Најдобар знак дека нешто не е како што треба кај тебе во државата е ако некој твој сограѓанин побара азил во Косово. Ако тоа не е доволно, ти си Србин а сограѓанинот исто така е Србин.
Неименуван 47-годишен Србин од Врбовец, Војводина, се јавил во косовската полициска служба, и побарал политички азил заради како што рекол “психолошкиот притисок и тешката економска ситуација.”
Косовските власти ја потврдиле веста на локалните медиуми. Полицијата, во согласност со законите, со посредување на УНХЦР на азилантот му обезбедила сместување и други услови за живот во Приштина.
Според медиумите човекот е дипломиран економист кој работел во Смедерево а живеел во селото Врбовец во Војводина.
Он.нет