибрав дома на изгрејсонце.

МТФ Војдан Чернодрински :love:
 
Драга,

Ме нема, ме нема па ќе пишав тука.
Вчера се враќам од работа, културно и фино, си почитувам законите за возење. Стигам во влае пред кружен тек,ги пропуштам тие внатре во кругот и од коа снема возила влагав во него. Како за беља секоја вечер мора да се најде некоја будала, која ќе направи глупост.
Да, драга, ја во кружен тек успеа една будала да ми пресече со бус пд јсп.
Ја сфаќам да имаат првенство на минување, ама па него освоиле Скопје па да си измислуваат свои закони. Среќа ја стиснав на кочница и ја застанав колата, ако не го направев тоа сообракајќа не ми бегаше. Како застанав, мислам дека ја прегорев свирката, ама џабе е се.
После таксистиве втори по ред ми се овие од Јсп, страшни нешто.
 
Кеј ај матурантките млади хормони вријат и се понашат како шо се понашаат, ама 30+ годишни бе?
33 ќе пуни за некој месец уште и се у глава диско и искачања , млада била уште да го видела светот. :facepalm::facepalm:
Дај да праиме дете бре пичка ти материна средновечна, во 90тите кога била тинејџерка немало ваков ноќен живот па сеа ќе го надокнадила. Ти ебам тоа жените ненормални.
 
Пред некој ден, односно во петокот се враќам од маркет, преполна со торби и кесиња и одам по слепа уличка..
И позади мене слушам дете како трча задишан целиот и ми вели - Дадичке, добар ден, велам добар ден, како си? со онаа моја блага насмевка и ми вели сиот радосен (инаку го гледам прв пат) супер, се враќам од школо, последен ден ни е, фала богу нема веќе да ја гледам вештерката учителка, догодина сум трето одделение ама се плашам, почнав да му вртам муабети дека е лесно, само мора да учи. Ми зема едното кесе што го носев а тоа поголемо од него, сакал да ми помогне, учеле последниот ден на школо дека треба почит кон постари, да им се помага, не знам што.
Душата ми се наполни. Среќа куќата ми беше зад следниот агол па кесата ја држеше 2 -3 минути, а душа на заем носи.:icon_lol:

Што сакав да кажам, пред да се случеше тоа, одев по жештината натоварена, со паузи седнувајќи на некои клупи, илјадници постари луѓе, дали роднини или познајници, никој не застана да ме праша дали ми е потребна помош околу багажот, таксиња немаше, а колата расипана. И то...
Се сетив на претходна случка на пазар со мајка ми, кога побаравме такси да ги качеме намирниците кои беа потребни за зимница, бидејќи мајка ми не можеше да ги качи работите и побара помош од дечкото што возеше тој и се издра дека ќе се извалкал во новите алишта ако и помогне.
Катастрофа невидена. Не знаеш кој попрво е за ќотек.

И така Д.К полека поминува уште една недела.
 
У спиритот на помодарството ....


62231279_1653318438133144_4765084219967799296_n.jpg
 
Во такси ми вика таксистот времево катастрофа болни сите сме кој може да издржи вакво нешто од многу ладно од есен наеднаш лето, бла бла стандарт такси муабети, јас мумлам само мхм, аха, е да и си одам дома и по некое време ми стигнува порака од некој на фб здраво женска ми остана муабетот што го правевме во глава ако може да продолжиме да се дружиме и да го завршиме муабетот....
orig
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom