Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Девојки и момци може да престанете ама онака сериозно

D3HY28-HERO
 
ДК,

толку ли се дојдени поголемиот дел до 3-4 квадрати да украдат од туѓото, денес се расправав со еден таков идиот, гради зграда, има милиони и од старт кради државно земјиште за да ја направи оградата :tapp: Со мочани 20цм што ќе му стане дворот поширок ќе се збогати копукот :mad:
За вакви работи се повеќе ги замразувам луѓето, во гроб ли ќе ги пикнат парите да му ибам спечало.
 
Мометалната накедонска музика и сцена се однесува како курва на старата македонска музика до 2000та .
Седнуваш на секоја популарна песна и ја дудлаш сто пати со препејување . П:С. Глупи се Македонците .
 
Дотеран ,пицнат со тешки паришта на сметка.Продава шема низ градот.Вози луксузни коли,клецка женски 30години помлади.Џекче право.
Колата од 100 000евра ја паркира на места обележани за инвалиди.Нормално,не плаќа помочани 20-30 денари за паркинг додека го пие кафето.Дечките што работат не пријавуваат за да ја дигне пајак,пошто знаат за каков господин станува збор.Дури и да дојде пајакот,се сомневам дека ќе му ja крене.Моќен е бе.Најлошо од се е што на 90% од машката популација,ваков покондурен клопотарец им е идол.
Абе гомнар еден,ти ако си таков џет сет човек каков што сакаш да се приажеш,паркингот од 30 денари ќе го плаќаш и ќе го честиш дечкото што работи кафе.И тоа не онака потценувачки,туку ќе си имате муабет и зафрканции во тие 30-40 секунди додека да платиш.Ќе ти биде познаник со други зборови.Е така се гради имиџ,селанину еден,а не со неплаќање паркинг и курчење на цајкани.
 
Веќе година дена уназад константно ми паѓа во око кога ќе видам некој пост тука со натпис најдоле на него "sent from blabla using Tapatalk" и си викам морам да симнам и ја некогаш тоа тапаталк, чим толку го користат, сигурно е нешто ептен корисно. Мака мачев со меморијата на стариот телефон, ама ете помина некое време си зимам јас нов телефон со поголема комоција на меморијата. Симнувам секакви гачки, па секако редот му дојде и на тој Тапаталк. Се логирам се, гледам малку хаос ми е, ама си викам ај ќе се снајдам и гасам вифи. Второ уклучување како бомби, цели две минути тап тап тоа звукот за нотификации, ставам сите звукови во нервоза на мјут, ме бараат сто луѓе креваат паника зошто не се јавувам, не знаат што мака си имам. Ај некако ќе заборавам, ќе исклучам нет, после некое време пак уклучив пак нотификации еден куп без престан само тоа свири тап тап, еден игнорантен звук, шест пати позаебан од овој на фб месинџер. Ми се приоди до вц, 5 минути од вц слушам како на секоја секунда стига тоа звукот ко некоја ретардирана игра ко флепи брд, со тапкање. И толку ми требаше, сфатив зошто е крстен уствари Тапаталк, бидејќи главата тапан ми ја направи. После 24 часовен престој во мојот телефон, апликацијата беше избриша, сега имам трауми да не налетам на некое типче низ форумов со "sent from my skup telefon using tapatalk"... nevermore
 
Кајг,
навистина не знам како може такви грешки да се пуштат како податоци во Википедија што се смета за една интернет енциклопедија, ама ме боли што е Македонска енциклопедија Википедија ? :(


I9RhJJ6.jpg


пуууу бе, неписмени, ако е слободна енциклопедија не смее да биде неточна, најмалку за вакви податоци околу христијанството, да не се знае што е Јулијански (стар) и Грегоријански Календар (нов), јас разбирам да се направи некогаш грешка ама до толку грешка и да не се поправи??? грррррр :sakasuste:

sv-nikola-d-547x320-56983.jpg


...како и да е, денес, 6 ти декември е еден од најважните христијански празници Свети Никола Чудотворец (по Нов Грегоријански Календар) честит празник на сите христијани од православна вероисповест што го слават Свети Никола по нов Грегорјански Календар, како честит и на сите христијани од католичка вероисповест! :smirce:
п.с.
...„пратена исправка“ на Википедија! :bravobe:
 
ДК

Noćas noćas trebaš ga
Loša stara navika
Noćas noćas trebaš ga
Radio te nervira
Žuriš zvoni telefon
Zovu svi al ne i on

Tamara Tamara
Koga si noćas
Varala varala
Dok si njega sanjala svu noć
Kaži nam
amara oh oh oh

ДН :sleep:
 
Едно време мислев оти во државава постојат и паметни ликови кои што догурале на битни функции и на некаков си можда минорен начин прават некаква разлика во нашево сивило на некадарност и генетски вродена некомпетентност за извршување на најпрости секојдневни работи, а недај Боже пак за водење на држава.

Денес можам слободно да констатирам дека ликовите кои што нешто вредат и официјално ги нема, истребени се во целост. Ма не ме занима бре и ако на телевизија излегол си некој проф. академик, експерт за шокуридае, за мене тие титули се без значење и едино служат за поглатко да се протне платената агенда која што ја промовираат. Заеби и трибини и дебати, све тоа е фарса. Не ме занима ни кој збори ни што збори. Може и да е Алберт Ајнштајн или Стивен Хокинг да ми зборат за нивните теории (да беа живи денес), ма немаше шанси да ме убедат во тоа што го зборат ако и двајцата беа (северно) македонци. Ќе мислев дека тераат политички платена пропаганда, одработуваат за Вмро или Сдсм за ситнеж, пошто на тоа ни е сведена денес нашава "интелектуала" го продаваат сопственото достоинство, ги проституираат сопствените ставови и мислења, ги мењаваат по потреба. Тоа за мене се квази интелектуални политички проститутки. И тој што ги прати малку од малку дешавките во овој испрдок, грев од држава, ќе знае за што зборам. Толку.
 
Дк

Отварам тоа инста профилот глеам Emily Ratajkowski ми пратила риквест си викам сестро застани во редот ама искрено ќе се изначекаш пошто има многу пред тебе.

f.jpg
 
Дк,
у редакција го бранев еден од најозлогласените членови на форумов икада, њот копукот ме напраи подоле од говно, дури рече и дека РедЏон е боље мод од мене, што ме стаи на дум да се откажам од редакција и да бидам на страната на бутновниците, предводена од Иреал, Бијонс и останати фраерки и фраеришта.

pls za pomo6 po pp, gotof sum.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom