Јас во мојот пост напишав дека гостите обавезно ги нудам со јадење. Интересно мислев дека ќе ви се допадне но му се допадна само на
@sankerce.
Jас тоа стварно го правам, штом некој дојде дома веднаш го нудам со јадење.
Зошто го правам тоа има објаснување.
Ако отидам кај некој на гости и ако сум гладен, од кафе ќе ме боли стомак. А има куќи каде прво те нудат со кафе. Или ако си гладен и ако пиеш ракија, уште повеќе ќе ти се јаде. Значи гладен човек можете да го понудите само со благо - слатко или локум.
Затоа моја препорака прво понудете го гостинот со јадење, а потоа може и друго. Било што - например потпечени лепчиња со маргарин и сирење или пржени јајца или макарони. Секогаш дома се наоѓа нешто за јадење