Доколку имате гости што би спремиле за јадење?

  • Креатор на темата Креатор на темата eugenia suarez
  • Време на започнување Време на започнување
Замисли ти доаѓаат гости и ти му викаш што ќе пиеш? тој ти се обраќа па може сокче, е добро де деца сме сокче ќе пиеме? Секако дека пивце :D а може и винце...
 
Зависи.Ако се некој ептен блиски роднини се шо имам во фрижидер на маса го ставам.(нормално за да шарнат некоја пара) :icon_lol:
А ако се некој небитни, еден сок или кафе и благо нешто и ајт чао.
 
Обично ако дојдат, кисела вода и газиран сок сосе готови кикиритки ,башка тоа и салама и сирење со салата :D
 
Кавијар и морска храна пошо кај мене идат само делегации. Вино 100 годишно и разни верзии на коњак. Бујрум.
 
А јас како беќар и кога ќе ни дојдат ненајавени гости од друг град и моите родители се отсутни(на излегување е) и тогаш не знаев што да им нагостам и наеднаш за почеток ми светна идеја и го направив според старата традиција од нашите баби им служев специјална тацна за слатко и кладов слатко од кајсија домашно приготвени ставив во три тацни по три лажички и три чашки вода и со послужнавник им служив потоа и кафенце се дури не дојдоа моите родители ,а се останатото нека им служат моите родители :D
А за моите другари кога ќе ми дојдат ќе им служам кока-кола или пиво со грицки и апетисани зависи што имам и потоа излегуваме во град да отепаме досада :D


Sent from my iPad 3 using Tapatalk
 
Па сок,пивце,ракија кој како сака,после кафе се вари па ордевер со салама кашкавал,маслинки ако има тоа.
 
со СССР - убаво е да се прочита,а сега доколку некој влезе,тогаш со пита од тиква...а,треба и слика.
 
„Кафе набрзина“

1948240_434583906676138_1353374644_n.jpg
 
Македонска тактика на гости:

-Може чаша вода?
-Да не сакаш сок?
-Паааа... можееее.

Си ме насмеал поштено, навистина е така :)

Да не сакате сок, вода ладна има убава?
- Стај по една вода ајде на поминување сме.

Или

Абе не поседовте ич, ручек ќе спремав (ова веќе на врата за испраќање)
-Ааа не фала, брзаме (они мртви гладни им вијат црева)
 
Јас знам @Pillow Queen со што послужува. Со кафе. Ама и те какво кафе, еве @leandra може да потврди, ваљда и @Лигеја :D

Со што имам со тоа, сега, нека се среќни што сум ги примила :Р јас па сум ептен економичен гостин, вода само пијам, кафе ако сварат и тоа па можат да сварат и најужасно кафе што повеќе е тиња него кафе и ќе го испијам, затоа ја пингав Пилоу Квин да потврди :D
 
E сеа зависи од гостите.Ако ми е некој тотално небитни едно сок4е,ресана и кафе.А ако ми се некој многу битни тогаш гледам да се чуствуваат како во ресторант.Прво мали ордеверчиња за секој посебно,потоа главно јадење и на крај десерт.Со секое ниво гледам да биде запазено изборот на вино во зависност од степените и сувоста или сочноста на тоа јадење. :pipi:
 
Јас знам @Pillow Queen со што послужува. Со кафе. Ама и те какво кафе, еве @leandra може да потврди, ваљда и @Лигеја :D

Со што имам со тоа, сега, нека се среќни што сум ги примила :Р јас па сум ептен економичен гостин, вода само пијам, кафе ако сварат и тоа па можат да сварат и најужасно кафе што повеќе е тиња него кафе и ќе го испијам, затоа ја пингав Пилоу Квин да потврди :D
Тоа е тоа класично велешко сиктер кафе. Чекаш водата да зоврие, па ставаш пола лажица кафе колку за мирис и принесуваш тиња. За и следен пат ако дојдеш да речеш нејќеш кафе пијана си какао :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom