Добитници на лотарија за САД

  • Креатор на темата Креатор на темата noname7
  • Време на започнување Време на започнување
И јас сум во исчекување на интервјуто па да ти одговорам колку што знам за мене
1. Не е потребно државјанство да се носи никаде не е спомнат тој документ за потребен за интервју , самиот пасош е доволен доказ
2.Мислам дека нема потреба од никаков документ да вадиш штом не си служел војска ( јас служев и си извадов ) не ми се верува дека даваат документ за неслужење на војска
3. Јас колку што видов а и како што пишува на инструкциите за пополнување на I-134 повеќе не треба тој документ да се заверува на нотар со самиот потпис што се става од страна на гаранторот е доволно тој да е валиден документ .
4. Твоите документи не треба да се преведени за на интервју може да се на македонски мада пожелно е да си имаш преводи во случај да ти затребаат за Америка да не прајш додатни трошоци таму
5. Доволни се само свидетелствата од средно каде се гледа дека си завршил континуирано дез да повторуваш година
6. И да сакаш да најдиш работа од овде нема да можеш сепак сите работодавачи ти бараат да имаш SSN плус никој не вработува без да ти направи интервју во живо
7. И јас не сум сигурен колку време би требало за лекарскиве јас планирам едно недела дена порано да ги направам да не излезат некои додатни прегледи па да немам време дека ние сме четворица со 2 мали деца
8. Мислам дека само во кеш се плаќаат и то носи си долари најдобро дека ако плаќаш во денари ти ги рачунале со слаб курс
Се надевам дека ќе ти биде од помош ова што го пишав и пак ќе речам значи јас сеуште го неам поминато интервјуто и ова е само мое мислење и начин на кој јас се спремам за истото

Фала за помошта. Се распрашав за прегледите, потребно е да се направат во Ремедика и истите чинат 3000 денари за возрасни и 1400 денари за деца. Прегледите треба да се направат најмалку 10 дена пред интервјуто во амбасада, термин најчесто закажуваат околу 13 часот од понеделник до петок и истиот трае околу 1 час. Има измена од оваа година и потребно е да се прими вакцина за сезонски грип.Вакцината се прима пред прегледите во Ремедика во амбуланта пролет и се зема потврда за примена вакцина. Битна работа е да се извади и потврда за примени вакцини (кај матичен лекар) бидејќи треба да се приложи во Ремедика. Останатите информации ги има на сајтот на Ремедика:http://www.remedika.com.mk/index-vnatresno-sistematski-aplikanti.html
 
Здраво на сите, се зачленив само за да пишам тука. И јас сум извлечена, а очекувам мојот број да биде актуелен за интервју во Февруари. Сакам да прашам дали известувањето за интервју ви стигна на емаил и колку дена претходно? Ви посакувам среќа на сите извлечени.
 
На меил стига известување дека треба да ја отвориш апликацијата поради понатамошно процесирање. При отварањето на апликацијата има известување со датум и време за интервју во амбасада, а меилот на мене ми стигна 2 месеци пред интервјуто.
 
И да те извлечат на лотаријата,ако немаш "спонзор",мали се шансите да се помини интервјуто во амбасада,а?:masa:
 
И да те извлечат на лотаријата,ако немаш "спонзор",мали се шансите да се помини интервјуто во амбасада,а?:masa:
Секој различно искуство имат, на некој ги враќаат да најдат спонзор ,а некои поминуваат и без него до виза значи како ќе му текне на конзулот во моментот. Во секој случај најдобро е да се има спонзор за секој случај.
 
Здраво на сите, се зачленив само за да пишам тука. И јас сум извлечена, а очекувам мојот број да биде актуелен за интервју во Февруари. Сакам да прашам дали известувањето за интервју ви стигна на емаил и колку дена претходно? Ви посакувам среќа на сите извлечени.
А тебе кога ти стигна маилот што ти пиши поточно?
 
А тебе кога ти стигна маилот што ти пиши поточно?
Досега го пополнив I-260 добив конфирмација, а според бројот кој го имам треба да бидам во Фебруари. Значи треба да го отвориш Visa Bulettin и во него пиши за секој континент до кој број се дојдени, моментално за Европа се до 16450 во Јануари значи ако имаш број помал од таа цифра ќе ти стигне емаил за интервју во Јануари. Така барем разбирам јас.А маил се уште немам добиено.[DOUBLEPOST=1449404674][/DOUBLEPOST]
Интервјуто ми беше закажано на 19 ноември во 8 am (на сите закажуват во толку). Од документи ми ги бараа постојаните и, плус ме прашаа за свидетелства (не знам зошто) - одговорив дека не ги носам; дека ми се на факултетот. Подоцна ме пратија на шалтер 7 кај конзулатот, кој беше насмеан од уво до уво :). Ме праша како сум поврзан со спонзорот на што му одговорив дека сме фамилијарни пријатели. Потем ме праша: што работи спонзорот, што ќе работам јас во Америка. Кога му одговарав ми рече You're english is very good, со тоа сакаше да ја намали тензијата и на крајот ме праша:"How long you will stay in America" и јас му одговорив:"I hope forever" тој почна да се смее нападно и ми одговори:"That's a good answer" и, додаде; congratulation, you're welcome to USA и ми даде едно сино ливче со американското знаме и рече во вторник да си ги земам пасошот и визата.
Дали ќе можеш те молам точно да напишеш кои документи ги носеше со себе во амбасада, и колку дена претходно го закажа лекарскиот преглед?
 
Досега го пополнив I-260 добив конфирмација, а според бројот кој го имам треба да бидам во Фебруари. Значи треба да го отвориш Visa Bulettin и во него пиши за секој континент до кој број се дојдени, моментално за Европа се до 16450 во Јануари значи ако имаш број помал од таа цифра ќе ти стигне емаил за интервју во Јануари. Така барем разбирам јас.А маил се уште немам добиено.[DOUBLEPOST=1449404674][/DOUBLEPOST]
Дали ќе можеш те молам точно да напишеш кои документи ги носеше со себе во амбасада, и колку дена претходно го закажа лекарскиот преглед?
za makedonija.jpg Во Ремедика ќе звонеш после 14 часот од понеделник до петок на овај број 072-443-140 се' ќе ти објаснат само ќе кажеш кога ти е закажано интервјуто и они ќе ти одредат датум за преглед, обично 10 дена пред интервјуто
 
Последно уредено:
Здраво. Би сакал да ги слушнам вашите коментари за како најдовте работа кога првпат дојдовте во САД; за оние кои отишле претходните години и овие кои ќе одат оваа година. Дали баравте работа преку огласи, интернет и кои се тие страни, конкретно прашувам за Chicago.
 
Како финишира процесот, штама настана на темава :) Се надевам дека не се кријат адути, па би прашал како го решивте проблемот со вакцините, оние што недостасуваат во картонот? Поздрав!
 
па како што можеш да видиш па и не е баш штама, групата е направена пред скоро 4-5 години а има само 34 страници за прелистување, така да се одговара кога ќе се праша нешто, а и нема доволно членови за константно да се прави муабет. Инаку во врска со вакцините, ако ги немаш потребните вакцини кога ќе појдеш во Ремедика, тие ќе ти кажат .. можеби таму ќе ги примиш, можеби ќе те упатат на друго место, али во глобала претежно само за сезонски грип наоѓаат проблем дека не е примена барем како што досега имам инфо добиено, пошто другите се скоро сите стандардни вакцини каде што се примаат и во другите земји. Е сега да се фокусирам за сезонскиов грип(за странство) значи таа вакцина во Ремедика не ја ставаат, туку те упатуваат во друга клиника за да ја примиш, само проблемот е што ќе фрлиш некој денар фазла непотребно, затоа најдобро е пред да се оди во Ремедика да се прими таа вакцина како што напоменав за странство, затоа што има сезонски вакцини што се примаат 3 пати, али оваа за странство што е се прима еднаш и ќе треба да ти ја пишат во картончето со вакцините.
 
Јас имам пријател што беше на интервјуто ноемвриот, и му ја одобрија зелената карта без никаков проблем. Основни прашања, докумнтацијата е најбитна, процедура иста како и секаде.. тоа е тоа. Досега од балкански форум се знае дека само еден е одбиен, и тоа човек од србија или БИХ не ме фаќајте за збор, а сето тоа поради средното училиште. Немал некои основни предмети кои ги барале, а и средното кое што го завршил било 3годишно, а јасно стои дека средното образование треба да ти биде 4годишно.
 
преку лотаријава ова добил зелена карта ?
 
4 годишно му било школото, меѓутоа немал предмети од природните науки, биологија, хемија, физика и слично. И не е конечно одбиен, туку му рекле дека да го дозаврши факултетот, односно уште тие 3 предмети што му останале за да дипломира, и ќе му ја одобрат визата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom