Ја сум нов на форумов, ама ги читав претходните постови. Бог да чува. Ич не се слажем со вас, а за Moore немам многу големо мислење. Стварно у Куба пожарникарите добија бесплатен третман. Како на филм. А ако толку му смета капитализмот, нека иде у НДР Кореја и тамо нека живи само еден месец, па после ќе го прашам дали капитализмот не чинел. За Куглањето во Колумбина цело време збори Буш ваќе, Буш таќе, праа бомбе, а когај го спомна бомбардирањето на Србија, Клинтон ич не го спомна. Абе се гледа дека е демократ и збори све само против републиканците. И да, нападите на 11.09. беа чиста фикција, а? Тој ќе ни каже. Можда и на Месец људите не ступнале, све е тоа конспирација. Сум гледал од него и еден документарец за еден пропаднат град у Илиноис по затворањето на фабриката (или беше рудникот) и филмот беше ОК, без политика. Али задниве документарци му са само за пред избори.
Сложи се бе барем малку со нас, не биди таков... :pos2:
Значи,
факт бр.1, Мур е деклариран демократ и не ја крие својата политичка определба. Значи никогаш не се претставил како „демек неутрален“ ко овие нашиве интелектуалци. Во право си за тоа дека мета му е Буш а останатите кога се на власт не може човекот саглам документарец да си направи.
Факт бр.2, Мајкл Мур за многу, многу, и уште еднаш многу работи е во право.
Значи,
Sicko (2007) за мене е култен документарец, филм во кој се открива целата грдотија на системот во кој живееме и како луѓето на кои им е доверено здравјето на една нација, заработуваат на животите и трагедиите на болните. Никаде Мајкл Мур не вели дека е против капитализмот, туку дава јасен пример како во други капиталистички земји како В.Британија, Франција итн... постои нешто што се вика „бесплатно здравство“, или истото е „Социјализирано“, па овие држави се и понатаму капиталистички и за чудо не пропаднале. Споредбата меѓу Американскиот здравствен систем и оној во Англија и Франција е фрапантен: за истата услуга и квалитет на услугата, во Европските земји не плаќате или плаќате симболично, додека во Америка треба да си ја продадете куќата, ако ја имате. И да не ширам, кој сака нека го погледне филмот, нема да зажали.
Fahrenheit 9/11 (2004) е на тема „кого вие фарбате?“ и е еден од многуте вакви филмови кои го тврдат истото.
Bowling for Columbine (2002) не беше на ниво на другите два и добив животна прилика да се разочарам од личноста на Charlton Heston, попознат како Мојсие, Јуда Бен Хур, и Џорџ Тејлор од Планетата на Мајмуните.
Аха, и дечкото што е мета на обработка и повремено на некој чевел... па, си има причина... :pos2: