И јас сум во исчекување на интервјуто па да ти одговорам колку што знам за мене
1. Не е потребно државјанство да се носи никаде не е спомнат тој документ за потребен за интервју , самиот пасош е доволен доказ
2.Мислам дека нема потреба од никаков документ да вадиш штом не си служел војска ( јас служев и си извадов ) не ми се верува дека даваат документ за неслужење на војска
3. Јас колку што видов а и како што пишува на инструкциите за пополнување на I-134 повеќе не треба тој документ да се заверува на нотар со самиот потпис што се става од страна на гаранторот е доволно тој да е валиден документ .
4. Твоите документи не треба да се преведени за на интервју може да се на македонски мада пожелно е да си имаш преводи во случај да ти затребаат за Америка да не прајш додатни трошоци таму
5. Доволни се само свидетелствата од средно каде се гледа дека си завршил континуирано дез да повторуваш година
6. И да сакаш да најдиш работа од овде нема да можеш сепак сите работодавачи ти бараат да имаш SSN плус никој не вработува без да ти направи интервју во живо
7. И јас не сум сигурен колку време би требало за лекарскиве јас планирам едно недела дена порано да ги направам да не излезат некои додатни прегледи па да немам време дека ние сме четворица со 2 мали деца
8. Мислам дека само во кеш се плаќаат и то носи си долари најдобро дека ако плаќаш во денари ти ги рачунале со слаб курс
Се надевам дека ќе ти биде од помош ова што го пишав и пак ќе речам значи јас сеуште го неам поминато интервјуто и ова е само мое мислење и начин на кој јас се спремам за истото
Фала за помошта. Се распрашав за прегледите, потребно е да се направат во Ремедика и истите чинат 3000 денари за возрасни и 1400 денари за деца. Прегледите треба да се направат најмалку 10 дена пред интервјуто во амбасада, термин најчесто закажуваат околу 13 часот од понеделник до петок и истиот трае околу 1 час. Има измена од оваа година и потребно е да се прими вакцина за сезонски грип.Вакцината се прима пред прегледите во Ремедика во амбуланта пролет и се зема потврда за примена вакцина. Битна работа е да се извади и потврда за примени вакцини (кај матичен лекар) бидејќи треба да се приложи во Ремедика. Останатите информации ги има на сајтот на Ремедика:http://www.remedika.com.mk/index-vnatresno-sistematski-aplikanti.html