Добивате 10 милиони евра, како ќе ги потрошите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Купувам комбе/мини автобус собирам друштво и идам низ цела Европа.Кога ќе ја завршам Европа се префрлам на друг континент и се така натаму додека снемам пари.:D
 
Прво би прошетал низ Европа на места кои не сум бил, а и на местата кај што сум бил и ми се допаднало. Потоа би отишол на Блискиот Исток, едноставно зацртано ми е дека тие земји ми се следна дестинација за посетување. Потоа би следела Австралија, патем каде што имам и роднини ( а кој нема
coffee.gif
), и на крај да ми останат Африка и Америките. Значи буквално сегде би прошетал, едноставно зависник сум од патувања и секогаш кога имам можност посетувам места кои не сум ги посетил. Секако на крај ќе ја заобиколам цела Македонија, и ќе отидам на секое ебано место на кое не сум бил и кое вреди да се посети, а ги има многу во нашава напатена земја! Секако, ова не би го остварил во месец дена, него во период од неколку години.

Потоа би ги средил финансиски сите мои блиски, одма плаќам у Систина да дојдат од дома да ја земат мајка ми и да ја оперираат од кила пошо сега не сака да оди, демек сме немале пари ова она.

Ќе направам се што е во моја можност да изгледам барем еден меч на Рафаел Надал, а и некако да се сликам со него, истово важи и за Коби Брајант, ќе изгледам еден меч на Интер на Џузепе Меаца, еден меч на Лејкерс во Стејплс Центарот, нема да се возам на ниеден ролеркоустер затоа што се плашам од такви работи (
coffee.gif
) и нема да јадам у америчките срања од сендвичари!

По коли ич не сум мераклија така да би си обезбедил нешто пристојно, не сакам да се расфрлам со пари за такви работи затоа што ич не ме исполнува. Би си направил куќа на два спрата (доволно е), со еден голем двор во кој ќе биде најубавиот летниковец на светот со вградена скара внатре ( не сте свесни колку сум прегорен за летниковец и колку мразам што живеам во зграда).

Ех у пичку матер убаво е да се биде милионер, али да се вратиме во реалноста сега.
coffee.gif
 
ЌЕ СИ ГО ДРВАМ ЦЕЛ ЖИВОТ
 
Најпрвин ги шетам сите места во светот на кои сум сакал да бидам, потоа се враќам и си почнувам бизнис со камиони. Купувам 2 камиони, најмувам 2 возачи и ги правам милијарди. Од оние 10 милиони што ќе ми останат (ако останат) ќе ги донирам во хуманитарни цели, а ако не останат ќе одвојуваме од месечниот приход од заработката од камионите.
 
Градам 5 згради, секоја има 5 спрата со 3 станови по спрат. (1 зграда е горе долу 2мил) 75 станови х 200е кирија = 15 000е месечно. Не ми треба пензиско и слични трошоци, само персоналец од 10% Мераци :cool:
 
Најпрвин ги шетам сите места во светот на кои сум сакал да бидам, потоа се враќам и си почнувам бизнис со камиони. Купувам 2 камиони, најмувам 2 возачи и ги правам милијарди. Од оние 10 милиони што ќе ми останат (ако останат) ќе ги донирам во хуманитарни цели, а ако не останат ќе одвојуваме од месечниот приход од заработката од камионите.
Брат знам дека темава е за секој да си каже што би направил со 10 милиони, ама сериозно мислиш дека со 2 камиони би направил милијарди? :confused:
 
Пола ќе се раздужам, другите ќе почекаат!
 
Па ќе заврши и едно милионче работа.

Ќе купам 500... ај нека биде илјада Sony PS3/PS4, исто толку X-Box, упола Nintendo. Одам Битола. Се договарам со РЕК да ми снабдат прклучоци за сите.

19 век: Битола - градот на конзулите
21 век: Битола - градот на конзолите.

Влагаме у Гинис.

Фала.
 
Кого лажете бе дека со 10 милки ќе купувате станови у Охрид/Битола?:pos::pos:
Абе со 10 милки најубаво ке проживееш во македонија,сереме по неа пошто не се живее со 10 богородици :D
 
10 000 000 евра ?
Да добијам волку пари ќе ми го растурат животот. Едино ќе им ги дадам на моите.
 
Прво си ја средувам куќата, 3 спрата, 1 за мама, 1 за тато и 1 за мене :D

Им средувам студио на другариве со тип топ опрема да има кај да снимаат, исто така им плаќам едно спотче да направат.

Си купувам станче во строг центар на Штип, Охрид и Прилеп. Не мора да е многу големо до кај 120 квадрати :icon_lol:

Си порачувам едно Ферари Дејтона и Шелби 65 или 67 не е е битно, малку модифицирано. Си купувам еден Harley sports chopper, поважно од тоа, се учам да возам мотор :D

Правам едно барче во американски стил во центар на Прилеп, каде ќе свири строго класичен рок и нема да се служи ништо друго освен пиво.

Собирам 10 најиновативни програмери за нова софтвер компанија, со плата од 3500+ евра месечно.

Правам неколку викендици строго од камен и дрво на различни места низ Македонија ( Зрзе, Колешински, Маврово ) и влегувам во UN програмате за „ селски туризам и култура “.

Правам ресторан во центар на Охрид каде ќе ги соберам подобриве келнерчиња и кувари што црнчат во Црна Гора и Грција преку лето.

Правам студентски дом во Штип за 1000 студенти.

Сезонска карта за Арсенал. Собирам другарите правам еден Road Trip
.
.
.
.
.
.

и одам банкрот, пошо не знам да водам бизнис :icon_mrgr:
 
Прво и основно, има да се иселам од овде :D Ќе си ја купам куќата што си ја меркаме и ќе ја опремам тип топ :X3: После, ќе исплатам се` што имаме да исплатиме. И нигде више дугови и кредити :D
Ќе си купиме 2 мотори, зашто никој не сака да биде позади :D Колава сега за сега е ок. Може понатаму ќе земеме некоја друга, колку за кучињава кога треба да ги носиме со нас.
Има да им купам на кучињата едно чудо играчки. Убави кревети, не дека ќе спијат во нив ама ај :D И облека. Има да ги навикнам да ја носат :D
Ќе си купам апарат! :love: Па пошо нема да имам потреба да работам, веројатно само ќе волонтирам во шинтерници. Така да нема да ми треба нешто многу многу опрема, само апарат доста е :D
Облека за нас исто така.
После некоја година, може да си купиме RV и да идеме низ Америка на некое време. Па може и Канада. Па после Европа, јесда малку тешко со кучињава.
На мајка ми ќе и купам еден Смарт и една гарсоњера негде у центар. На брат ми мотор, иако мајка ми ќе ме убие :D Татко ми везе неам што сака. И нешто пари ќе отидат и на другата страна на семејството :D
Има и се` Apple да си купам :P
Од тоа што ќе остане, нешто ќе се инвестира, нешто во банка :D

Ај сеа назад во реалност :icon_lol:

Апдејт:
По вчерашната случка, и со оглед на тоа дека куќата се продала (:place::place::place:)... Ќе живеам негде, не е битно каде, додека да си најдам совршено место и си изградам совршена куќа, ко што викаат овде off the grid, со соларни панели и никако поврзана со ништо. Значи, наша струја, наша вода, наша септичка :D Што ги вртам после.
 
Сите пари би ги донирал за хуманитарни цели. Парите се зло, и тоа зло ќе ме уништи, не би се плеткал со толку многу пари, доволни ми се овие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom