DotA 2

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Со 100-150 игри ќе се навикнам и на џојстик со аналог да играм, не е тоа фората...
Не ти требаат толку, 10-тина колку да се среди распознавањето на херои. За бирањето можеш да смениш на grid view ако те замара вртењето.
 
H

-HRO

Гостин
Бирањето на хероите може да биде и во Thumbnails view.
Се што треба е да стиснете CTRL кај Hero Picks :)
Не разбирам и како може да ви се мешаат хероите со крипови, стварно не го разбирам тој дел. Како тоа ви се мешаат? :pos:
Се си е перфектно, и не се премали хероите, се си е таман според мене.
Баш напротив дури поголеми се од него што беа во дота 1. Рикимару е поголем, Магнус е поголем, Бане Елементал е попрегледен и полесно се клика на него, Меепото е 100 пати поголемо од него во Дота 1 итн итн.
Единствено нешто што е сменето е графиката, изгледот и моделите на хероите, кои се навикнуваат за многу брзо време. Се што треба е да играте повеќе и да тренирате...

Прочитав погоре, некој член пиша дека сите херои имале иста боја? Хахахаха како иста боја Тајд и Луна? :D

Инаку стар хардкор дота фан сум. Имав прилика да ја пробам и да ја играм и LoL, ама Дота 2 е светлосни години пред LoL според мене, и сметам дека дури греота е да се прави компарација...
Повозрасните и постарите гејмери ќе ме разберат за што зборувам.
Како прво гејмплејот на LoL е 100 пати поспор од него во DotA.
Во LoL, last hitting system-от е многу потапа од него во DotA.
Таму секој крип или минион како сакате е мој. Што значи дека можам да го земам цел Creep Wave и да развијам ненормален голд за многу брзо време.
Во DotA, last hitting-от е каде каде потежок и понепредвидлив. Друга ствар е што има и Deny опција, со што се отежнува играта уште повеќе.
Едно е да пазиш да стиснеш само 1 клик и да земеш голд како на LoL, а друго е да дадеш last hit, да пазиш да гагнеш, и + да пазиш да не ти гагнат крип како на DotA.

Да не зборувам за другите опции како криење низ грмушки и Recall, каде што веднаш на LoL одиш во база без да потрошиш никаков голд и можеш инстантно да се вратиш на својот lane за 3 секунди, со што нема да му овозможиш на противникот да ти направи push.
Додека на дота фино лепо ќе си трошиш по 150 голд за портал скролови, и ќе си изгубиш доволно голд и време на лејн, со што противниците веднаш можат да направат push, и да ти сомелат 1 или повеќе кули.

Не сакам да се пронајде некој навреден од ова, ама во 90% од случаите кои сум ги видел, нубови што појма немаат од DotA, почнуваат да играат LoL.
А да не зборам и колку многу мали деца ја играат LoL...

Не заборавајте дека ДотА 2 е сеуште бета.... :)
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
И јас добив клуч конечно пред 2-3 дена после долго чекање...и како LoL играч приметив дека имам прилично голем delay на извршување акции, например ако кликнам да идам негде херојот ќе почне да ми се движи после еден delay помал од секунда али сепак прилично се приметува.

Ова е исто кај сите или само кај мене ?
 
Член од
16 јануари 2011
Мислења
362
Поени од реакции
127

Да, има и кај мене дилеј. Тоа е една од причините што неможам да се навикнам и си останувам со ЛоЛ
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Прочитав погоре, некој член пиша дека сите херои имале иста боја? Хахахаха како иста боја Тајд и Луна? :D
Инаку стар хардкор дота фан сум. Имав прилика да ја пробам и да ја играм и LoL, ама Дота 2 е светлосни години пред LoL според мене, и сметам дека дури греота е да се прави компарација...
Повозрасните и постарите гејмери ќе ме разберат за што зборувам.
Како прво гејмплејот на LoL е 100 пати поспор од него во DotA.
Во LoL, last hitting system-от е многу потапа од него во DotA.
Во DotA, last hitting-от е каде каде потежок и понепредвидлив. Друга ствар е што има и Deny опција, со што се отежнува играта уште повеќе.
Едно е да пазиш да стиснеш само 1 клик и да земеш голд како на LoL, а друго е да дадеш last hit, да пазиш да гагнеш, и + да пазиш да не ти гагнат крип како на DotA.
Да не зборувам за другите опции како криење низ грмушки и Recall, каде што веднаш на LoL одиш во база без да потрошиш никаков голд и можеш инстантно да се вратиш на својот lane за 3 секунди, со што нема да му овозможиш на противникот да ти направи push.
Додека на дота фино лепо ќе си трошиш по 150 голд за портал скролови, и ќе си изгубиш доволно голд и време на лејн, со што противниците веднаш можат да направат push, и да ти сомелат 1 или повеќе кули.

