Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
К.

Прво,сакам да прашам која е улогата на чавките у еко-системот на земјата? Мислам стварно,онака која е поентата на нивното битие и постоење(освен у 4 саат сабајле да урлаат ко луди и заради нив да не може човек да спие,а у принцип тогаш си легнувам и нив им почнува журката). Заклучив дека има 2 вида на чавки-3 тактни и 4 тактни(3 тактните гракаат 3 пати без престан,а 4 тактните-4 пати :) )

Второ,нова химна...викендов си бев излезен во една од дискотеките низ главниот ни град,и онака заматен ја пуштаат песнава
.
Јака е искрено,не викам не,ама она што ме фасцинира е што буквално сите девојчиња(претежно малолетните) ја знаат,и доаѓа делот од рефренот кога се дере ЕБИ ЈА БАТАЛИ ЈААА и се дераат,свршуваат,доживуваат орга(ни)зми...Прогресивна младина,нема што :icon_lol:

Трето,што е со либераливе у последно време? Секој трет човек е веќе либерален,секое второ девојче става слика или статус "I'm not like the other girls" ..така е сестро,во право си. Секој прв човек е веќе несфатен,пробале 3 пати џоинт и одма почнуваат да живеат во склад и хармонија со природата,да се љубители на културно-уметнички настани,животни и го бараат сфаќањето на постоењето,а ние останатите сме глупи,јбг... Па со овој(или оваа) што смени пол половина го судат,другата половина ја суди онаа половина што го(ја) суди..Страшно

И за крај
http://www.motika.com.mk/shto-napra...d-kavadarci-na-pretposledniot-uchilishen-den/
Моето основно училиште..Отсекогаш бунтовни,отсекогаш свои...На времето кога беше пробното екстерно бевме 7-8 одд и знам дека први излеговме на протести против,подоцна ни се придружија и гимназијалците...Секоја чест деца,и покрај тоа шо го сменија изгледот на училиштето,сеа личи на градинка за деца,духот останал ист
 
Meanwhile in Valandovo..


18921746_1588372231173441_8395656885064031690_n.jpg


Децата се градинка. Се чудат што да измислат значи.
 
Прва недела како почнав на работа и одма за утре (сабота) глумам болен за да не ја работам. :D

Ме боли кур, не сум вработен таму па да одам и во сабота. И онака сум привремено ангажиран во фирмата десетина дена.

Не ни одам за пари, највеќе одам поради анксиозноста, али морам да одморам малце и да прошетам во природа викендов.

Цела недела раце ми паднаа од кревање тежок товар, цел се искилавив. Ама не жалам, многу ми помогна во намалувањето на симптомите на анксиозноста и депресијата.

Утре другарите ме викнаа за по курви да одиме, не смеам да ги одбијам. :D Ако не ништо друго колку за по курви имам. :D
 
Драга Кајгана,
Ах бе, си го хранат егото со тоа што им тераат сеир на другите. Колку треба да си тажен и неисполнет во животот за уживаш во реметење на останатите? Жално.

Иначе времево е преубаво. На вакво време просто човек неможе да се чувствува исполнето со негативна енергија. Се што ми треба се работи кои ќе прават да ми биде интересно, кои ќе прават да се осеќам како да живеам, а не да не ги осеќам деновите, неделите и месеците и истите да ми поминуваат како за час, а и ми треба повеќе среќа периодов, затоа што имам некои планови за периодов, со оглед на тоа колку тапа ми почна оваа година.

Заборавив, ми треба и едно ладно кафе со коцки мраз во него:D
 
Патешествиата на една плавуша статистичар


Колешке внеси го бројот на налогот не на производот
Шо ме мисли бе овај глупа сум ?!

maxresdefault.jpg


Упорно го внесува бројот на прозводот
.. „ Викај мајстор. Системов пак паднал. Не ми дозволува да го внесам налогов “

tumblr_m9fhc4Rv1J1qdrpdr.jpg


„ 59 + 61 = 110 “

maxresdefault.jpg



„ 15 од 60 колку е ? “
Една четвртина.
„ А тоа е ? “
25%
„ Значи 100 минус 25 ? “
Да

Пишува 85%

latest


„ 380 делено на 420 = 90 проценти “ пишува 80%
Зошто 80% ? “
„ Па за тие прееска 10 што ги згрешив “
Чекај. Има 380 парчиња од 420 на финален, што се 90% али ти пишуваш 80% поради тоа што погрешно си ги пресметала процентите на фракција, а сега ги минусираш на целовкупен? “
„ Па мора да се одземат тие. “
Ти секогаш ги пресметуваш процентите ? “
„ Да “

Во моментов полека почнувам да умирам од внатре. Што од смеа што од тага.



БОНУС СЦЕНА

Гледа во телефонот - „ ИИИИИ !!! Цел ден интернетот сум го оставила пуштен “


much_much_later.jpg


„ ДОБРО ЗОШТО УПОРНО МИ ЈА КРАТАТ ДНЕВНИЦАТА ?! “
Како тоа ти ја кратат дневницата ? “
„ Па секој месец е различна “
Ти земаш фиксна месечна плата или дневница ? “
„ Фиксна “
Работни денови секој месец имаш исто ? “
„ Не “
Па фиксната ја делат според работните денови што ги имаш
„ Да ама зошто секој месец е различна ? “




И така драга. Не знам дали одам на работа или на стенд ап настап со влезница за во прв ред.






 
Дрг.

Сега можеме да бидеме уште поблиски со Унгарија затоа што добивме една голема заедничка карактеристика која говори за супериорноста на нашите фудбалски репрезентации- и 2-те имаме пораз од една Андора, што впрочем се и единствените победи во нивната историја на квалификациските натпревари. Ете, вчера тие запишаа историја, како и нашата репрезентација пред 13 години. Затоа е многу добро да се има ваква пријателска земја, која не само што не признава секоја 2-ра недела под уставното име, туку и сега нашите репрезентации урамени, една до друга, висат во речиси празната алејата на поразените во Андора ла Вела.

Што да речам, да живее Унгарија. :)
 
Кајги.

Отсекогаш бидувањето лоша ми одговарало повеќе. Ех сеа, се јас ќе ги разбирам сите, се јас ќе барам заеднички јазик.
Тури им курот бе, нека плачат ради тебе, ако си имаат проблем нека си имаат. Кој се лути нека му стои. Ич ништо.
Да поправам односи до луѓе шо нема да ги видам за месец и пол уште еднаш, аха, важи. Јас сум студентско дете ма Кајги. Јас иам живеено со луѓе избегани од реалноста, забегани со умот, со луѓе шо смрдат во душата повеќе од стоено гиро, со мене нашле краставици да берат.
За нешто имам мислење? Само јас нешто прашувам? Се само јас имам да кажам нешто? Ех, па што не сте кажале да му ебам мајката.
Па ништо нема да кажам. Ниту прашувам. Гајле ми е. Вашите празни животи и онака не може да се попразни. Вашата неспособност да се видите себеси, да бидете брутално искрени спрема себеси не е мој проблем. Кршете глава.

Фала ти Кајги шо ме ислуша.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom