Повеќето сигурно го изгледале филмов, ама вреди да се спомне на темава.
Три момчиња се натпреваруваат за наградата од милион долари - е краткиот опис на документарецот Free to play. Тој следи три професионални гејмери кои се натпреваруваат на првиот интернационален турнир Dota 2. Данил „Денди“ Ишутин од Украина, Бенедикт „Хајхај“ Лим од Сингапур и Клинтон „Фиар“ Лумис од САД се врвни натпреварувачи кои се дел од турнирот.
Онлајн мултиплеер играта Dota 2 е дело на Valve, а истата компанија стои и зад документарниот филм.
Е-спортовите полека стануваат најпопуларни компетитивни форми во светот, па не чуди што едниот од протагонистите во филмот смета дека за десетина години оваа дисциплина ќе биде попопуларна од фудбалот.
Овој турнир вреден милион долари целосно го смени светот на онлајн гејмингот и врвните гејмери повеќе ништо нема да биде исто. Документарниот филм ги покажува предизвиците и жртвите што ги прават натпреварувачите за да играат на највисоко можно ниво.
Денди почнал да игра уште како мало момче откако неговиот постар брат конечно добил компјутер од нивната баба. Иако бил успешен и во други игри, кога ја открил Dota сфатил дека тоа е она што секогаш го сакал. Хајхај не е непознат во светот на гејмингот бидејќи во 2008 година бил победник на првенството во Е-спортови. Фиар предизвикува стравопочит бидејќи е еден од најдобрите играчи на Dota 2 Кој доаѓа од западната хемисфера.
Погледнете го документарецот кој навлегува во светот на гејмерите.