Не сакам да се пронајде некој навреден од ова, ама во 90% од случаите кои сум ги видел, нубови што појма немаат од DotA, почнуваат да играат LoL.
А да не зборам и колку многу мали деца ја играат LoL...

Не заборавајте дека ДотА 2 е сеуште бета.... :)
-Си чул за контраст?
-Играм/в дота практично “од кога излезе“ и почна да се игра кај нас. 7-8-9 години од прилика има не ме фаќај за збор. И пак ја преферирам ЛоЛ наспроти дота.
-ЛоЛ гејмплејот поспор од дота? ХАХАХХАХА. Неам понатамошен коментар. Дота нема асална фајтка до лејт гејм, цел почеток и средина само фармање е. А пак 5в5 тепачките кулминираат у секунда, и траат не повеќе од 5 секунди. Ако тоа ти е тој “активен“ гејмплеј. Да не почињам со тоа шо секој мејџ у лејт гејм станува сапорт.
-Во ЛоЛ ласт хитинг системот бил потапа и си гагал многу крипови. Па за сите исто важи. Сите гагаат многу крипови така. И сите имате шанса да се најачате = по активни тепачки у пократко време. Не знам шо сакаше да каеш со тоа.
-Жими Deny шо ти го признавам ПОЛОВИЧНО од муабетов сеа за сеа. Денај системот е одбацен пошо така поспора ќе стане играта (споро развивање / спора кулминација).
-Грмушките се најдобриот feature во моба гејмингот, текнувалото опрај си го за да сфатиш зашто.
-И телепорт/рекол. Пак ќе ти кажам, за да биде гејмплејот побрз тоа е вметнато. Иначе, на дота телепортот работи у 2та правци. Реколот само накај база. Ако сакаш да се телепортираш накај кула у лејн тро ќе мораш да се лишиш од некој битен summoner spell. Али ваљда ти ги знаеш нали овие работи чим знаеш се за лол.
-Не бев профи as in играм натпревари на светско ниво, али бев/сум уште добар (само иам малце изгубено осет и не сум у тек со новините). И пак има луѓе на ЛоЛ шо се каде-каде подобри од мене.
-А маливе деца аргументов ти е простотилучки конфирмационен биас. Ги изолираш стварите шо ти одговараат за да си ја потврдиш потсвесно тезата и полесно да ја соџвакаш лагата шо си ја веруваш.

И тоа целиов муабет у мојов пост е само твој антипост. Не дај боже јас моите тези да ги разотворам да видиш колку и зашто ја сакам повеќе лол него дота. Note: начинот на кој го кажувам ова. Која јас повеќе ја сакам, не која е подобра. Сепак е ствар на фкус така? Не е ко да споредуваме Дота и Дота2. ЛоЛ и ДотА на крај имаат само едно нешо заедничко - а тоа е жарот, моба.

Иначе офтопик сме и двајцата. Ја и мац ја хејтавме дота 2, и ја имав спомнато лол само за споредба субјективно. Не реков дека лол е подобра (иако според мене е поинтересна). Ти го сфати ко навреда и се пронајде да го пишеш постов. Затоа се најдов и јас тука повикан.

Ко за крај, еве ти видео од натпревар ЛоЛ. Ѕирни тро, не ти мењам мислење, онака разонодно.
26m35s почиња натпреварот
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
-Си чул за контраст?
-Играм/в дота практично “од кога излезе“ и почна да се игра кај нас. 7-8-9 години од прилика има не ме фаќај за збор. И пак ја преферирам ЛоЛ наспроти дота.
-
Ко за крај, еве ти видео од натпревар ЛоЛ. Ѕирни тро, не ти мењам мислење, онака разонодно.
26m35s почиња натпреварот
Почнав и јас одговор да пишувам и случајно напраив refresh на другиов таб и ти го гледам мислењево ... прекинав да пишувам пошто тотално истото го пишував :)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
И јас добив клуч конечно пред 2-3 дена после долго чекање...и како LoL играч приметив дека имам прилично голем delay на извршување акции, например ако кликнам да идам негде херојот ќе почне да ми се движи после еден delay помал од секунда али сепак прилично се приметува.

