Добрите страни на комунизмот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Дали има нешто од времето на СФРЈ што ви недостасува и доколку би можеле би го вратиле и во денешно време??? Оваа тема не се однесува само на постарите членови на форумов кој живееле во тоа време, бидејки југоносталгијата како сеуште присутна појава во нашево општество и те како ни дава можност многу добро да се запознаеме со се што сеслучивало. Секако тука се и бројните филмови, семејни албуми, раскажувања на постарите.

Јас мислам дека во тоа време дружењето и блискоста помегу лугето била поинаква и тоа би го вратил. Исто така би ја вратил сендвичарата Камел ( ах само како мирис доагаше од та сендвичара).
 
Во Југославија можеше да легнеш да спиеш на клупа во парк, и никој не те гиба, си спиеш на раат. Сега, дома не можеш да си безбеден да спиеш.
 
Во Југославија можеше да легнеш да спиеш на клупа во парк, и никој не те гиба, си спиеш на раат. Сега, дома не можеш да си безбеден да спиеш.

e da, se spielo mnogu u jugoslavija, duri i previse :)

pretpostavuvam ne si ni bil roden pa da komentiras vaka

za temava.....30+ godini neka kazat kako bilo
gi pamtam samo crvenite pasosi(i to deka bev kaj majka mi na pasos upisan) i deka se setkase kade kade polesno od sea, zadnji put u solun so takov pasos iam otideno(na mama de) :)
 
Фиат 1300 да имаш, беше како мерцедес. За сите имаше работа, на 1-ви сите земаа плата, никој не се секираше за ништо, сабота недела беа неработни, војска се одеше 2 години....
 
Не знам за добри страни ама за контрадикторности има полно.Два цитати во прилог:
1. ,,Абе во то време ништо немавме и пак бевме среќни,,.
2. ,,Тогаш немаше толкава сиромаштија,,.
И двата цитати се точни иако контрадикторни.
 
Дали има нешто од времето на СФРЈ што ви недостасува и доколку би можеле би го вратиле и во денешно време??? Оваа тема не се однесува само на постарите членови на форумов кој живееле во тоа време, бидејки југоносталгијата како сеуште присутна појава во нашево општество и те како ни дава можност многу добро да се запознаеме со се што сеслучивало. Секако тука се и бројните филмови, семејни албуми, раскажувања на постарите.

Јас мислам дека во тоа време дружењето и блискоста помегу лугето била поинаква и тоа би го вратил. Исто така би ја вратил сендвичарата Камел ( ах само како мирис доагаше од та сендвичара).
Ако зборуваме за СФРЈ, тоа воопшто не беше комунизам, туку мешавина од тоталитаризам, пазарна економија, планска (командна) економија и некаков квази плурализам во сопственоста. Во секој случај неуспешна комбинација.
Детството ми помина во СФРЈ. Ги слушав ТВ рекламите за акциите за вработување, „имаш куќа, врати го станот“...исто како и нееднаквоста и раслоеното општество кое навидум требаше да биде општество на еднакви...каде работникот треба да се качи во својот Мерцедес и да оди во својата вила на море...но, тоа го можеа само старешините од ЈНА и директорите...
Ги паметам емисиите „Дозволите да се обратимо“ за ЈНА и обавезниот партизански филм во рамките на таа емисија, каде Бата Живојиновиќ и Љубиша Самарџиќ сами со по еден пушкомитралез убиваат цела чета Германци :), „Знање - Имање“, земјоделска емисија каде две села од различни делови на СФРЈ се натпреваруваат во повеќе дисциплини (орање, сеење и сл...)
Бранко Коцкица ја паметам...детска емисја беше тоа...
Ја паметам радоста кога ќе ми купат лименка во Солун, оти кај нас немаше такво, па празните рафтови во продавниците, баш заради планската економија, редовите за леб и млеко...
Време на „свиждане“ со Бугарите кога миневме граница само со лична карта, ние одиме напролет кај нив во Петрич, тие кај нас идат наесен...
Одевме и на секој државен празник, границата беше тогаш во гужва, обично за 11 октомври и 29 ноември, а за 1 мај се одеше до Солун.
Делови за колите се купуваа од Солун, бидејќ беа поквалитетни и поефтини од домашните а и имаше убав избор на гуми. Одиме да си купиме Пирели, Гудјир, Данлоп и сл. а Бугарите идеа кај нас по Тигар.
Не ми фали СФРЈ, кога подобро ќе размислам, беа победни времиња и немаше ништо...Имаш плата, немаш што да купиш, и Грците луѓе ги направивме...
Колку било добро се гледа, кога во сите фирми имаше превработеност. Инвестиции рамно на нула, но битна е полната вработеност.
Сето беше вештачки створен демек рај. Затоа и заврши како што заврши.
 
Прво, во Југославија НЕМАЛО комунизам.
Второ, и покрај тоа што речиси малку сум фатила од Југославија (2 години) и покрај тоа што сум слушала за Југославија, воопшто не ме фатило Југоносталгија, баш напротив сум горда што живеам во самостојна и независна Македонија.
Трето, позитивното што го признавам е начинот на кој што се забавувале и дружеле младите.
Четврто, колку и да се кажуваат позитивните работи, сепак тоа не го менува фактот дека Македонија била најнеразвиена држава.

И ова што го кажа Струмикс е најточно, најобјективно мислење што го имам прочитано за Југославија.

Не ми фали СФРЈ, кога подобро ќе размислам, беа победни времиња и немаше ништо...Имаш плата, немаш што да купиш, и Грците луѓе ги направивме...
Колку било добро се гледа, кога во сите фирми имаше превработеност. Инвестиции рамно на нула, но битна е полната вработеност.
Сето беше вештачки створен демек рај. Затоа и заврши како што заврши.
 
Како и да е, дали е рај или демек, поубаво се живееше, али како и да е, не треба на темава да дискутираме дали било подобро или полошо, туку по што ја памтиме СФРЈ и нејзините одлики.
 
Не ми фали СФРЈ, кога подобро ќе размислам, беа победни времиња и немаше ништо...Имаш плата, немаш што да купиш, и Грците луѓе ги направивме...
Колку било добро се гледа, кога во сите фирми имаше превработеност. Инвестиции рамно на нула, но битна е полната вработеност.
Сето беше вештачки створен демек рај. Затоа и заврши како што заврши.



Да да, баш поради ваквите размислувања денес си живееме во еден свет каде целиот живот се сведува на ,,грабни колку повеќе можеш, никој не ти може ништо,, па затоа оние со леплива рака се интелектуалци, а оние со образование се штрајкувачи и социјални корисници....Имаме мирен сон, со пиштол под перница, кој најчесто завршува во нашата глава, зошто не сме имале со што да ги прехраниме децата пошто додека сите грабаа ние учевме факултет ко луди и спремавме докторати...кој ни е крив што не работи животинското во нас, пошто само така се преживува во суров капитализам....


Можеби сум премлада за да се секавам како било во СФРЈ, ама не сум мала за да читам и разберам некои книги, за да слушам како прераскажуваат некои постари, или пак уште помалку-за да не сватам дека сега не ми чини...што и да било-полошо од ова не е....
 
Имам доволно кажано на темата нема пак да се повторувам. Само на кратко ќе кажам оптичка варка и рај за лесните по ум. Другото Струмикс си го објасни убаво.
 
Да да, баш поради ваквите размислувања денес си живееме во еден свет каде целиот живот се сведува на ,,грабни колку повеќе можеш, никој не ти може ништо,, па затоа оние со леплива рака се интелектуалци, а оние со образование се штрајкувачи и социјални корисници....Имаме мирен сон, со пиштол под перница, кој најчесто завршува во нашата глава, зошто не сме имале со што да ги прехраниме децата пошто додека сите грабаа ние учевме факултет ко луди и спремавме докторати...кој ни е крив што не работи животинското во нас, пошто само така се преживува во суров капитализам....


Можеби сум премлада за да се секавам како било во СФРЈ, ама не сум мала за да читам и разберам некои книги, за да слушам како прераскажуваат некои постари, или пак уште помалку-за да не сватам дека сега не ми чини...што и да било-полошо од ова не е....
Кога си мала...слушаш носталгични приказни дека земале плата а ништо не работеле...проблемот е подлабок...многу подлабок...
Искористија олигарсите...
Читни ми го горниот пост за еднаквоста...
Согледајте ја реално СФРЈ и ќе ви стане јасно дека всушност комунистите `45 разграбаа приватната сопственост и станаа богаташи, а довчерашните богаташи ги истераа да живеат во штали ( под комунисти читај: оние кои се нарекуваа партизани, слезени од планините).
Поарно општество...смешки во боја!
 
А, сега, кој живее убаво ? 10 посто, ајде 20 преку сила. Ми збориш комунистите разграбале.. нека грабаат, али се живееше, сега.. све е со кредити, се позајмува народ од кај стигне, нема за живеачка. Тоа крадење е ништо за ова нашево, сега се краде без усул, кај што се стигне, како што рече Були, спиеме со пиштол под перница, живееме ден за ден..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom