Доверба

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Имам доверба во луѓе во кои што јас лично сметам дека треба да имам. Кога еднаш некој ќе те изневери, потоа не си истиот кој слепо верува на сите.
Мене таа грешка ми даде способност да проценам на кого вистински треба да му се верува. Така да одлично ми оди со селекцијата.
Инаку, довербата е клучот за успешно пријателство, врска и меѓучовечки односи, така да не е нешто што човекот треба да ја изгуби засекогаш доколку ја загубил еднаш.
Да веруваш, значи да опстанеш и да живееш со желба.
Да немаш доверба во некој и да немаш на кого да се потпреш е монотонија и измачување.
 
Сума сумарум, на повеќето им стиска да даваат доверба само за да не се изгорат демек? И недавањето доверба го земаат како еден вид на превенција, која треба да ги самоутеши во ситуација ако наебаат од партнерот па да си речат-Не му верував на тоа копилче, го очекував нештово кога тогаш.

Абе еве ти ја цела доверба, земи ја, уживај ја, ако ја склецаш работата, јас сум тој кој можи да продолжи со високо крената глава без к... да ми чуе, нема јас шо да се замарам предвреме. Ако не можат да се задржат нагоните, еби си мамата и око не ми гледај повеќе, па ни јас тебе. Ако не знаеш да го почитуваш то нешто, не го троши воздухов на идните генерации. Од друга страна ионака секакви дегеништа се тркалаат по земјава, па така фати се за рака со нив.
Сигурно нема да се залутам јас во последната курва, затоа што од старт знам дека не ми одговара и не гледам нешто посериозно во иднина.
 
Доверба.

Лесно ја давам кон некој. Не ми е проблем.
Во принцип сакам да им верувам на луѓето, уште од самиот старт кога ги запознавам, сакам да верувам дека нема да ја злоупотребат таа моја доверба.
Ама многу ретко е тоа така. За жал.
Веројатно затоа, денес имам многу мал круг на луѓе околу мене, на кои целосно им верувам. И можам да им кажам се што сакам и знам дека тоа ќе остане помеѓу нас.
Тие другите, кои ја изневериле и не ја заслужиле мојата дадена доверба кон нив, се некаде далеку, далеку зад мене. Бар најголемиот дел од нив.
Тие што се уште се врткаат околу мене и мислат дека можат да ја повратат назад мојата доверба кон нив, се лажат. Не знам дали има нешто што може да се направи, за јас да можам повторно да им верувам на луѓето кои ме предале на било каков начин. Шанса за дружба давам, ама за повторна доверба не можам. И од ваквите, сега најмногу се пазам...

Во последно време, за да не се изгорам (веќе не можам да си го дозволам тој луксуз), почнав да ги тестирам луѓето. Не сите, тие во кои се сомневам. Добра тактика е ова, за да знаеш на кого точно можеш да му веруваш. Но тоа не значи дека цел твој живот ова ќе остане така.
Луѓето се менуваат, ситуациите се менуваат, амбициите се менуваат.

Единствено посакувам да можевме да си веруваме полесно еден на друг. Како луѓе, како човештво.

Не е тешко да се има доверба во некој друг, тешко е да најдеш човек од доверба.
 
Јас во никого освен најблиските не верувам во целост..Моите најблиски ми се на прво место во кои не се сомневам за ништо на овој свет, нивното кажано и направано е така како што е навистина, и во нив чуствувам сигурност...Останатите се менливи....Не верувам во потполност на никого..но не се ни чудам и кога некој нема доверба во мене. Не се замарам кој колку лаже или не..Можеби на почеток само, додека откријам кој каков е, а после ги пуштам да бидат она што сакаат и не се оптеретувам со нивните можни лаги или сплеткарења..Ако ми одговараат тука сум за нив, ако не пријатно...
Али во секој случај за да не бидеш повреден не смееш а да не бидеш претпазлив..за да не би имало последици за тебе, мора однапред да се мисли на кој тоа ти му веруваш...на фолирант и лажго или искрена отворена особа....
 
Доверба во врска. Ова е најбитното нешто, без ова не верувам дека може да се има здрава врска.

Не им верувам на луѓето. Знам дека секој може да го пренесе тоа што сум го кажала на некој друг, прилично сум директна кон сите, па и ова не ме тангира многу, али сепак ми дава знак дека не можам многу да и верувам на личност што труби наоколу. Било машко, било женско.
Не дека бришам веднаш вакви особи, али си ги држам на дистанца од мене и повеќе од некој службен муабет, за мене појма немаат.

За дечко, партнер, друг е муабетот.
Мораш да имаш доверба, но истата мора да се заслужи. Секако дека нема да влезам во врска со некој кој гледам дека е повлечен, ми изиграва мистериозен и не се отвара. Што давам, тоа и барам.
Пред да влезам во врска со бившиот, буквално го знаев како дише. Знаев каков е, какви принципи и ставови има кон работите, како размислува, што може да очекувам да направи во одредени ситуации и слично.

Довербата и искреноста ми се многу битни. Кога ја имам довербата во некој, ја имам. И мислам дека тоа се гледа уште на почеток, ако добро можеш да ја процениш личноста, се разбира.
Ако гледам дека не ми штима нешто, веројатно нема никогаш ни да стекнам доверба. А пак на нарушена доверба, пиши пропало, не верувам некогаш да ја вратам на старо ниво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom