http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104651
Директорот на Здравствен дом со цигара - Санитарна не реагира
19.02.2009 16:14
Санитарна инспекција нема да поднесе пријава против директорот на Здравствен дом Бојан Јаначков бидејќи инспекторите не го фатиле на лице место.
Според нив, не можеле да пишуваат казни врз основа на снимен материјал, иако од снимките јасно се гледа како директорот Бојан Јаначков со цигара се шета, и тоа во Здравствен објект каде тој е директор.
„Законот е дециден, не пишува дека ако се има на телевизија, или ако нема на телевизија. Јас кажувам како е работата и инспекторите како постапуваат; постапуваат на лице место. Не велам за вас, но од каде знаеме дека не може да биде монтиран некој, не кажувам за конкретниот“, вели Шемси Муса, директор на Санитарна инспекција.
Според законот, доколку се пуши во објект каде е забрането, правниот субјект, во случајов Здравствен дом, ќе треба да плати глоба од 2.000 до 4.000 евра, а директорот Бојан Јаначков треба да биде казнет со глоба од 150 до 300 евра.
На инспекторите не им пречеше да го казнат нарко босот Бајруш Сејдиу со 50 евра глоба, само врз основа на телевизиски снимки.
Video
__________________