Добитници на лотарија за САД

  • Креатор на темата Креатор на темата noname7
  • Време на започнување Време на започнување
Ај те молам кажи според твоето искуство по колку пари бараат да имаш на сметка за поединец и дали навистина е толку неопходно да имаш факултетска диплома за полесно да добиеш?
Услов за добивање на лотаријава ти е завршено средно образование без да повторуваш година, значи континуирано 12 годишно образование и дипломата не ти зголемува шанси за добивање на визите, ако имаш завршено 4 години средно во нормален рок и ги имаш сите попратни документи сигурно ја добиваш визата. Е сега во амбасадава во Скопје бараат да имаш и гарант од Америка или да прикажиш сметка на банка дека нема да си на терет на државата таму и нема да си социјален случај. Не ги знам точните цифри ама мислам дека за банкарска сметка треба да прикажеш по 5000$ од човек, а за гарант треба да остварува од 25000$ годишна плата и нагоре од зависност на големината на семејството за кое гарантира. Јас им доставив гарант за на интервјуто дека нашиот вработен таму ми побара, а конзулот ниту ме праша ниту го виде тој документ макар јас би препорачал да се има за секој случај.

Sent from my Lenovo K50-t5 using Tapatalk
 
Ај те молам кажи според твоето искуство по колку пари бараат да имаш на сметка за поединец и дали навистина е толку неопходно да имаш факултетска диплома за полесно да добиеш?
Значи ако нешто освен континуираното средно е задолжително, денот кога бев јас а и според останатите искуства, е гарантното писмо или I-134 формуларот што некако има предност над банкарската потврда. Значи, ако го имаш првиот документ воопшто не мора да се грижиш. За само со банкарска можам да зборувам паушално, како што е веќе кажано на форумов барем 5000 $, ама за тоа најдобро консултирај се некого кој поминал само со тој документ. Степенот на образование не игра улога околу исходот воопшто, иако имам впечаток дека малку поглатко тече интервјуто ако оставиш убав впечаток.
 
пополнувајќи го последниот дел од делот за green card сум направил грешка измеѓу презимето и името сум ставил запирка па празно место па потоа името дали тоа би требало да представува некаков проблем ?
USA.png
 
Прегледај го приврзокот 138009
Nemash napraveno gresha, taka e kaj site :)
 
Здраво на сите. Јас сум нова на форумов, па не знам дали има некој напишано колку ќе чини се вкупно за еден после извлекувањето. Мислам на цената до интервјуто, со интервјуто и после тоа и со се картите отприлика. Некако таа математика не ми е многу јасна. И уште нешто ако знае некој да ми каже, дали е подобро со стаж или образование да се презентираш, оти јас и маж ми ги исполнуваме и двата услова. Со среќа на сите :love::angel:
 
Прегледај го приврзокот 134204 Во Ремедика ќе звонеш после 14 часот од понеделник до петок на овај број 072-443-140 се' ќе ти објаснат само ќе кажеш кога ти е закажано интервјуто и они ќе ти одредат датум за преглед, обично 10 дена пред интервјуто

А што од документите треба да биде преведено?
 
Хана треба да платиш 300 долари кога ќе отидеш на интервју за да ти ја дадат визата. Освен тоа, ти требаат пари за лекарскиот преглед незнам колку чини ама некаде прочитав дека е околку 4000 денари ама можно е да е повеќе,покрај тоа документи како крштениче, потврда дека си во брак, или не си, дали си осудуван итн.Тие трошоци не би требало да бидат повеќе од некоја илјадарка.[DOUBLEPOST=1454581690][/DOUBLEPOST]
Прегледај го приврзокот 134204 Во Ремедика ќе звонеш после 14 часот од понеделник до петок на овај број 072-443-140 се' ќе ти објаснат само ќе кажеш кога ти е закажано интервјуто и они ќе ти одредат датум за преглед, обично 10 дена пред интервјуто
Теофил ти благодарам премногу. Дали си веќе во УСА? Ти посакувам многу среќа.
 
Хана треба да платиш 300 долари кога ќе отидеш на интервју за да ти ја дадат визата. Освен тоа, ти требаат пари за лекарскиот преглед незнам колку чини ама некаде прочитав дека е околку 4000 денари ама можно е да е повеќе,покрај тоа документи како крштениче, потврда дека си во брак, или не си, дали си осудуван итн.Тие трошоци не би требало да бидат повеќе од некоја илјадарка.[DOUBLEPOST=1454581690][/DOUBLEPOST]
Теофил ти благодарам премногу. Дали си веќе во УСА? Ти посакувам многу среќа.

Лекарското е од 3000 денари па нагоре во зависност од тоа кој вакцини ги имате применно а кој ке треба да се допримат за УСА стандардите, јас прашав во Ремедика и така ми кажаа тогаш. а со преводите и потвврдите не верувам дека повеке од 5000-6000 денари ке се потрошат.
Поздрав
 
Дечки ајде усте една кратка дилема. За оние сто се од Скопје треба да извадат поврди од МВР и од СУД? арно ама наводно МВР не издавало повеке потврди туку тоа се прави во суд при што се вадат две потврди едната за Кривична евиденција а другата за Казнена евиденција!
Прашањето е---- Дали некој помина на интервјуто од Скопје со тие две потврди и немасе проблеми бидејки нема потврда издадена од МВР со пецат од мвр туку од суд како кривична евиденција???
Фала ви на сите за одговорите!!!
 
Да од суд се вадат двете потврди и не бараат посебна што е од МВР се плаќа по 320 ден од потврда и зависи каде живееш ќе ја добиеш од 1-7 дена
 
Кога ја пополнувавте DS-230 апликацијата, има еден дел во кој се бара да наведам адреса во УСА каде би живеел и на која адреса би ми ја пратиле green card. Дали би било проблем ако не запишам ништо. ПОмош некој ако знае и пополнувал.
 
Нема да ти ја прифатат апликацијата бидејќи тоа поле е задолжително да се пополни, а и секако мораш да ја пополниш бидејки ако здравје се биде ок нели таму треба да ти стигнат сите документи и социјален бр. и работна дозвола, и зелената карта. Некој кажуваат дека можеш да заведес која било адреса а кога ке влезеш во УСА на онлајн страница мислам на SEVIS дека беше(ама не сум сигурен) наводно можеш да ја промениш и да си ја заведеш новата адреса на која ке престојуваш, а исто така пак на балканскиот форум кажуваат дека тоа не е препорачливо да се прави бидејќи мозело после и 2-3 месеци да ги чекаш документите.
Се надевам дека нешто од нешто ти помогнав

Значи морам нешто да посочам, проблемот кај мене е што немам никој таму за да посочам нешто, а и да резервирам хотели, а сеуште немам ништо официјално ми звучи нереално и глупо, а и фактот дека сеуште немам ни како идеја вжкаде би бил, кога би бил, затоа што имам неколку опции во игра и сеуште незнам ни која ќе испадне.
Фала како и да е.
 
Kako toa nerealno i glupo....Kako mislis ti da funcioniras bez tie dokumenti...?Mora da bidat po posta i moras da potpises da gi zemes! Pobaraj nekoi nasli luge vo drzavata kaj ke odis zamoli gi za usluga.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom