Дали има нешто од времето на СФРЈ што ви недостасува и доколку би можеле би го вратиле и во денешно време??? Оваа тема не се однесува само на постарите членови на форумов кој живееле во тоа време, бидејки југоносталгијата како сеуште присутна појава во нашево општество и те како ни дава можност многу добро да се запознаеме со се што сеслучивало. Секако тука се и бројните филмови, семејни албуми, раскажувања на постарите.
Јас мислам дека во тоа време дружењето и блискоста помегу лугето била поинаква и тоа би го вратил. Исто така би ја вратил сендвичарата Камел ( ах само како мирис доагаше од та сендвичара).
Ако зборуваме за СФРЈ, тоа воопшто не беше комунизам, туку мешавина од тоталитаризам, пазарна економија, планска (командна) економија и некаков квази плурализам во сопственоста. Во секој случај неуспешна комбинација.
Детството ми помина во СФРЈ. Ги слушав ТВ рекламите за акциите за вработување, „имаш куќа, врати го станот“...исто како и нееднаквоста и раслоеното општество кое навидум требаше да биде општество на еднакви...каде работникот треба да се качи во својот Мерцедес и да оди во својата вила на море...но, тоа го можеа само старешините од ЈНА и директорите...
Ги паметам емисиите „Дозволите да се обратимо“ за ЈНА и обавезниот партизански филм во рамките на таа емисија, каде Бата Живојиновиќ и Љубиша Самарџиќ сами со по еден пушкомитралез убиваат цела чета Германци

, „Знање - Имање“, земјоделска емисија каде две села од различни делови на СФРЈ се натпреваруваат во повеќе дисциплини (орање, сеење и сл...)
Бранко Коцкица ја паметам...детска емисја беше тоа...
Ја паметам радоста кога ќе ми купат лименка во Солун, оти кај нас немаше такво, па празните рафтови во продавниците, баш заради планската економија, редовите за леб и млеко...
Време на „свиждане“ со Бугарите кога миневме граница само со лична карта, ние одиме напролет кај нив во Петрич, тие кај нас идат наесен...
Одевме и на секој државен празник, границата беше тогаш во гужва, обично за 11 октомври и 29 ноември, а за 1 мај се одеше до Солун.
Делови за колите се купуваа од Солун, бидејќ беа поквалитетни и поефтини од домашните а и имаше убав избор на гуми. Одиме да си купиме Пирели, Гудјир, Данлоп и сл. а Бугарите идеа кај нас по Тигар.
Не ми фали СФРЈ, кога подобро ќе размислам, беа победни времиња и немаше ништо...Имаш плата, немаш што да купиш, и Грците луѓе ги направивме...
Колку било добро се гледа, кога во сите фирми имаше превработеност. Инвестиции рамно на нула, но битна е полната вработеност.
Сето беше вештачки створен демек рај. Затоа и заврши како што заврши.