За доверба треба муда.
Да имаш доверба во некого не значи да не веруваш дека некогаш може да те заебе.
Да имаш доверба, значи да знаеш дека може да те заебе, но правиш свесен избор и даваш шанса, односно оставаш простор тоа да се деси, во име на повисока цел.
Немоеш да имаш доверба во некој ако си пичка, нити пак некој ќе има доверба у тебе ако си пичка.
А за да имаш муда, односно да бидеш храбар треба да си сигурен и самоуверен. Стабилен.
Забелешка: Сум приметил дека самоувереност како карактеристика е типична за или убер неинтелигентни фаци, или за надпросечно интелигентни фаци.
Кај првите, истата доаѓа од ignorance. Од немање способност, капацитет да се сфати колку си глуп, па апропо мислиш дека си многу паметен и влагаш у некој надмен филм.
Кај вторите, истата доаѓа од способноста да се сфати значењето на самодовербата и храброста и улогата која истата ја игра во подобрување на квалитетот на животот. Кај овие самодовербата е свесен избор.
Медиокритетот обично не е сигурен во себе затоа што за жал е способен да увиди колку е глуп а неспособен тоа да го смени. Што бутка у депра и раѓа комплекси, меѓу кои и неспособноста за доверба.