-Си чул за контраст?
-Играм/в дота практично “од кога излезе“ и почна да се игра кај нас. 7-8-9 години од прилика има не ме фаќај за збор. И пак ја преферирам ЛоЛ наспроти дота.
-ЛоЛ гејмплејот поспор од дота? ХАХАХХАХА. Неам понатамошен коментар. Дота нема асална фајтка до лејт гејм, цел почеток и средина само фармање е. А пак 5в5 тепачките кулминираат у секунда, и траат не повеќе од 5 секунди. Ако тоа ти е тој “активен“ гејмплеј. Да не почињам со тоа шо секој мејџ у лејт гејм станува сапорт.
-Во ЛоЛ ласт хитинг системот бил потапа и си гагал многу крипови. Па за сите исто важи. Сите гагаат многу крипови така. И сите имате шанса да се најачате = по активни тепачки у пократко време. Не знам шо сакаше да каеш со тоа.
-Жими Deny шо ти го признавам ПОЛОВИЧНО од муабетов сеа за сеа. Денај системот е одбацен пошо така поспора ќе стане играта (споро развивање / спора кулминација).
-Грмушките се најдобриот feature во моба гејмингот, текнувалото опрај си го за да сфатиш зашто.
-И телепорт/рекол. Пак ќе ти кажам, за да биде гејмплејот побрз тоа е вметнато. Иначе, на дота телепортот работи у 2та правци. Реколот само накај база. Ако сакаш да се телепортираш накај кула у лејн тро ќе мораш да се лишиш од некој битен summoner spell. Али ваљда ти ги знаеш нали овие работи чим знаеш се за лол.
-Не бев профи as in играм натпревари на светско ниво, али бев/сум уште добар (само иам малце изгубено осет и не сум у тек со новините). И пак има луѓе на ЛоЛ шо се каде-каде подобри од мене.
-А маливе деца аргументов ти е простотилучки конфирмационен биас. Ги изолираш стварите шо ти одговараат за да си ја потврдиш потсвесно тезата и полесно да ја соџвакаш лагата шо си ја веруваш.
И тоа целиов муабет у мојов пост е само твој антипост. Не дај боже јас моите тези да ги разотворам да видиш колку и зашто ја сакам повеќе лол него дота. Note: начинот на кој го кажувам ова. Која јас повеќе ја сакам, не која е подобра. Сепак е ствар на фкус така? Не е ко да споредуваме Дота и Дота2. ЛоЛ и ДотА на крај имаат само едно нешо заедничко - а тоа е жарот, моба.
Иначе офтопик сме и двајцата. Ја и мац ја хејтавме дота 2, и ја имав спомнато лол само за споредба субјективно. Не реков дека лол е подобра (иако според мене е поинтересна). Ти го сфати ко навреда и се пронајде да го пишеш постов. Затоа се најдов и јас тука повикан.
Ко за крај, еве ти видео од натпревар ЛоЛ. Ѕирни тро, не ти мењам мислење, онака разонодно.
26m35s почиња натпреварот
-Далеку од тоа дека сакам да ти мењам мислење, а далеку од тоа и дека ти сакам да ми мењаш мислење.
За тебе секогаш ЛоЛ ќе биде подобра, како што за мене секогаш ќе биде подобра ДотА, и тука нема докажување.
Ќе кажам дека мислењето за ЛоЛ како игра е лично мое.
-Секако дека сум слушнал за контраст. Ама да не ги разликуваш Луна и Левиатан нема никаква шанса.
Contrast
Различна боја:
-Дота секако дека има асални фајтови. Се што му треба на еден играч е добро организиран тим и сопствен скил.
Не е се во џангл, и early game и mid-game битките се задолжителни и мора да се спроведат
-Секако дека е поспор Gameplay-от за мене како ДотА играч. Тргни од движењето на хероите кои преспоро се движат...
Ако секој мејџ викаш дека лејт гејм на дота е сапорт тогаш незнам, ќе ти се насмее некој што игра дота сигурно.
Има разлика од сапортер, танкер и кери лејтгејмер.
-Deny системот немале потреба да го одбацат. Зошто? Пошто секоја партија во LoL трае отприлика 30+ минути, исто колку и во ДотА.
А во ДотА немора да си комплетно развиен за да можеш да ганкаш и да се бориш со enemy team. Баш напротив, мораш да ганкаш и да влагаш во battles уште од самиот старт.
-За грмушките и криењето, ќе се воздржам од коментари, и онака тоа не ми е толку битен пресуден фактор
-За телепортот на дота трошиш 150 голд за да се вратиш назад во база. За пак да се вратиш на лејн, пак треба да потрошиш 150 голд. Ама за жал мораш да се враќаш пешки на лејн пошто имаш Cooldown на телепорт скроловите.
-За тоа што викаш дека сакам да си ја соџвакам лагата што си ја верувам, грешка си

Само го искажав она што го гледам низ моја призма, а тоа е дека има премногу деца и фидери на лол, чија цифра е далеку поголема од онаа на Дота-плеерите.
Ќе кажам дека во ДотА тие што се бегинери потешко може да се развијат и да се снајдат во играта. Таков е системот-less forgiving, а во ЛоЛ и првпат да влезеш, веднаш можеш да направиш повеќе килс. Повеќе е фокусирана за и почетници да може да ја играат. Тоа е и една од причините зашто голем дел од луѓето преминуваат на ЛоЛ.
За дота да научиш треба многу време и добро испотен задник
Во дота секако дека има битки. И тоа многу се.
Разликата е во тоа што во ЛоЛ има огромни тим фајтс, каде што повеќе од хероите се доволно нафармани, и сапортерите ретко ги ротираат лејновите.
Кога дота се игра агресивно, можеш да очекуваш многу team fights. Тим фајт може да се одвива и во повеќе етапи, немора да се излупа се што се има одеднаш и битката да заврши за 5 секунди.
Инаку не се пронајдов никаде навреден, само се спротивставив на некои горенаведени коментари со кои што не се сложувам. Форум е ова, тука се водат дискусии и се кажуваат мислења. Немам ништо против тоа што ти ја сакаш ЛоЛ, и тоа што ти е подобра игра.
Ти го почитувам мислењето. Не бев јас тој што ти рече да си го оправиш текнувалото
4:10 - моето бегање со Aleria кое го прифатија во топ 10 на Дота Синема.
Ваква работа во ЛоЛ никогаш нема да има. Ова е една од дополнителните работи што ми ја прави ЛоЛ сиромашна игра во споредба со дота. Ваквите забавни моменти се навистина ретки таму
_ _ _ _ _ _ __ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Он топик:
Слабо не ги испомеша сите спелови во рок од 5 секунди