Ова е исто кај сите или само кај мене ?
Delay-от е зашо имаат тапич серверчиња.
Навика е, али да. Боље е 45мс пингот шо го иам на лол него доташкиов 200+.
 
H

-HRO

Гостин
-Си чул за контраст?
-Играм/в дота практично “од кога излезе“ и почна да се игра кај нас. 7-8-9 години од прилика има не ме фаќај за збор. И пак ја преферирам ЛоЛ наспроти дота.
-ЛоЛ гејмплејот поспор од дота? ХАХАХХАХА. Неам понатамошен коментар. Дота нема асална фајтка до лејт гејм, цел почеток и средина само фармање е. А пак 5в5 тепачките кулминираат у секунда, и траат не повеќе од 5 секунди. Ако тоа ти е тој “активен“ гејмплеј. Да не почињам со тоа шо секој мејџ у лејт гејм станува сапорт.
-Во ЛоЛ ласт хитинг системот бил потапа и си гагал многу крипови. Па за сите исто важи. Сите гагаат многу крипови така. И сите имате шанса да се најачате = по активни тепачки у пократко време. Не знам шо сакаше да каеш со тоа.
-Жими Deny шо ти го признавам ПОЛОВИЧНО од муабетов сеа за сеа. Денај системот е одбацен пошо така поспора ќе стане играта (споро развивање / спора кулминација).
-Грмушките се најдобриот feature во моба гејмингот, текнувалото опрај си го за да сфатиш зашто.
-И телепорт/рекол. Пак ќе ти кажам, за да биде гејмплејот побрз тоа е вметнато. Иначе, на дота телепортот работи у 2та правци. Реколот само накај база. Ако сакаш да се телепортираш накај кула у лејн тро ќе мораш да се лишиш од некој битен summoner spell. Али ваљда ти ги знаеш нали овие работи чим знаеш се за лол.
-Не бев профи as in играм натпревари на светско ниво, али бев/сум уште добар (само иам малце изгубено осет и не сум у тек со новините). И пак има луѓе на ЛоЛ шо се каде-каде подобри од мене.
-А маливе деца аргументов ти е простотилучки конфирмационен биас. Ги изолираш стварите шо ти одговараат за да си ја потврдиш потсвесно тезата и полесно да ја соџвакаш лагата шо си ја веруваш.

И тоа целиов муабет у мојов пост е само твој антипост. Не дај боже јас моите тези да ги разотворам да видиш колку и зашто ја сакам повеќе лол него дота. Note: начинот на кој го кажувам ова. Која јас повеќе ја сакам, не која е подобра. Сепак е ствар на фкус така? Не е ко да споредуваме Дота и Дота2. ЛоЛ и ДотА на крај имаат само едно нешо заедничко - а тоа е жарот, моба.

Иначе офтопик сме и двајцата. Ја и мац ја хејтавме дота 2, и ја имав спомнато лол само за споредба субјективно. Не реков дека лол е подобра (иако според мене е поинтересна). Ти го сфати ко навреда и се пронајде да го пишеш постов. Затоа се најдов и јас тука повикан.

Ко за крај, еве ти видео од натпревар ЛоЛ. Ѕирни тро, не ти мењам мислење, онака разонодно.
26m35s почиња натпреварот
-Далеку од тоа дека сакам да ти мењам мислење, а далеку од тоа и дека ти сакам да ми мењаш мислење.
За тебе секогаш ЛоЛ ќе биде подобра, како што за мене секогаш ќе биде подобра ДотА, и тука нема докажување.
Ќе кажам дека мислењето за ЛоЛ како игра е лично мое.

-Секако дека сум слушнал за контраст. Ама да не ги разликуваш Луна и Левиатан нема никаква шанса. ;)

Contrast :)

Различна боја:

-Дота секако дека има асални фајтови. Се што му треба на еден играч е добро организиран тим и сопствен скил.
Не е се во џангл, и early game и mid-game битките се задолжителни и мора да се спроведат :)

-Секако дека е поспор Gameplay-от за мене како ДотА играч. Тргни од движењето на хероите кои преспоро се движат...
Ако секој мејџ викаш дека лејт гејм на дота е сапорт тогаш незнам, ќе ти се насмее некој што игра дота сигурно.
Има разлика од сапортер, танкер и кери лејтгејмер.

-Deny системот немале потреба да го одбацат. Зошто? Пошто секоја партија во LoL трае отприлика 30+ минути, исто колку и во ДотА.
А во ДотА немора да си комплетно развиен за да можеш да ганкаш и да се бориш со enemy team. Баш напротив, мораш да ганкаш и да влагаш во battles уште од самиот старт.

-За грмушките и криењето, ќе се воздржам од коментари, и онака тоа не ми е толку битен пресуден фактор :)

-За телепортот на дота трошиш 150 голд за да се вратиш назад во база. За пак да се вратиш на лејн, пак треба да потрошиш 150 голд. Ама за жал мораш да се враќаш пешки на лејн пошто имаш Cooldown на телепорт скроловите.

-За тоа што викаш дека сакам да си ја соџвакам лагата што си ја верувам, грешка си :)
Само го искажав она што го гледам низ моја призма, а тоа е дека има премногу деца и фидери на лол, чија цифра е далеку поголема од онаа на Дота-плеерите.
Ќе кажам дека во ДотА тие што се бегинери потешко може да се развијат и да се снајдат во играта. Таков е системот-less forgiving, а во ЛоЛ и првпат да влезеш, веднаш можеш да направиш повеќе килс. Повеќе е фокусирана за и почетници да може да ја играат. Тоа е и една од причините зашто голем дел од луѓето преминуваат на ЛоЛ.
За дота да научиш треба многу време и добро испотен задник :)

Во дота секако дека има битки. И тоа многу се.
Разликата е во тоа што во ЛоЛ има огромни тим фајтс, каде што повеќе од хероите се доволно нафармани, и сапортерите ретко ги ротираат лејновите.
Кога дота се игра агресивно, можеш да очекуваш многу team fights. Тим фајт може да се одвива и во повеќе етапи, немора да се излупа се што се има одеднаш и битката да заврши за 5 секунди.

Инаку не се пронајдов никаде навреден, само се спротивставив на некои горенаведени коментари со кои што не се сложувам. Форум е ова, тука се водат дискусии и се кажуваат мислења. Немам ништо против тоа што ти ја сакаш ЛоЛ, и тоа што ти е подобра игра.
Ти го почитувам мислењето. Не бев јас тој што ти рече да си го оправиш текнувалото :)

4:10 - моето бегање со Aleria кое го прифатија во топ 10 на Дота Синема.
Ваква работа во ЛоЛ никогаш нема да има. Ова е една од дополнителните работи што ми ја прави ЛоЛ сиромашна игра во споредба со дота. Ваквите забавни моменти се навистина ретки таму :)

_ _ _ _ _ _ __ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Он топик:
Слабо не ги испомеша сите спелови во рок од 5 секунди :D

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Океј, офтопик отидовте ептен сега.

Иначе, -HRO, јас реков дека кога го ганкав левиатан, не ја приметив луна меѓу неутралците. И стојам на ова.
Кога ја играм Dota 2, еве веќе 10-та партија, стојам на 30 сантима од екранот. На 22 инчен екран.
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
@ -HRO
Леле кое возење им го даде, секоја чест :cuc:
 
H

-HRO

Гостин
Океј, офтопик отидовте ептен сега.

Иначе, -HRO, јас реков дека кога го ганкав левиатан, не ја приметив луна меѓу неутралците. И стојам на ова.
Кога ја играм Dota 2, еве веќе 10-та партија, стојам на 30 сантима од екранот. На 22 инчен екран.
Се согласувам дека отидовме офтопик, и за истото се извинувам на членовите на оваа тема.
Ветувам нема повеќе да читате непотребен спам на ДотА 2 темата.

Инаку Мас, јас помислив дека не ја разликуваш Луна од Левиа, па ми падна смешно малку хаха.
Btw за Луна меѓу неутралците чудно, јас го немам овој проблем :)
Се надевам ќе се навикнеш со тек на време. И мене ми требаше време додека да се прилагодам од Дота 1.

@ -HRO
Леле кое возење им го даде, секоја чест :cuc:
Фала, фала хахахаха. Ги пореметив малце низ гората.
Ливна Треантот после тоа :D
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Delay-от е зашо имаат тапич серверчиња.
Навика е, али да. Боље е 45мс пингот шо го иам на лол него доташкиов 200+.
Абе сигурно играте на Еу сервер? Мене нема ми одено повеќе од 45 мс.....
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 09:24 ---
Океј, офтопик отидовте ептен сега.

Иначе, -HRO, јас реков дека кога го ганкав левиатан, не ја приметив луна меѓу неутралците. И стојам на ова.
Кога ја играм Dota 2, еве веќе 10-та партија, стојам на 30 сантима од екранот. На 22 инчен екран.
Научено ти е окото на линиите околу хероите кај ЛоЛ, затоа ти оди потешко. Ти си крив :pos:

-HRO
Добра вожња(y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom