Доделување на Оскарите за 2010 Година

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

Кој филм оваа година ќе го освои Оскарот?

  • Вкупно гласачи
    133
Една прогноза од мене, па ќе видиме како ќе биде:
Најдобар филм: Сошл Нетворк
Главна машка улога: Џејмс франко
Главна женска улога: Натали Портман
Споредна машка улога: Криситјан Бејл
Споредна женска улога: Мелиса Лео (евентуално Мила Кунис)
Најдобра режија: Дарен Аронофски
Најдобар анимиран: Веќе кога го нема Деспикбл Ми, гласам за Тој Стори (потајно се надевам дека ќе биде Хау ту траин јоур драгон)
Листава си е во ред, само кај ја виде Мила Кунис, не е воопшто номинирана за Оскар..:)
 
фејсбук филмот нема да ја освои наградата за најдобар филм, мислам како голем филмоман како што се претставуваш треба да знаеш дека во 90% филмот со најголем број номинации го зема и оскарот за најдобар фил. Очекувам големо фијаско да доживее и Инсепшн бидејќи кај академијата не поминуваат така лесно таквите блогбастери. Според мене најголем број оскари ќе освои The King's Speech што не е така лош филм според трејлерот што го гледав
Не се претставувам како голем филмоман, само како филмоман. И како таков можам да ти кажам една едноставна работа: никогаш немој да тврдиш за филм дека е добар врз основа на гледан трејлер. Филмот се коментира откако ќе го изгледаш.
 
Ај и јас да си ги кажам прогнозите, малце пристрасно е за филмот, машката улога и режисерот :)...

Најдобар филм True Grit
Најдобра машка главна улога Jeff Bridges
Најдобра женска главна улога Natali Portman
најдобра машка споредна улога Christian Bale
Најдобра женска споредна улога Melissa Leo
најдобар анимиран филм Toy Story 3
Најдобра режија Џоел и Итан...Други не ме интересираат :)
 
Не се претставувам како голем филмоман, само како филмоман. И како таков можам да ти кажам една едноставна работа: никогаш немој да тврдиш за филм дека е добар врз основа на гледан трејлер. Филмот се коментира откако ќе го изгледаш.
The King's Speech го немам гледано но филмот за фејсбук да, и иако е добар сепак велам дека не е по вкус на академијата, јас само сакав да ти реплицирам на големата твоја сигурност дека фејсбук филмот ќе го добие оскарот нешто како што реков претходно шансите се минимални.
 
Дојде и тој период од годината. Најочекуваниот. Годинава како и лани горе-долу ги изгледав скоро сите филмови, но остануваат да ги изгледам и странските филмови така да нема веднаш да и дадам фаворитите. Навистина не сум нешто изненаден од номинациите, освен најголемата замерка е тоа што Despicable Me не доби номинација за анимиран филм (според мене доста подобар од акцијата How to train your dragon). Но, тоа е тоа, прават и тие некои пропусти, исто и Winter's Bone не е ништо подобар од The Town кој според мене требаше да се здобие со номинација.
 
Black Swan,The Fighter,The Social Network,The King's Speech,Inception и True Grit, доста јаки филмови се, вака рамноправно не памтам кога последен пат било. Toy Story 3 и покрај безпрекорната анимација се знае дека нема што да бара во оваа категорија.
Не би знаел за кого да се одлучам, нема некој кој отскокнува драстично, првиве три доминираа на глобусите, втората тројка нека си ги размени оскарите.

--- надополнето ---

и бројот на номинации го наговестува тоа..
 
Кога сме веќе кај оскарите, сте слушнале ли за "оскаровската клетва" и дали сметате дека држи вода?
 
Листава си е во ред, само кај ја виде Мила Кунис, не е воопшто номинирана за Оскар..:)
Лоша работа е да пишуваш постови, а ти дошло време за спиење :)
Искрено стварно незнам кај ја видов на листава :)
 
Кога сме веќе кај оскарите, сте слушнале ли за "оскаровската клетва" и дали сметате дека држи вода?

Мислиш на проклетството кое ги гони жениве кои добиваат Оскар? Да се надеваме Портман нема да ја стрефи судбината на Сандра Булок.
 
Мислиш на проклетството кое ги гони жениве кои добиваат Оскар? Да се надеваме Портман нема да ја стрефи судбината на Сандра Булок.
ами Хали Бери, после Monsters Ball нема асален филм од неа.
 
ами Хали Бери, после Monsters Ball нема асален филм од неа.

Освен професионалната кариера и приватниот живот им се испорастури на жениве. Работава искочи на крај да се молат да не добијат Оскар, отиде и брак и кариера туто комплето..:)
 
добнро шо толку убаво видовте у Фејлбук????
ти можи ништо не виде,но има луѓе многу пообразовани за филмска уметност што виделе нешто најверојатно..и сега ти сакал или не филмчето си е номинирано.Можеби ќе го земи оскарот а можеби и не.твоите и моите прецепции гелдат сосема спротивно или пак нешто што ти не си во состојба да го знаеш тоа што треба да се знае за кој филм заслужува или не заслужува номинација или евентуален оскар.
За тоа е потребно или еве посолжено да кажам ако нешто не знаеш подобро е да си поќутиш
 
аха.. а по коментаров твој ти поупатен у филмска уметност. епа пошо прашањево ми е ШО ДОБРО ИМА У ФИЛМОВ ај те молам ти конкретно одговори ми го. го гледав филмот и не дека не ми се свиѓа ама нишо посебно не видов како што му ги креваат акциите. а акциите му ги креваат пошто фејсбук е најголема социјална мрежа - или сеа ке ми кажеш дека грешам?
 
Јас ќе си поќутам,и не сум поупатен од тебе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom